Нешто од срце

  • Креатор на темата Креатор на темата CrookedYoung93
  • Време на започнување Време на започнување
А наместо да мрчите подобро е да завиткате некој сендвич и (без камери) да поделите. Знаев од старт кога почнав да ја читам темата дека така ќе го најдам крајот.
Убав потег на девојките, подобро такви видеа да гледаме отколку каде се шејкуваат и се мерат кој од кој е поглуп.
 
Ај вака.

Што е подобро,

1. Некој да подели храна и да направи добро дело, но притоа да сними клип од тоа и да се "пофали"

2. Да не снима клип, а да не даде ништо?

3. Да не сними клип, а да го направи истото дело?

Број 1 е најдобра варијанта, затоа што ако си добар човек ќе те натера и ти да го праиш тоа, а ако си циник и мрчатор ќе викаш - види ги овие, си се испофалија....не го сфаќај ова лично - мислам општо - подобро е да се извлече позитивната страна на работите ако ја има - верувам дека им го напраиле подобар денот на луѓево...
 
Дали е ради популарност или не целово снимање, не ме занима битно и другата страна добива!
Браво момци!
 
Број 1 е најдобра варијанта, затоа што ако си добар човек ќе те натера и ти да го праиш тоа, а ако си циник и мрчатор ќе викаш - види ги овие, си се испофалија....не го сфаќај ова лично - мислам општо - подобро е да се извлече позитивната страна на работите ако ја има - верувам дека им го напраиле подобар денот на луѓево...

Потполно си грешка.ако човек сака да му помага не му треба видео за инспирација. значи ти ако помагаш и со невидено видео ќе помогниш и ќе направиш добро дело.
Колку видеа има за штета од пушење,колку видеа има за безбедност у сообраќај?дали луѓето ги сфаќаат сериозно тие видеа.дали луѓето престанаа да возат 200 на саат или дали престанаа да пушат цигари? исти случај е и со ова видео,нема никого да натера да помогне доколку самата личност не сака да помага.само што со ова они се испофалија дека помогнале.на јутуб има милион видеа за некаква си инспирација кои само ги гледаме а не ги практикуваме.
 
Ок, фала што ми отвори очи...гнаси се луѓево што поделија некој сендвич, игнорирајте ги!
 
Ок, фала што ми отвори очи...гнаси се луѓево што поделија некој сендвич, игнорирајте ги!

Ако прочиташ коментарите на темава ќе видиш дека кажав убаво е што поделија сендвичи,али глупо е што се снимаа самите.
 
Ако прочиташ коментарите на темава ќе видиш дека кажав убаво е што поделија сендвичи,али глупо е што се снимаа самите.

Ако го читаш форумов и животов ќе видиш дека мозокот ни е програмиран за кењање и не праење ништо. Не сум ни за да ги ставам на пиедестал, ниту да се хејта....направете си нешто покорисно и не кажувајте на никого, не мора само да се плука...
Ако идеме во духот на денешно време, отвори фејсбук или инстаграм, напраени се за ставање слики од некакви си „специјалитети“ (за кои искрено к ме заболе дека си ги напраиле или ги јадат во ресторан)....затоа го поздравувам ова и не ми се влегува во некакво натамошно натегање...
 
Имаше еден случај каде беа потребни парични средства за оперативен зафат, девојчето во знак на благодарност, на фб ги објавуваше основните информации на донаторите и сумата што ја уплатиле (доста големи суми беа во прашање).

Многу од нив се јавија во коментар, беа непријатно изненадени, еден од коментарите гласеше ,, Јас донирав за да ти помогнам, не ми е потребно ,,ракоплескање,, за моето добро дело, те молам избриши ја објавата. Срдечен поздрав,,

Човекот има мака, новинарот у фацата му ја забодил камерата, зошто? Зошто покрај сиот страв, поттикнуваш и срам? Твоето добро дело не е вредно ако не дознаат сите? Видеа од тој тип се чисто шоу на туѓа несреќа. А ако тоа е цената која треба човек да ја плати кога е во тесно (во овој суров свет) ондак многу е солена. А на таквите ,,добрици,, да им мочам у уста! Тие се најлоши!
 
Потполно си грешка.ако човек сака да му помага не му треба видео за инспирација. значи ти ако помагаш и со невидено видео ќе помогниш и ќе направиш добро дело.
Колку видеа има за штета од пушење,колку видеа има за безбедност у сообраќај?дали луѓето ги сфаќаат сериозно тие видеа.дали луѓето престанаа да возат 200 на саат или дали престанаа да пушат цигари? исти случај е и со ова видео,нема никого да натера да помогне доколку самата личност не сака да помага.само што со ова они се испофалија дека помогнале.на јутуб има милион видеа за некаква си инспирација кои само ги гледаме а не ги практикуваме.
Мислам дека не е така
го гледав видеото пред некое време
Очигледно целта не им е да се пофалат што сториле, туку да покажат колку малку треба за да се стори нешто добро.

Јас кога помагам на близок или на далечен не кажувам никому, ама често се чувствувам осамено во тоа, во смисла која будала сум немам видено никој да го прави ова што го направив пред малку, да дознае некој ќе ме смета за ненормална. И на крај тоа што сум го сторила не го сменило светот, ја подобрило моменталната состојба, утре или по недела или по месец бедната состојба се враќа. Јас како ништо да не сум сменила. И сега видов дека некој е во состојба да стори такви нешта, дека има и поголеми „будали“ од мене, дека луѓето ги ценат, дека ако повеќе луѓе прават добро без причина барем еднаш во многу долго време, нешто ќе се смени. Ако има повеќе вакви луѓе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom