Само треба да си ги знаете границите и ти и он. Вчера дојде во клубот и веднаш сакаше да е стартер и да игра каде што сака, епа тоа не може во Челзи, ќе може во боранија клуб како Атлетико, не се сомневам дека Чоло ќе го искали и ќе го доведеде во ред. Слабо го гледав Јувентус прошлата сезона, ама како што видов имаше солидна полусезона и тоа што го изигра, го изигра коректно. Ако има некој од фан клуб на Јувентус да чита нека каже слободно свое мислење, како што видов по инстаграм таму ваму доста од нив и сакаа да остане. Ако го играте каде што сака ќе си немате проблем ќе си добиете екстра играч за џабе.
Штета што не беше со тимот на светското, па да си лапнеше медала и за светски шампион. Тогаш ќе можевме и за 60 милиони да го продадеме лагано.
Мене уште понејасни ми се овие јадниве што завршија 15-то место. Многу пари се 80 милиони за светски шампион како Џексон, а не се многу пари 120 милиони за играчи како Хојлунд и Зиркзе, попрво нив би ги чувале отколку да го купат светскиот шампион Џексон.