Меморија

  • Креатор на темата Креатор на темата Scirea
  • Време на започнување Време на започнување

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.843
Поени од реакции
89.551
Судејќи по ова заклучив дека нема тема за една од најпознатите музички групи во Македонија, Меморија.

Бендот е основан во 1984 година, од страна на басистот Петар Георгиевски - Камиказа. Пред да станат познати, настапувале по Скопските локали, а Македонската јавност ги запознала со нивниот прв хит наречен "Нена". Врвот го доживуваат при крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години со нивниот прв студиски албум, наречен "Оган Под Ѕвездите", кој беше објавен од Музичната и касетна продукција на Радио Телевизија Скопје. Потоа следуваше уште еден прилично успешен албум наречен "Октомвриски Дождови" каде што најголем хит им беше преработката на песната од Дадо Топиќ, "Македонија" каде што потоа ја пеат во живо на плоштадот на денот на независноста на Република Македонија. После овој албум, пеачот Апостол Поце Икомонов го напушта бендот, а на негово место доаѓа Ристо Самарџиев. Бендот има уште два студиски албуми, но не ја надминаа популарноста на последните два... Крајот на групата се надзираше веќе во 1995/1996 година, каде што сите членови решаваат самостојно да продолжат по своите патеки...

Состав на бендот:

Вокал: Апостол Поце Икомонов, Ристо Самарџиев
Бас Гитара : Петар Георгиевски - Камиказа
Тапани : Антонио Димитриевски
Клавијатури: Дејан Кузмановски, Валентино Скендеровски
Гитари: Ицо Јовковски, Бане Поповиќ

Дел од хитовите на Меморија

Македонија

Оган Под Ѕвездите

Нена

Зошто Боже

И потоа со Ристо, како вокал

Дирлада

Нашите Слики

Последен пат можевме да ги видеме во целосен состав пред две години (2012), кај Миленко, ја барав цела емисија по интернет, но неможев да ја најдам :/


 
Песниве ме потсеќаат на времето детиште коа бев.....Нена човече...

Јас онаа варијанта со Поце поише ја поштуем. Ристо никад не ми бил лик за у јавност, да сум као него од подрум не би излегол.

А Перо ми е супер лик, градски....секој викенд е на Водно, трча, спортува...се збори надимакот дека му е од таму што со басот сакал да скокне и публиката на раце да го носи и скокнал, ама му се тргнале :D, не знам само дали е точна приказнава ама е многу јака :D
 
Многу добра Македонска група, штета што помладите генерации не ги знаат. Оган под ѕвездите, дефинитивно нивна најдобра песна според мене. :)
 
Култна група. Песни со кои пораснавме. И чичко ми е поранешен член на групава :)
 
Песниве ме потсеќаат на времето детиште коа бев.....Нена човече...

Јас онаа варијанта со Поце поише ја поштуем. Ристо никад не ми бил лик за у јавност, да сум као него од подрум не би излегол.

А Перо ми е супер лик, градски....секој викенд е на Водно, трча, спортува...се збори надимакот дека му е од таму што со басот сакал да скокне и публиката на раце да го носи и скокнал, ама му се тргнале :D, не знам само дали е точна приказнава ама е многу јака :D
Тачна е.:X3:
 
Тапани : Антонио Димитриевски
Мислам во еден период дека на тапани беше еден момак (во Морал е сега, не сум сигурен)...и тоа подолго од водителов...
 
Мислам во еден период дека на тапани беше еден момак (во Морал е сега, не сум сигурен)...и тоа подолго од водителов...

Да не мислиш на тапанаров на видеово...?

Последниот спот на Меморија како бенд (1996 година)
 
Фоткава ми е правена за друга намена ама како и да групава беше легендарна и омилена а песните слушани до ден денес :vozbud:

IMG_1505-2-2.png
 
А Перо ми е супер лик, градски....секој викенд е на Водно, трча, спортува...се збори надимакот дека му е од таму што со басот сакал да скокне и публиката на раце да го носи и скокнал, ама му се тргнале :D, не знам само дали е точна приказнава ама е многу јака :D
ОТ: Истава приказна ми ја кажувале ама со Канго во главна улога :unsure:
 
ОТ: Истава приказна ми ја кажувале ама со Канго во главна улога :unsure:

Леаааааааа......па тоа да го видам и да умрам ако треба :pos: (одма си напраив филм како лежи на некој бетон со грмушката на глава)
 

Баш пред некој ден ја начекав на радио песнава но во оваа верзија и искрено мене ми е многу подобра оваа во живо отколку таа другата...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom