Сара Мејс Костадиновска (Sarah Mace)

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Мислам дека ова девојка е нешто сосема ново и досега невидено на македонската цена.
За девојчето првпат се информирав пред некој ден кога случајно налетав на нејзиниот настап на последниот Скопје Фест. Веднаш ме импресионира талентот и свежината која со себе ја носи девојката. После прогуглав малце и најдов некој информации. Меѓу другото дека има завршено средно музичко во Скопје и музичка академија во Софија. Специјалност и е Харфата а поради добриот успех имала можност да го прошири образованието и со Џез пеење и композиција. Па така девојчето не само што пее туку и си ја компонира музиката и текстовите. Значи три во едно или all inclusive. Со оглед на тоа дека се работи за 23 годишна девојка која е на почетокот на кариерата а има огромна основа мислам дека имаме огромен потенцијал на нашата прилично еднолична сцена. Е сега работата е колку сме ние како Македонија и Македонци способни да задржиме ваков талент, времето ќе покаже, иако мое моментално мислење е дека Сара многу бргу ќе „забега„ од Македонија. За почеток добро е што таа стана есклузивец на горила продукција така да што веројатно уште некое време ќе имаме прилика да уживаме во нејзините изведби.
За почеток на темата одиме со настапот на Скопје Фест.

 
Не велам дека не е добра, туку дека мене не ми се допаѓа стилот. Што знам, можеби е предобра за мојот едноставен ум да ги перцепира звуциве како нешто позитивно. Конкретно песнава, премногу хаотично за мене. Барем за човек како мене, кој ја сфаќа музиката како инструмент за опуштање. Ова ми е „Тијана стил“ некако. Премногу агресивно и „нервозно“. Кажано на мојот лаичко-музички начин :)
 
Јас за Сара мејс дознав преку Игор Џамбазов...тој кога гостуваше во јанко јади бурек го пофали девојче и самиот изјави дека навистина е прекрасна личност која компонира,пее,пишува текстови едноставно на многу полиња ја има во музиката. Јас лично ја немам видено во живо туку само онака на јутјуб и навистина ми се допадна, иако е млада но сепак се гледа дека во неа навистина постои талент и очигледно е дека навистина се труди девојчето да успее.
 
Според мене е една од најдобрите пеачки во Македонија. Само жално што кај нас се слушаат само пеачите кои својата кариера ја започнале пред 20 и повеќе од 20 години или пак странски пеачи.
Речиси сите нејзини песни ми се онака Ок, ама песната која што ја има снимено со нејзината цимерка Ивa, поточно песната со која се натпреваруваа во шоуто Јас имам талент ми е најубава :)
 
Девојката беше пред едно 2-3 години на Јас имам талент со друга една заедно во група, и сигурен сум дека имаа песна некоја после тоа ама не ми текнува како се викаше.

Едит: Објасни сунѓерот
 
Маце каква рибетина е....:rolleyes:

Што се однесува до музичкиот дел, ако продужи во некаков си македонски мејнстрим нема иднина - пошо нема ни мејнстрим....
Бојата на гласот, опсегот би бил пресреќен да го искористи во некој nu-jazz тип, со повеќечлена инструментална банда и ќе има меѓународен успех. Овде може да истиња само, како и се што е природно квалитетно...
 
Бојата на гласот, опсегот би бил пресреќен да го искористи во некој nu-jazz тип, со повеќечлена инструментална банда и ќе има меѓународен успех. Овде може да истиња само, како и се што е природно квалитетно...

Во опуштено кај Тони Михајловски (видеото подоле) спомна дека уметничкото име и е „латинично„ зошто сака да се обиде на меѓународна сцена. Мое мислење е дека со оглед на образованието кое го има зад себе, со оглед и на талентот македонската сцена е премала, така да сигурно е дека ќе излезе вон границите на Македонија но и на Балканот. Би било убаво да ја држи некоја наша продукција и за неа да се грижи некој наш менаџер. За да не ни се случи нешто слично како со Тања Царевска или Тијана Тодоровска Дапчевиќ. Мислам дека во меѓувреме во Македонија има способни луѓе и навреме ќе го препознаат талентот.


 
И што ќе и менаџира во Скопје - настап во „Попушено“ со Шанац и Дејо?

Штета е на ваква појава да и е врв настап на Скопски или слично....истото го мислам и за Тамара, а Тијана - тој и е капацитетот, нека си го вежба ћ-то у Београд - не е баш за споредба со девојчево...
 
И се изнасмеавте на девојкава со текстот Врне, врне, врне иако половина песни од странскиве се со таков текст. Нејсе, не е мој стил но не е турбофолк-поп музика што пее па има симпатии од мене одма.
 
Читав и јас коментари текстот бил ваков онаков не ти знам што. Па добро бе до кога со балади и текстови што терат на самоубиство. Не ми е јасно како некој луѓе не можат да разберат дека постојат правци во музиката во кои текстот воопшто не игра никаква улога. Текстот на врне врне е едноставен и лесен текст кој влегува во уво, а песната е певлива и весела. Според мене вакво нешто би било супер интересно за Евровизија.
 
Читав и јас коментари текстот бил ваков онаков не ти знам што. Па добро бе до кога со балади и текстови што терат на самоубиство. Не ми е јасно како некој луѓе не можат да разберат дека постојат правци во музиката во кои текстот воопшто не игра никаква улога. Текстот на врне врне е едноставен и лесен текст кој влегува во уво, а песната е певлива и весела. Според мене вакво нешто би било супер интересно за Евровизија.

Затоа што кај нас во Македонија такви текстови кои имаат многу малку стихови,кои се премногу лесно ептен тешко ги прифаќаат таквите песни... додека песните од пуче ми глава итн. таквите се прифаќаат како чоколадо. Затоа пејачките кои се обидуваат да донесат нешто поинакво или пак да испејат нешто сосема поинакво и не толку познато во Македонија се осудени на пропаст и ги слушаат многу малку луѓе, додека истите тие да пејат надвор од Македонија, не на балканов далеку подобро ќе бидат прифатени отколку тука.
 
Сара ми е баш кул типка ( мој тип на жена ) . Иначе освен Врне , врне немам слушнато друга нејзина песна , но конкретната песна и е одлична и плус тоа таа е комплетен автор на песната што е за поздравување . Добро е што се појави на сцената и треба да продолжи во овој џез стил, за да разбие монотонија од патетичниот поп кој го пеат повеќето женски вокали кај нас . Ако сака да успее на музички план најарно ќе и биди да ја гради кариерата надвор од Балканов .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom