Реформа за објективна и воедначена работа на судиите

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 март 2009
Мислења
21.444
Поени од реакции
17.617
Локација
Skopje
Не сум правник, ама ова е интересна тема. Патем, една свежа случката во соседството, нова членка на ЕУ, по матните работи со донесување закони за застарувања, да се заштитат удбашките остатоци од сфрј, во Хрватска се донесени 2 спротивни одлуки за истата работа, Перковиќ ке биде екстрадиран на Германија а неговиот налогодавач Мустач не.
Да се вратам на темата кај нас, многу деликатна работа ќе биде, а најпрвин ако би се остварило ова во пракса треба да се десеткуваат адвокатите бидејќи тие опстојуваат во својот бизнис со тоа што ги намалуваат казните на своите кривични клиенти, без никаков скрупул или морал. Значи ако се спроведе рамномерност во судските одлуки тогаш улогата на адвокатот ќе остане воглавном само да го отфрли обвинението.
Друга рашамонијада е што исти се законите за цела држава, но обичајното право е различно кај раѕлични малцинства и религии, па и ова ќе биде проблем. Само да наведам дека во делови на РМ се уште младоженецот мора да плати за невестата, ако избегаат играат ножови и пиштоли а казнената политика не верувам дека е ригорозна за да не дојде до бунт на малцинска или верска основа, исто и кај проблематиката кај диви бракови со малолетно лице.
... Има сигурно уште овакви работи, а треба во јавноста да им се објасни на незадоволните граѓани и друга работа. Неправдите се најголеми во тоа што привилегираните воопшто не се поведува постапка, проблемот е во влијанието на моќниците врз полицијата и обвинителството, посебно кај тешките сообраќајни прекршоциу ( за лесните не треба ни да се дискутира).
Ако се направи статистика, во овие 70 години држава (рачунам од 1945) не верувам дека воопшто е поведена кривична за тешка сообраќајка ( н.пр. газење пешак) против ниедно лице со имунитет
( судија, политичар ...итн). Точно е дека лице со имунитет не може да се приведува додека не му се симне имунитетот, но кривична постапка може и треба да се води. Тука треба да ја погледнеме и најновата ситуација со предсдателот на советот на општина центар. Влчаста го притвори а опозицијата застана зад него со намера да продолжи со блокади на власта. Сите дискутираат треба или не Притвор, никој не прашува може ли да се задржи функција , немаа ли оптужениот да ја злоупотреби, слично како Берлускони, кого 3-4 години неможе да го осудат...
 
сакам да кажам дека работата не е така едноставна дури и да има вистинска намера од власта ... а пак и ова ситуација не е во ред, за некој важи "окачи мачку о реп" (кривичната пријава) а некој ќе настрада... не ги разгледувам тука ситуациите ни крив ни должен, туку различни казни за исти дела..
Инаку, на времето пред 40-50-на години , барем јас како лаик примав такви информации, дека во големите западни држави, н.пр. УСА има "Рамен Закон ", т.е. провалник во банка и провалник во стан добиваат речиси иста казна, наводно тоа било да се дестимулираат потенцијалните провалници да ги малтретираат граѓаните а и полицијата да има повеќе време и ресурси за големите грабежи... но по се изгледа, на глобално ниво, настана еден вид амнестија за помалите грабежи, особено за наркоманите, можеби и поради пребукираност на КПЗ домовите ??.. ( Но и ова е познато од векови порано, џебџиите и ситните крадци кој биле дури и бесени во викторианска Англија, за потребите на колонизација на Австралија се помилуваат и се праќаат таму како колонизатори...)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom