N
NikolaMKD91
Гостин
Бог е општо за сите луѓе Небесен Отец. Оттаму и доаѓа сечовечкото братство и сестринство, па, затоа и ние, христијаните, се нарекуваме браќа и сестри во Христа, бидејќи имаме заеднички Отец на Небото. Но, за да бидеме вистински браќа и сестри треба да исполниме и некои заповеди што од нас ги бара светата Црква, а светиот апостол Павле тоа најдобро го искажал во своето послание до Колосјаните, кога вели: „А сега и вие отфрлете се од себе; гневот, лутината, злобата, хулењето, срамните зборови од својата уста! Не лажете се еден со друг, откако веќе го соблековте стариот човек со неговите дела, и се облековте во новиот, кој се облекува во познанието, според образот на својот Создател. Каде што нема ни Елини, ни Јудејци, ни обрезание, ни необрезание, ни варварин, ни скит, ни роб, ни слободен, а сè и во сè е Христос“ (1Кол. 3,8-11).
Бог е совршен. Затоа синовите Божји го слушаат неговиот глас и се стремат кон совршенство и созерцаваат во Него, според мерката на човечките облагородени можности. Бог е возвишен. Он е на Небесата и бескрајно е издигнат во духовниот свет. Небесата на луѓето се исто така бескрајни. Нема едно небо во човечките души. Не едно небо осенува со својата убавина и височина. Секое духовно издигнување ги зацврстува духовните крилја за повисок полет кон нови, поведри небеса.
Верата навистина прави чуда. Таа го препородува човекот, ако ја прима со искрено и Богопредадено срце. Таквата вера го облагородува духот и го умножува делото на луѓето, за да постане свето и богоугодно. Знаеме дека без вера не можеме да му угодиме на Бога (Евр. 11,6). Верата треба да роди дела. Таа треба да биде објавена на луѓето, да се овоплоти и да ја искаже својата дејствителна природа преку делата. Вистинската и искрена вера не може, а да не роди Богоугодно дело. Тоа е нејзиниот живот и нејзината сила. Без таа сила верата отпаѓа, исчезнува и се губи.
Сите луѓе доаѓаат на овој свет како чеда Божји, бидејќи имаат примено лик и подобие Божјо. Но, и покрај тоа што Божјото посиновување лежи во создателниот Божји акт, и покрај тоа што луѓето се произлезени како деца Божји од Неговите раце, луѓето можат да се одрекуваат од тоа свое Божјо повикување и да го изгубат Божјото посиновување. Вистинското Божјо посиновување се добива преку верата во Исуса Христа и кој сака да го сочува тоа посиновување треба да престојува во делотворна вера, воден од Духот Божји, како што вели св. ап. Павле: „Сите оние, што се утврдуваат по Духот Божји, се синови Божји“ (Рим. 8,14).