- Член од
- 16 декември 2013
- Мислења
- 1.856
- Поени од реакции
- 1.203
Беше тоа во едно време кога меѓу љубовта и омразата, соживотот и омразата, тендерите и влaста, границата беше многу тенка. Така во еден убав сончев ден владетелот на малото царство, Груевит реши да доведе еден дамнешен цар и со тоа да израдува жителите на царството.Се беше тајно и носењето, и поставувањето а и тендерот. Го доведоа Царот, го облекоја, го дотераа и го ставија на еден мост. Ова всушност и не беше обичен мост, на овој мост имаше и многу други царови поети војсководци познати а некои беа и доста непознати. Дури и име му дадоа на мостот го нарекоја мост на цивилизациите, бидејќи ја отсликуваше цивилизиранста на жителите на малото царство а особено на еден дел од нив. И така го поставија новиот цар-царДуле, тајно беше поставувањето не за друго,а да не го урочат оти тој беше многу личен.Идеално се вклопи Дуле во новото друштво, го разубави мостот, сите му се восхитува. Поминуваа граѓаните и секогаш кога ќе го видеа му оставаа цвеќе и длабоко воздивнуваа од неговата убавина. Така цветќињата и луѓето го привлекоја и вниманието на малата принцезичка Мермира. Таа беше од угледното семејство Дуити. Дуити се славеа како борци за човекови права и соживот, но тие беа исто така лукави воини кога се работеше за честа на семејството, а и за правичната застапеност во секторите. Младата и љубопитна Мермира беше привлечена од новоста во царството, се колебаше дали да се оддалечи од границта што и ја беше определил татко и Аљит. Тоа беше камениот мост до тука можеше Мермира да си игра. Но љубопитноста беше посилна од забраната и таа реши да ја премине. Заскривајќи се да не ја забележат луѓето таа стигна на мостот, кој што таа го разбираше како што баба и Фатиме се рабираше од Италјанска мода. Сонцето ја осветлуваше нејзината фигура и широката и насмевка- која што обично кај нејзиниот народ беше така доста поизразена. Се приближи таа до новиот цар. Погледите им се пресекоја,и така замрзнаа, се роди љубов за каква што не се беше чуло. Немо се гледаа долго време. Потоа цар Дуле го прекина молчењето се исправи пред неа, клекна на едното колено, ја исправи гордо главата и рече цар Дуле сум јас а како е вашето име прекарасна дамо?Праша тој.Мммеермира плашливо одговори таа. Дуле посегна и и ја бакне раката таа се зачуди и истовремено уплаши затоа што кај народот на Мермира беше забрането да се погледне друг маж а камо ли некој да и бакне рака. Во тој момент покрај мостот минуваше татко и Аљит кога виде како неговата малечка Мермира ја бакнува маж тој се вкочани, не можеше да поверува на своите очи. Падна на колена почна да се удира по главата и виакше ’’ој куку нон’’ што во превод значеше оф мори мајко. Си исправи потоа и така тажен и скршен се прибра дома. Долго ја чекаше, нај после и Мермира со широка насмевка на лицето се прибра. Кога го виде огорченото лице на татко и Аљит веднаш се досети и насмевката веднаш и згасна. Таа беше казнета, а казната беше сурова- да се избрка тој маж од таму. Брзо ги информира сите во семејството сите беа огорчени само мајка и Теита ја разбираше, но несмееше ништо да каже оти така беше кај овој народ. Сите ја критикува ја навредуваа а таа застрамена и понижена лееше солзи, и велеше мислите дека мене ми е лесно? Не многу е тешко да љубиш. Цената е преголема, -се правдаше таа. Се исправи Аљит и силно викна- тишина, решив уште оваа вечер ќе го бркаме тој неранимајко што ни го уништи угледот на нашето пречесно семејство. Оваа задача беше доделена на братќата од Мермира- Ваљит,Изит и нивните помошници. Падна мрак и магла го покри царството а од тој ден и уште долго не се дигна таа густа магла како да највуваше дека ќе се случи нешто лошо. И се случи нај лошото братќата на Мермира таа вечер го нападнаа цар Дуле. Еден го маваше со токмак по глава, да драги мои со токмак, а друг со стап верувале или не. Ја достигната кулминацијата на човечката клтура и цивилизираност. Дотрча и Мермира ги молеше ги преколнуваше да престанат но тие упорно продолжуваа. А цар Дуле како вистински цар не се ни помрднуваше, тоа беше заради големата му љубов кон Мермира сакаше да и покаже колку е јак. И јак беше не се ни помрдна, иако многу го болеше, а и како да не боли со токмак да те маваат по глава. На крајот веќе се изморија и престанаа а таман Дуле си рече добро е преживеав, кога тој со токмакот се врати и со целата сила и злоба го удри со токмакот по палецот на ногата- лелее како болеше тоа. Сигурно и вие драги мои знаете како тоа боли по прст. Си отидоа,и никому ништо. Следните денови имаше и други луѓе кои без да знаат зошто ете така сакаа да го потепаат цар Дуле, но веќе беше доцна Груевит беше испратил стража да го чува и никој повеќе да несмее да го доближи. А Цар Дуле остана со болките, - тие беа огромни му пулсираше главата, а и палецот од болка. Брзо оди на доктор му рекоа другарите (е какви другари имаше додека го тепаа никој ни збор сигурно се плашеа да не изјадат и тие некој токмак).Но цар Дуле беше горд рече не никаде јас не одам.Стоеше така во болки неколку дена но болките беа се поголеми и поголеми и така реши сепак да отиде на доктор-надвладеа разумот. Тргна тој но незнаеше каде е болниицата го праша царот Каран(на цар Дуле навистина му беше интересно ова име) каде е болницата Кране? Немам поим -му одговори тој, а и беше зафатен со многу документација и неговиот опстанок беше го довел во прашање лошиот феудал Жернит. Прашуваше ваму таму но никој не знаеше. Се сетив си рече на ум тој ќе го прашам Аце тој овде нај високо котира би требало да знае. Ацее ооо Ацеее -силно викна тој. КАЖИ- громоглсно одговори Цар Аце, абе да не знаеш кај е болницата си велам нај -високо стоиш ти овде, па сигурно би знаел. Е да виско сум-(и задоволно се поднасмевна), но Дуле магливо е прст пред око не се гледа, види прашај некој друг-,и намигнувајќи му ги посочи двете млади дами. Тргна Дуле кон двете млади дами, и си рече е овие мора да знаат. Добро вечер млади дами! добра да ти е чиче -му одговорија кикотејки се. Ги праша Дуле за болницата дали знаат каде . Е како да незнаеме -повторно низ кикот му одговорија, и му објаснија каде е болницата. Се луташе Дуле низ мрачните улици и нај после стигна до болницата. Брзо се погрижија за него, дијагнозата фрактури, хематоми како и нервно разтројство во резултат на преживеан екстремен стрес. Се погрижија за него нај добрите лекари. Лекарот што беше задолжен за оперирање на главата овој навистина пат требаше да отвори конзерва за под 3000 евра,затоа што Дуле имаше само стари динари. Го оперираја се мина во нај добар ред. Полежа и некој ден во болницата, му направија преврзка на главата која што личеше како капчињата од народот на неговата љубена и го изпишаја. И сега каде?- се запраша.Не назад не се враќам ваков срам не, си одам дома. Тргна кон дома одеше долго долго, и кога пристигана дома не го познаа. Кој си бре ти со строг глас го праша татко му, како бе кој сум јас сум син ти Дуле- со преморен глас му одговори тој. Кој- уште посилно викна татко му, абе тој е нашиот Дуле се нададе мајка му. Каков Дуле со овакво понашање и капа, море марш од овде- сурово го избрка татко му. Е браво сега каде Дуле? Си зборуваше самиот. Бидејќи неможеше во својата земја да остане, виде невиде мораше да се врати пак во чудесната земја. Веднаш тргна назад. Само што пристигна во чудесната земја, подседна во една градина да одмори.Од меѓу зеленчуците се појави една жена.Тоа беше мајката на малечката Мермира Теита која што за хоби и беше градинарството неа всушност тоа и беше професијата.Градинарстви со тесна специалност заштита на компирите од кртовои. После нејзиниот докторат на оваа тема кај кртовите настапи масовен глад. Но како и да е тоа е друга тема. Се запознаа двајцата. Дуле и ја раскажа целата негова приказна а таа цело време внимателно го слушаше. Итра лисица беше старата Теита знаеше таа како да извлече полза од секоја ситуација. Му рече слушај ме сега што ќе направиме. Сакам и ти да се спасиш а и мојата малечка да е среќна. Ќе се вратиш на строто место- Неее не со паника викна Дуле, чекај бе чекај, ништо лошо нема да ти се случи, напротив. Треба само за секогаш да ти остане оваа преврзка на глвата и името да го смениш. Добро за преврзката, ама името? Какво име? И тоа сум го измислила ќе се викаш- Друид. Друид аман бе кај го најде. Да да Друит нај многу ќе ти одговара. И така Дуле стана Друид. Го одведе Теита во нејзиното семејство и го претстави.Таму беа собрани сите- Аљит, токмакот Изит, стапот Ваљит. Од кои што на Дуле му се стресоја парталите, ама арно не го познаа. А тука беше и принцезичката Мермира единствено таа го позна се заврти кон Мајка и, а старата лисица само одобрително и се насмевна. Ова е Друид -викна Теита, ова е нашиот нов Цар, него ќе го ставиме на местото од оној неранимјако. Сите со радост ја прифатија новата вест. И го поставија со сите свечености на мостот на дивјаците, како што меѓу време го беа преименувале. Сонце блесна од тој момент над малото царство и сите живее среќно и долго.
Сличноста со имиња и случки е сосема случајна.
Сличноста со имиња и случки е сосема случајна.