chipicaoo,
На форумов сум веќе 2+ години и еве чувствувам како фаќам корени. Сметам дека е најдоброто место каде можам да прочитам мислење на Македонци од сите возрасти. Го користам и како главен ресурс во мојата обзервација на Македонскиот менталитет и неговиот развој. Најчесто се трудам да придонесам, да споделам мудра мисла, добар совет или да помогнам некому. Секогаш кога ќе прочитам мудра мисла, искрен совет, разумна обзервација, аргументиран заклучок, се радувам што некој го користи потенцијалот на својот ум и ни ги подарува плодовите на неговиот интелект. Плодови на труд кои луѓето како тебе ги напаѓаат пасивно, како сколовранецот кога е гладен само ќе ја колвне крушата и ќе премине на друга, а таа за неколку дена ќе скапе.
Морам да ти кажам искрено и отворено дека ми се гади од луѓето како тебе. Заслужуваш да ти го укинат секој сертификат кој си го добил досега и да те вратат повторно во прво оделение. Овојпат родителите твои треба да те тепаат се додека не ја научиш секоја лекција од збор до збор. Додека не станеш човек. А сега неможам да те споредам ни црв.
Не си единствен, ве има многу, и администраторите ќе мора да ја згазат секоја лебарка како тебе. Лебарките како тебе најчесто копаат по ќошињата на форумов и се хранат со национализмот, егоизмот и останати видови дегенеризам кои другите лебарки го оставаат зад себе. Вашиот мозок не функционира, тој само реагира. Реагира само на негативни, мизерни информации. За да реагира на позитивни тој треба и да функционира, да ги реализира и да им се радува. Но тоа не е можно со твојата шупелка нели. Кога некој ќе изјасни слично мислење на твоето ти свршуваш. Си велиш јеееј, има и други лебарки како мене, Не сум сам... За жал сам си. И другите лебарки како тебе си го велат истото но никогаш ниту една лебарка не наоѓа заедничка перспектива со друга лебарка. Можеби во криминалот... но и таму лебарките се јадат една со друга, а на крај сите смачкани од екстерминаторите.
Наместо да споделиш новост од научен интерес, социјален напредок, совети за секојдневието, да понудиш помош некому, да побараш помош за некого, да го аргументираш своето мислење, да споделиш знаење или материјали за учење. Ти и лебарките како тебе ги интересира само религија и политика, а врска си немате ни во едното ни во другото. Како што реков претходно, ги споделувате само грдите механички реакции на вашата шупелка.
Паразити кои го трујат својот домаќин. Ете тоа е најпрецизна дефиниција за вас.