Учење на англиски јазик преку интернет

  • Креатор на темата Креатор на темата korisnik5
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 јануари 2014
Мислења
9
Поени од реакции
0
Возраст
35
Друштво нов сум на сајтов и би ви бил многу благодарен ако можете да ми дадете линкови од страни или клипови за учење на англиски јазик. :icon_lol:
 
Друштво нов сум на сајтов и би ви бил многу благодарен ако можете да ми дадете линкови од страни или клипови за учење на англиски јазик. :icon_lol:
Купи си Англиско-Македонски речник, а на Гугл најди ги времињата и после сврзувај и составувај реченици.
Така најлесно ќе научиш Англиски јазик :)
 
Duolingo апликација за андроид
Јас од таму учам Германски!
Бесплатна е !
 
@korisnik5

Прво и најважно важна е истрајноста. Наместо да форсираш за месец два да научиш јазик размислувај вака за месец два научи основи и во следните десет години надградувај се.

За учење јазик добра пракса е да слушаш англиска музика и да гледаш англиски филмови со предвод подоцна без. (Исто така и книги на англиски.)

Доколку воопшто немаш никакви познавања од јазикот иако би рекол дека англискиот е еден од полесните јазици за учење сепак не е лошо доколку имаш можност месец два на курс да идеш да се запознаеш со основите за да после можеш да се надградуваш.

Страни има повеќе и сигурно со гуглање ќе најдеш без проблем некоја имаш и тестови за да си го проверуваш знаењето така да волјата е најбитна ствар ако сакаш да го научиш јазикот.

Дуолинго е исто добра опција имаш и на нет и како апликација, но за ова пожелно е да имаш почетни познавања од јазикот.

П.С Ако не те мрзи прочитај и за ANKI софтвер за напредно учење т.е теоријата е малку поопширна, но се се сведува на тоа дека ако нештото доволно го повторуваш ќе премине во долготрајната меморија, а најдобар начин да го запомниш е да го повториш точно пред да го заборавиш.

ANKI софтверот тука влегува во игра и ти служи како потсетник. Софтверот е бесплатен и има онлјан верзија која се синхроизира со десктоп верзијата.
 
Купи си Англиско-Македонски речник, а на Гугл најди ги времињата и после сврзувај и составувај реченици.
Така најлесно ќе научиш Англиски јазик :)

4 години изгубив на филолошки за да научам англиски, да знаев на времето немаше да се запишам.. добро бар тогаш немаше гугл транслејт можда затоа сум се запишал којзнае ..
 
4 години изгубив на филолошки за да научам англиски, да знаев на времето немаше да се запишам.. добро бар тогаш немаше гугл транслејт можда затоа сум се запишал којзнае ..
Можда, не викам не...
 
Купи си Англиско-Македонски речник, а на Гугл најди ги времињата и после сврзувај и составувај реченици.
Така најлесно ќе научиш Англиски јазик :)

А јас будала на филолошки студирам, партиципации, курци-палци плаќам.
Фала, ме провестли, баталувам факултет, ќе одам овчар, со речникот под рака.
 
Duolingo апликација за андроид
Јас од таму учам Германски!
Бесплатна е !

Не е можно да се учи англиски на duolingo освен ако не знае некој од останатите јазици кои што се понудени,односно шпански,француски,италијански итн.а не е вметнато да може да се изучува македонскиот јазик или да се изучува друг јазик со помош на македонскиот,за жал.
 
Апликацијата е многу добро и навистина помага ама за жал го нема англискиот
Јас се извинувам но сум погрешил:(
 
Апликацијата е многу добро и навистина помага ама за жал го нема англискиот
Јас се извинувам но сум погрешил:(

Англискиот го има но можеш да го учиш ако знаеш останатите јазици што ги има во duolingo.Пример можеш да учиш германски со помош на англискиот, но исто така можеш да учиш англиски со помош на германскиот ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom