- Член од
- 31 декември 2013
- Мислења
- 19
- Поени од реакции
- 5
- Возраст
- 26
Филмот повеќе отвора прашања, отколку што дава конечни одговори. Едно прашање создава уште неколку потпрашања, како концентричните кругови што се создаваат кога ќе фрлиме камен во езеро, а одговорот се насетува во недовршената мисла кај гледачот. Како реагира човекот соочен со неизбежната смрт? Прашањето за лудилото (кон крајот на филмот, најприземниот, т.е. мажот на Clarie, се самоубива, Clarie почнува да паничи, а Justine која во нејзиниот дел изгледаше дека е најирационална-добива нова димензија. Justine како да знае тајна која е преголема за еден човек сам да ја носи: таа го знае точниот број на зрна во шишето, на Clarie и вели дека нема живот надвор од планетата Земја, а и дека овој на наскоро ќе исчезне. Сурова вистина. А што ако навистина сме сами? Што ако и нашата планета биде “уништена” и остане да постои само едно големо Ништо? Се третира и прашањето за корисната, добронамерната лага ( кога Џастин му вели на детето дека ќе бидат заштитени во волшебното засолниште кое е направена само од колци). Кое е значењето на птиците што паѓаат позади Justine и птиците што паѓаат на една слика од праисторијата каде се прикажани првите ловци (дали е тоа спојот на прапочетокот и крајот на постоењето на човекот)? Секоја креација (вклучувајќи го и човекот) е поврзана и си влијае една на друга (Антарес, Меланхолија, Месечината). Значењето на јаболкото (сопругот и подарува овоштарник со јаболкници); веднаш потоа таа го изневерува со еден непознат млад човек (библиско значење: грев); јаболкницата е најголем впивач на негативната енергија (јаболкото како лек за тегобата што ја чувствува Justine)... Justine живее во некој свој свет (сликите на почетокот на филмот). Мажењето го доживува како еден вид смрт (крај на претходниот начин на живот). Презаситеност, истрошеност на нештата, деградација и крај, но без нов почеток. Џастин е силно поврзана со природата и Вселената. Ѕвездата Antares е затскриена од огромната планета Melancholia. Clarie, сестрата на Justine, е добра, грижлива, рационална. Таа е на некој начин принудена да биде силната покрај „болната“ сестра, меѓутоа во еден момент се „крши“ поради големиот притисок и сознанието дека крајот е неизбежен и нејзиното дете нема да доживеее да искуси многу нешта во животот (болно сознание). Ја фаќа паника, хистерија. Немоќта на човекот. Неговата маленкост пред природата. Стравот од смртта. И во овој дел дознаваме многу работи за Justine; таа е прикажана во ново светло. Како човек кој научил да ја носи во себе големата тајна и човек помирен со судбината, зашто ништо друго и не му преостанува. И пак еден куп прашалници околу нашата глава (зошто коњот што го јава Justine двапати не сака да го помине мостот?). Фон Триер метафорично ја прикажува меланхолијата како планета Меланхолија која кружи околу планетата и на крајот ја пробива. Мислам дека Фон Триер сака да каже дека меланхолијата што постои на нашата планета, луѓето што се меланхолични, депресивни не знаат што сакаат ќе ја уништат планетата. Светлата ѕвезда е претставник на луѓето што можат да променат многу работи, но тие се во мал број можеби и не постојат, тие се како мал камен, а обичните ништожници кои уште од раѓање плачат, негодуваат, кукаат, ништо не прават се како голема планета (Меланхолија) која го закрива малиот камен. Светлината се губи, нема надеж.
- Дамјан Павлов
- Дамјан Павлов