Книготека - Онлајн библиотека

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.412
Поени од реакции
6.017
najvazhniot-proekt-koj-nekogash-i-se-sluchil-na-makedonskata-knizhevnost-74236.png


Македоника развива голема он-лајн библиотека која ќе ги содржи македонските класици, современи автори, а ќе промовира и млади и надежни книжевни перјаници. Планот е да ги содржи и сите потребни лектири, како и книги со значајни документи од нашата национална историја. Сето тоа достапно на компјутери, таблети и е-читачи, и засекогаш БЕСПЛАТНО.

Платформата ќе биде промовирана околу Нова година, но засега само да ве чепнеме. Регистрирајте се TУКА и ѕирнете ги книгите кои се веќе онлајн (засега само на монитор), меѓу другото и од автори застапени во нашата Книготека.

Наскоро со повеќе детали.
Вакво нешто одамна требаше да се направи. Нема повеќе изговори дека не може да се најдат книгите. Достапни за секого, на македонски јазик, кирилични и средени.​
Што мислите за потегов? Какви се очекувањата? Дали ќе има интерес?​
 
Убаво. Вакво нешто требаше да ни се случи. Интерес верувам ќе има, доколку бројот на делата и на авторите постојано се зголемува. Од друга страна, обесхрабрувачки е фактот што низ годиниве не израсна ни една наша побогата (барем пиратска) он-лајн библиотека достојна за постојано внимание. За жал, и тоа мора да се земе предвид.
 
Браво! Поштуем многу! И онака мноштвото книги што ги читам ми се e-books и audiobooks, и искрено ми фалеше македонска литература во оваа сфера :)
 
Одличен проект, се надевам дека нема да имате проблеми со авторските права.
 
Ова ќе биде многу корисно за децата од основно и средно, нема како порано да бркаш по библиотеки книги па да чекаш некој да ја врати таа и таа книга па да можеш ти да ја земеш, плус не сите беа во добра состојба.
 
Идеата е одлична... да се зачува македонштината, бесплатен ресурс за читателите, промоции на нови автори... (y)
А и професионалноста на ниво.. Е-бук ридери за различни платформи, ово оно.. браво.
 
Одлично, се гледа дека имаат вложено труд во библиотекава, супер е средена. (y)
 
Има ли некоја ваква слична страна со е-книги на Македонски ?
 
Одличен проект, само не знам колку издавачките куќи ќе го поддржат овој проект. Сепак за нив интересен е профитот а не промоција на македонската книга. Од онлине прочитани книги пари не се прават.
 
Се сложувам, одличен проект, од идеја, до реализација (барем за сега). Се надевам дека нема да остане само на овие книги, и се надевам дека нема да има проблеми со авторски права, како што некој веќе спомна погоре.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom