Led vs обична сјалица?

  • Креатор на темата Креатор на темата DelPiero10
  • Време на започнување Време на започнување

DelPiero10

10ka
Член од
25 февруари 2012
Мислења
583
Поени од реакции
251
Локација
Скопје
цело време у соба ми прегореват сијалици ги мењам како сликички панини, и земав една нешто лед демек помалце еднергија троши 81% помалце грее и поише работи, 7 вати демек=40вати обична вака малце послабо свети од обична од 65вати ама не е толку голема разлика и поскапи се доста, само незнам дали е штетна за очи имам слушано моабети некој ако има поише искуство
 
Мене ако ме прашуваш која ќе ја одберам.......... обична сјалица...... можеби повеќе грее, ама затоа осветлувањето е незаменливо :)

Све е ствар на навика братче. Јас ги заменив скоро сите обични ламби со неонки и првиот месец ептен ми беше глупо навистина, ама после тоа ги навикнав сосем.
 
Колку ја зема сијалицата?

Sent from my Xperia Live with Walkman using Tapatalk 4
 
Треба и јас да сменам сијалиците, ама викаат Лед сијалиците биле по 800-900 денари и нагоре. Ако имате цени пустете линкови.
 
Лед за обична фасонка ги има за 300 денари,и тоа по продавници(Кичево,Прилеп..)Јас постепено ги менувам и халогените Г9,засега сум задоволен,а имав и штедливи Г9 кои ми гореа многу често.
 
Вака сега да се разјасниме. ЛЕД ламбите не се употребуваат многу за домашно осветлување. Повеке се употребуваат за декорација.
За дома најдобри се CFL (Compact fluorescent lamp) . Многу се ефтини. Јас ги купувам по 160 денари за 100 ватна и 125 денари за 23 ватна. Не загреваат, можеш да ги држиш во рака додека работат. Економични се. Трошат 75% помалку од обична 100 ватна сијалица. Има два вида на CFL, што емитираат бела дневна светлина и жолта сончева светлина. Може да си доберете кој тип ви одговара. Траат со години, но имам купено една многу ефтина и ми се прегоре за 2 саата, но со фискалната сметка ја вратив и ми ја заменија за нова.
Не користете обични сијалици, се прегоруваат одма, со тоа не се еколошки и треба да се избегаваат.
CFL ке ви заврши работа, има разни дизајни и големини.
 
Ламбите со лед диоди во секој поглед ги надминуваат сите останати како по штедливост така и по трајност. Исто како и CFL можете да ги набавите да зрачат ладно бело и топло бело. Колку што можам да пратам цената драстично им се намалува и најверојатно во скоро време комплетно ке ги заменат CFL кои според мене беа една многу голема глупост а најмалце беа штедливи кога ке земиме колку им беше трајноста и цената. Перформансите секојдневно им се подобруваат во смисла на јачина и насоченост на светлина( една од почетните мани), така да сега колку што можев да видам има и лед светла за автомобили и не мислам како за декорација туку буквално за осветлување на патот. Веќе комплетно го заменија позадинското светло на Лед телевизорите кое порано беше строго CFL, така да можеме да очекуваме дека комплетно ке ги заменат и секаде.
 
ако има некој искуство со нарачка на ЛЕД сијалици од Aliexpress нека сподели. конкретно ме интересира од кој произодител/трговец порачал и дали ватажата одговараат со лумените, бидејќи читав во фидбекот доста муштерии се незадоволни од јачината на светлината
 
Вака сега да се разјасниме. ЛЕД ламбите не се употребуваат многу за домашно осветлување. Повеке се употребуваат за декорација.
За дома најдобри се CFL (Compact fluorescent lamp) . Многу се ефтини. Јас ги купувам по 160 денари за 100 ватна и 125 денари за 23 ватна. Не загреваат, можеш да ги држиш во рака додека работат. Економични се. Трошат 75% помалку од обична 100 ватна сијалица. Има два вида на CFL, што емитираат бела дневна светлина и жолта сончева светлина. Може да си доберете кој тип ви одговара. Траат со години, но имам купено една многу ефтина и ми се прегоре за 2 саата, но со фискалната сметка ја вратив и ми ја заменија за нова.
Не користете обични сијалици, се прегоруваат одма, со тоа не се еколошки и треба да се избегаваат.
CFL ке ви заврши работа, има разни дизајни и големини.
Друже од кај ги купуваш за толку пари, дали има жолти од тој бренд и дали се палат веднаш (не после 60секунди)?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom