Загина Пол Вокер

  • Креатор на темата Креатор на темата Флеш
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Луѓево во шоубизнисов почнаа да паѓаат ко муви ... не ми се верува. Колку музички и филмски имиња загинаа последниве 5-6 години, да те фати страв ...

Очекувам 4chan како и по обичај, да ги исмева околностите под кои загина човеков, со оглед на неговата кариера.
 
Нека почива во мир, штета одличен беше во F&F серијалот. Но има една интересна слика:
1454794_10202518003729849_1107272991_n.jpg
 
Жално. Цел ден така ми отиде како да ми беше близок се чувствувам. Интересен лик беше. Покрај првите два дела на фф и into the blue ме е омилен филм со него, трагично. Мн харизматична личност, талентиран и што не е вообичаено нормален холивудски актер. Нека почива во мир.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Шо дрво ќе беше она да не се скрши :cenzura:

Уште еден доказ дека не треба да се произведват толку брзи коли.
R.I.P.
 
Тоа е таа човечка,во случајот посебно женска плиткост,ако не си убав,глумец,познат,богат итн итн на никој не му е гајле. Луѓе гинат секојден во сообраќајки ама на другите ич не им чуе зошто не се познати.
 
razlikata e so koa e poznat glumec na primer so mu imas izgleano preku 10 filma,posebno zadnjiov Hours kade so bese opasno dobar....se privrzuvas so likot kako da si go znael,i zatoa udira jako koa ke vidis deka umrel vrajkajki se od humanitaren nastan od koj sto on bil del!
 
RIP
Мој омилен глумец дури во смален размер ги имам сите автомобили кои ги возел во филмовите
F&F.jpg
Овој ми се најде при рака
 
Бев еден од малкуте што го гледаа Брзи и бесни заради типов а не заради Вин Дизел, одличен беше во сите делови и штета што ќе биде запамтен само по тоа.

Ме погоди веста морам да признаам. :(

И јас сум еден од тие.. Човеков ми беше идол.. Почивај во мир царе..
 
Искрено не ви е срам и на вакви теми да постирате 9гаг срања? Не ве личи не за друго.

Воопшто не ми е срам и ќе продолжам со ваквите коментари дека е непотребно да се драми околу вакви работи, тоа е живот.Истото беше и со Тоше, и со Amy Winehouse и со Witney Huston и со многу други фаци што некако магично одеднаш добија на популарност одкога умреа. Онака на сите одеднаш им станаа најголема инспирација, идоли, срциња,мачинња, гревчиња, а пред да починат или немаа слушнато за нив или ги ругаа, ги правеа гомна и множеа со нула. Колку милиони невини деца умреа додека да кликневте upload на трогателните слики, па никој не прокапе крокодилска солза,или не дај боже, пиша срцепарателен статус. Животот на татко на 6 деца што умрел во обид да спаси двајца, на истиот ден кога почина и дотичниот, е исто толку вреден како и неговиот, ни повеќе ни помалку. Исхејтај ме колку сакаш, ама што е многу, многу е. Па и толку емпатија не е на арно... Само линков ѕирни го
 
Мајка Тереза, да пробам ти нацртам. Секојдневно гинат луѓе. И без разлика дали се работи за селебрити или за рандом рудар во Чиле, глупо е да се исмеваш со ничија смрт и да ставаш невкусни работи по вакви теми, поготово кога знаеш дека човеков се враќал од хуманитарен настан.

Славните личности имаат фан база. Само што ние другите одбираме да ја забележуваме баш тогаш кога ќе починат или ќе имаат некој проблем. Бибер на пример има преголема. И утре ако почине детето, пак истово ќе го пишеш како баш тогаш се активирале?

Не сакам да го пишам ова но ме тегнеш за јазик. Баш сакам да имаш син или ќерка кои ќе бидат заслужено или незаслужено популарни сеедно со голема фан база, да ги изгубиш во некоја слична трагедија и некој рандом шупак по 9гаг и форуми да ти става вакви невкусни фотографии, па да осетиш што правиш.

Работиве што ги изнакажа немаат благе везе со ова што го направи, не пробувај да се искупиш. Од што пробувате да се направите интересни, заборавате кај е границата.
 
Ноќеска баш пред спиење си го пуштив да го гледам серијалов почнувајќи од 1-виот дел. Кога станувам сабајле не ми се веруваше. Шок, баш ми се допаѓаше како глумец феноменален беше.

Нека почива во мир
 
Мајка Тереза, да пробам ти нацртам. Секојдневно гинат луѓе. И без разлика дали се работи за селебрити или за рандом рудар во Чиле, глупо е да се исмеваш со ничија смрт и да ставаш невкусни работи по вакви теми, поготово кога знаеш дека човеков се враќал од хуманитарен настан.

Славните личности имаат фан база. Само што ние другите одбираме да ја забележуваме баш тогаш кога ќе починат или ќе имаат некој проблем. Бибер на пример има преголема. И утре ако почине детето, пак истово ќе го пишеш како баш тогаш се активирале?

Не сакам да го пишам ова но ме тегнеш за јазик. Баш сакам да имаш син или ќерка кои ќе бидат заслужено или незаслужено популарни сеедно со голема фан база, да ги изгубиш во некоја слична трагедија и некој рандом шупак по 9гаг и форуми да ти става вакви невкусни фотографии, па да осетиш што правиш.

Работиве што ги изнакажа немаат благе везе со ова што го направи, не пробувај да се искупиш. Од што пробувате да се направите интересни, заборавате кај е границата.

абе извини ама ме заболе мене пред тебе да се правам интересен,нит ме знаеш нит те знам. Таа слика некој друг направил, интересна ми е и имам право да ја ставам кај сакам, искрено гајле ми е што умрел Paul Walker и ова е мојот начин на исмевање на сите тие “wanna be“ фанови што прават драма и фама креваат како да им умрел најблизок, а што не му го знаеле името дур не умрел, денес случајно прочитале и сега сите се прават почитувачи на ликот и делото Paul-ово.. А тоа со тие charity срањата секој втор селебрити присуствува и ги прави од некој други причини во кој што не навлагам. Парис Хилтон е “голема хуманитарка“ па сите знаеме како ја гледа светот и што мисли за нејзе
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom