Апел за помош на Петар Николов

  • Креатор на темата Креатор на темата alex-st
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
petar-01-300.jpg


Петар Николов има 6 месеци и сеуште не почувствувал ниту еден миг на нормален живот. Имено веднаш по раѓањето му е диагностицирана езофагеална атрезија (вродена малформација скратување на хранопроводот, односно слеп завршеток на хранопроводот). Извршен е итен оперативен зафат во Државниот Клинички Центар во Скопје, со надеж дека Петар потоа ќе има нормален живот. Но голготата за Петар и неговата фамилија почнува тука, по операција, неговата состојба се влошува, односно на хранопроводот му се јавуваат стеснувања низ кои не може да помине храна, како и фистула (комуникација помеѓу хранопроводот и душникот). Петар се храни преку сонда, а млекото што го прима, често завршува во белите дробови, каде што дополнително прави проблем.
Шест месечно безуспешно талкање низ државните и приватните болници во Македонија, за многу скромната фамилија од Кочани. Надежта и трпението се повеќе се тенчат, но избор нема, борбата за најмилите мора да продолжи. А најголемиот борец е Петар, кој секојдневно се бори за својот живот.
Апел до сите хумани луѓе да одвојат трошка време за да помогнат на оваа скромна фамилија во борбата за Петар. За жал трошоците за неговото лекување се огромни за оваа фамилија. Финансии веќе воопшто немаат, а допрва ќе следува лекување во странство. Друг начин нема, освен да ја покажеме нашата солидарност и заедно да го спасиме малиот Петар .
Име : Николов Петар
Банка : Тутунска Банка
Сметка : 210501670680616
 
Броеви на ВИП, Т-Мобиле и Оне нема?
 
Еве ја повторно сметката и телефонски броеви:

Сметка за донации:

Име: Николов Петар
Сметка: 210501670680616
Цел на дознака: донација за лекување
Банка: Тутунска Банка

Телефони за донации:

T-Mobile 070 143 109
ONE 075 143 950
VIP 077 143 077

http://tocka.com.mk/1/112853/da-mu-pomogneme-na-petar
 
И ајде пак да помогнеме и да го спасиме Петар. Граѓаните можат да донираат на следниве телефони:

Донациски број од мрежата на Т-Мобиле : 070143109

од мрежата на ВИП 077143077

од мрежата на ОНЕ 075143950

За донации уплатени во Македонија (во денари или евра)

Име : Николов Петар

Банка : Тутунска Банка

Сметка : 210501670680616

За донации од странство / For donations from abroad / Pour donations de l’étranger :

Name : Nikolov Petar

Address : Ul. Stamen Manov br.146, Kocani

IBAN Code : MK07210501670680616

Bank Name : NLB TUTUNSKA BANKA A.D. SKOPJE

Bank Address : Majka Tereza br.1

Country : MAKEDONIJA
 
27548_111743712198291_2742_q.jpg
Донации сподели линк.
9 јануари
Драги пријатели.

Да го започнеме денот со една прекрасна вест за бебето Петар Николов.
Имено, операцијата на желудникот на Петар во Фиренца, Италија, е успешно завршена, и малечкото детенце се наоѓа во стабилна состојба. Прекрасни вести ни стигаат од таму, за брзо закрепнување
ВИ БЛАГОДАРИМЕ, НА СИТЕ ВАС КОИ ПОМОГНАВТЕ СО СВОЕТО "МАЛКУ" ДА НАПРАВИМЕ "МНОГУ". НА СИТЕ ХУМАНИ ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА, КОИ И ОВОЈПАТ СПАСИЈА ЕДЕН ДЕТСКИ ЖИВОТ!
ЗАЕДНО=МОЖЕМЕ СЕ!--- надополнето: 11 јануари 2014 во 14:56 ---


Но има уште луѓе на кои им треба помош. Затоа ако не ви е тешко кликнете ми се допаѓа на страната на Донации https://www.facebook.com/donacii?fref=ts и колку можете донирајте или барем споделувајте ги објавите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom