LG G Flex - неверојатен телефон кој сам се оправува од оштетувања!

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
подобар и од нексус петката ? :icon_lol:

И тоа како! Освен софтверот каде сток Андроид си е сток. Но и тоа се средува, така да LG-то е според мене топ 1 телефон моментално. Фаблети и срања не рачунам
 
Не е Нокиа, Алкател е ;)

Дај бе доста ја тупеш секоја тема за телефони со твојот алкател, како прво не кажуваш кој модел е та еден алкател ли е. Се гледа колку се разбираш во хардвер така да не гледам која е поентата да коментираш или пак едноставно битно е да пишеш нешто не е битно каква зелена ќе напишеш.

On Topic :

Не гледам која е поената со овие заоблени телефони?

Значи телефонот e добар само е глупо тоа што е заоблен инаку подобар е од Nexus 5 иако има сток андроид нексусот. За сток андроид може да се среде тоа со еден Custom ROM и завршена работа па и верувам дека ќе има доста добра подршка за овој телефон.

За мене колку и да е добар ништо од овој телефон(напрчен телефон : ЈОК), си го чекам LG G3.
 
Дај бе доста ја тупеш секоја тема за телефони со твојот алкател, како прво не кажуваш кој модел е та еден алкател ли е. Се гледа колку се разбираш во хардвер така да не гледам која е поентата да коментираш или пак едноставно битно е да пишеш нешто не е битно каква зелена ќе напишеш.


Можи ваков има :

13_36_38_Alcatel_OT_Easy_db.jpg


:icon_lol:
 
И тоа како! Освен софтверот каде сток Андроид си е сток. Но и тоа се средува, така да LG-то е според мене топ 1 телефон моментално. Фаблети и срања не рачунам


Види, ова освем софтверот не може баш како освем (просто зборче) да се класифицира, огромна предност е софтверот. Се зависи од тоа колку си гик, некои што ги знам би избрале дури и nexus 4, пред G2 само заради софтверот, субјективно е све.

Проблемот кај G2 е што преголема сатурација има телефонот, дислепјот е така калибриран, па дури и камерата работи на тој принцип незнам ова дали се решава најверојатно не, така што предноста се намалува затоа што Nexus 5 е перфектен sRGB дисплеј, и генерално е оптимизиран за реален приказ на боите. Така да иако од хардверски аспект G2 е во предност, си има и тој свои недостатоци, мада генерално е многу добар телефон.
 
Мене лично телефонов ми се допаѓа, но способноста за 'авторепарација' е преувеличена. Тоа работи само на слаби гребнатинки, кои во реален живот и онака се слабо приметливи. Така да, ако падне на земја од метро-метро и пол височина може да се очекуваат слични резултати како и со другите телефони: големи гребнатини, или во најлош случај, пукнат екран. Како и да е, телефонов е топ. Во последно време ЛГ се издигнаа со телефоните, до лани не беа многу сјајни (непривлечни дизајни, доцни или непостоечки софтверски надградби), но сега немам никакви замерки.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom