Фискална во рака - награда без мака!

  • Креатор на темата Креатор на темата scary
  • Време на започнување Време на започнување
Иначе 16 денари ми побараа во пошта Ѓорче Петров. Пратив едно плико колку да сум во тек, не дека очекувам нешто. :pos: Комшијата има пратено 50 коверти и отиде до Центар дека во Пошта би му се фатило 800 денари.
Шансите ми се 0,000000000000000000001 со оглед на пристигнатите.
 
Каде треба да се праќаат фискалните? :)

qiqw.png
Извлекувањата ќе се вршат во девет кола, од кое првото ќе се одржи на 30.12.2013 година, а последното кон крајот на 2014 година. Извлекувањата ќе бидат јавни и ќе се емитуваат во живо на МРТ1 од 20:00 часот.

Наградниот фонд е навистина богат и содржи: три станови, три дуќани, девет автомобили, бројни вредносни ваучери со поединечна вредност од 3.000 до 60.000 денари од различни категории производи: бела техника и мали кујнски апарати; компјутери и компјутерска опрема; видео и аудио техника; велосипеди и опрема; мобилни телефони, фотоапарати и опрема; прехранбени продукти. Во секое од деветте извлекувања ќе се извлекува по еден автомобил и триесет вредносни ваучери.

Она што ќе го привлече најголемиот интерес се најголемите добивки три станови и три дуќани, од кои по еден ќе се извлекува во првото, петтото и последното – деветто коло.

Во секое од извлекувањата ќе учествуваат само ковертите испратени пред актуелното извлекување, кои ќе содржат фискални сметки само од периодот меѓу две извлекувања, а во извлекувањата за стан и дуќан ќе учествуваат сите коверти.

Извлекувањата на богатиот фонд награди ќе се реализира во специјално наменета ТВ емисија која ќе се емитува на МРТ1 на секои месец и половина, а во меѓувреме интересот за учеството во играта ќе се следи преку посебна ТВ емисија која ќе се емитува секој понеделник почнувајќи од 02.12.2013 на МРТ1 од 20:00 часот. Во оваа редовна неделна емисија ќе можат да учествуваат и граѓаните со телефонски јавувања, а за што првите десет кои ќе се јават во емисијата, ќе бидат наградени со пакет инстант лозови од Државна лотарија на Македонија што може да им донесат добивки како што се автомобили, скутери или парични добивки до 1.000.000 денари во зависност од видот на добивката што ја носи соодветниот инстант лоз. Добитниците на овие инстант лозови, својата награда ќе можат да си ја подигнат во едно од среќните места ширум Република Македонија, со приложување на 5 фискални сметки. Добитниците на инстант лозовите стекнуваат право и да присуствуваат во живо во емисијата во која ќе се реализира наредното извлекување.


Имињата на добитниците по секое од деветте извлекувања, ќе бидат објавени во дневниот печат и на веб страната на Државна лотарија на Македонија. Добитниците на вредносните ваучери по различни категории, своите награди – вредносни ваучери ќе ги подигнат од благајната на приредувачот, а производите со дополнително намалена вредност од малопродажната, во зависност од намената на ваучерот, ќе можат да ги изберат на продажните места на соработниците кои се пријавија на јавен оглас објавен од страна на приредувачот. На продажните места на соработниците, добитниците ќе може да изберат еден или повеќе производи од соодветната категорија и до соодветната вредност наведени на ваучерот, со што се остава слобода на изборот согласно потребата на добитникот.

l0gXpg7.png
Често поставувани прашања

1. Од кој датум почнуваат да важат фискалните сметки за наградната игра?
Одговор: Во наградната игра може да се учествува со фискални сметки од 15.11.2013 но само за првото извлекување. Потоа важат фискални сметки издадени исклучиво во период меѓу две извлекувања.
2. Кои коверти се сметаат за прифатливи, која е стандардната големина на коверт
со кој може да се учествува во наградната игра?
Одговор: Согласно правилата, ковертите треба да се бели во форма на правоаголник и да не бидат поголеми од следните димензии: 9 х 14 см , односно 12 х 23,5 см и да немаат проѕирни делови и да не се во друга боја освен бела.
3. Дали фискалните сметки мора да се од едно или од различни продажни места?
Одговор: Нема ограничување за тоа дали фискалните сметки се од едно или од различни продажни места.
4. Има ли минимум лимит на поединечна фискална сметка, или минимум лимит за сите 20 фискални сметки?
Одговор: Нема ограничување за сумата, нема минимум лимит на една или на сите 20 сметки.
5. Дали освен по пошта ковертите може да се оставаат на одредени пунктови и каде?
Одговор: Освен да се испратат по пошта на адресата на државна лотарија на Македонија, Бул. Гоце Делчев, бр. 8, поштенски фах 363, засега ковертите можат да се остават во обележани кутии на приземјето во влезот на зградата на Македонската радио телевизија во Скопје.
6. Дали важат фискални сметки од паркинг и игри на среќа?
Одговор: Фискалните сметки се без ограничување од каде и за каков вид на производ или услуга се издадени. Во наградната игра можете да учествувате и со сметки од паркинг, сметки од уплата на игри на среќа, сметки од купување на било каков производ или услуга.
7. Кој е крајниот датум за достава на коверти кои учествуваат во првото извлекување на 30ти декември?
Одговор: Во првото извлекување кое ќе се изврши на 30.12.2013 година учествуваат ковертите кои се пристигнати до приредувачот во периодот од 01.12.2013 година до 29.12.2013 година до 24:00 часот.
8. Дали ковертите кои учествуваат во првото извлекување, учествуваат и во понатамошните извлекувања?
Одговор: Ковертите кои учествуваат во првото извлекување кое ќе се изврши на 30.12.2013 година не учествуваат во понатамошните извлекувања. За повторно вклучување во играта потребно е испраќање на нов/и коверт/и.
9. Ако ковертот пристигне на 30ти 12, за кое извлекување ќе важи?
Одговор: Ако ковертот пристигне на 30ти 12. не може да важи за првото извлекување. Ковертите кои ќе пристигнат од 30ти 12. 2013година, заклучно со 16ти 02. 2014 година, учествуваат во второто извлекување, во кое ќе се извлекува еден автомобил и триесет ваучери. Понатаму овие коверти како и ковертите кои ќе учествуваат во третото и четвртото извлекување се чуваат за 5тото извлекување каде за добивките стан и дуќан учествуваат сите коверти од второто, третото, четвртото и петтото извлекување кое ќе се реализира на 30ти 06.2014година
10. Дали може да се уважи коверт во сина или розова боја?
Одговор: Не, нема да бидат земени предвид коверти во било каква боја освен во бела боја, но со стандардна големина и без проѕирни делови.
11. Дали извлекувањата ќе може да се следат и на друга телевизија освен на МРТ?
Одговор: Не, Македонската Радио Телевизија како јавен сервис е директен соработник во реализацијата на наградната игра и извлекувањата ќе може да се следат исклучиво на МРТ 1 во понеделник, на соодветните датуми почнувајќи од 30.12.2013. Воедно на МРТ1 секој понеделник од 20:00 пред емисијата Време за среќа, можете да ги следите и специјалните ТВ емисии наменети за информирање за наградната игра и контакт со гледачи.
12. Дали може да се оставаат коверти на продажните места на Државна лотарија на Македонија?
Одговор: Не, лицата во продажната мрежа не се овластени да примаат коверти за наградната игра и истите не се обврзани да ги чуваат и испраќаат до Државна лотарија на Македонија и истото не е согласно правилата на наградната игра.
13. Дали има ограничување за возраста на учесниците во наградната игра?
Одговор: Во наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“ може да учествува секој, независно од возраста.




Се извинувам за фонтот и бојата, мораа да бидат потенцирани некој делови.
 
блажени се оние кои веруваат....
 
На плоштад има еден шатор. Јас знам за таму, за други места незнам. Ова ти е спроти Ченто споменикот.
А да не има нешто такво да не знаеш во Гостивар?:)
 
Со оваа наградна игра не се третираат сите граѓани на р. Македонија исто.Скопјани и тие кој ке се најдат таму овој период можат бесплатно да ги испратат пликовите.Жителите од другите градови ке ги праќаат по пошта и ке плаќаат за тоа и пликовите ке и бидат бележат со марка и можно е да ги избегнувате при влечењето на наградите.Нека реагира народот

Sent from my Xperia Live with Walkman using Tapatalk 4
 
Аха, сега шипак наградна игра. На Штерјо му требаат пари, да си го зголеми уделот во својата фирма.
 
Oва е невидено, да не влезеш у пошта за друга работа.
Километарски редици по шалтериве, ко да е крај свет ако не испратат фискални.
 
Чекај малце, зарем стварно има што мислат дека сеа ете праќаме фискални и по случаен избор некој ќе извлечат и ќе добие нешто?:pos:
После толку време живеење во Македонија да не ви дојде паметот - е страшно, но затоа и е страшна државава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom