- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.043
- Поени од реакции
- 16.567

6та година по ред, главниот град на В.Британија, Лондон ги пречекува најдобрите осум тенисери во изминатата година, како низ изминатите 5 години, така и оваа, натпреварите ќе се играат во О2 арената.
Оваа година во најдобрите осум тенисери ќе имаме и еден дебитант кој прв пат ќе настапи на овој завршен турнир, а тоа е швајцарецот Станислав Вавринка.
Oстанатите тенисери се: Надал, Ѓоковиќ, Дел Потро, Бердих, Федерер, Ферер, Гаске.
Поради повреда нема да настапува Енди Мареј, па неговото место според АТП рејс го пополни Ришард Гаске.

Ждребот сакаше групата Б да е доста по квалитетна од А, самиот факт кој говори дека во групата Б севкупно четворицата тенисери имаат освоено осум титули на завршниот турнир, а во групата А сеуште нема ниту еден освојувач на овој турнир, го истакнува квалитетот на Б групата, но сепак не очекува квалитетен тенис и во таа А група на чело со Рафаел Надал, тенисерот кој владееше низ изминатава година и имаше вистински камбек.
А група:
Надал
Ферер
Бердих
Вавринка
Распоред на натпревари
Прв ден
Бердих - Вавринка
Втор ден
Надал - Ферер
Б група:
Ѓоковиќ
Федерер
Дел Потро
Гаске
Распоред на натпревари
Прв ден
Дел Потро - Гаске
Втор ден
Ѓоковиќ - Федерер
Меѓусебен скор на осумте тенисери

Титулата од минатата сезона ја брани Новак Ѓоковиќ, кој во финалето беше поуспешен од Роџер Федерер со 7/6 7/5.
Најмногу титули во ова натпреварување има Роџер Федерер севкупно шест, последната освоена во 2011 година.
Зад него е Иван Лендл со пет, од активните тенисери најблизу до Федерер е Ѓоковиќ со две титули, освоени во 2008 и втората освоена ланската година.
Напомена дека на овој турнир учествуваат и најдобрите осум дубл парови.
Официјален сајт на турнирот: http://www.barclaysatpworldtourfinals.com/en
Официјален сајт на АТП турнеата: http://atpworldtour.com
Телевизија која ќе го пренесува турнирот: СК1, МРТ
Па нека победи најдобриот!
И нека има квалитетна дискусија, без да ми отварате работа.