Ние сме 5 члено семејство, сопругот, јас две керки од 19 и 16 години и син од 6 години. Сопругот е од Србија, па така значи нема никаков имот тука во Македонија,а во Србија располага со еднособна трошна куќарка која за време на војната ја даде да ја користат избеглици од Босна. А ние дојдовме во Скопје во куката на моите родители,каде веке живееше и мојот брат со сопругата и 2 керки. Најискрено нашиот престој беше се само не достоен, значи живеењето таму додека не најдовме работа си го одработувавме со готвење, чистење, чување деца на братот и сл. Кога малку застанавме на свои нозе (и јас и сопругот се вработивме) заминавме да живееме како потстанари во стан во ново Лисиче. Но еве пред 2 месеца јас сум без работа и сега само со негова плата од 21,000 се обидуваме да опстанеме. Значи плаќаме кирија 130Е,парно, струја и се останато,а најстарата керка е студент, другата 2 година средно и малиот е 1 одделение. Почнаа доцнења со плаќања сметки само за да се плаќа киријата навреме (дури сега плативме за Август) но се насетуваат намерите на газдарицата и осеќаме дека прашање е на време кога ќе ни каже да го напуштиме станот.
Молам некој од членовите на Форумов доколку знае некоја информација за поевтина кирија не е битно дали е стан или кукарка нека ми пише во сандаче,НАЈИТНО што може.Целото семејство ќе ви биде благодарно.
Молам некој од членовите на Форумов доколку знае некоја информација за поевтина кирија не е битно дали е стан или кукарка нека ми пише во сандаче,НАЈИТНО што може.Целото семејство ќе ви биде благодарно.