ЕХО - Денови на планинскиот филм

  • Креатор на темата Креатор на темата Dave
  • Време на започнување Време на започнување

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Локација
Zombieland
2-05.png

http://www.ehofilmfest.mk/
https://www.facebook.com/events/222938764533325/?source=1

Почитувани вљубеници во планините, го најавуваме 4-тото издание на ЕХО – Денови на планинскиот филм. Како и во изминатите години, така и овој пат, програмата се состои од филмови и презентации, кои се посветени на најразлични активности преку кои луѓето ја истражуваат природата, комуницираат со неа, ја спознаваат, се инспирираат од неа и се вљубуваат во неа – за потоа со големо нетрпение да ја чекаат повторната средба!

Сигурни сме дека направивме вистински избор на искрени приказни: за спелеолошки истражувања, алпинистички искачувања, патешествија „до крајот на светот“, акробатски летања со параглајдери и блиски прелетувања со „wing suit”, исчекувања на совршената ски сезона, сноуборд поезија во летање во урбани средини и планински белини, медитација во кајак на диви води и планински пејзажи... Никој нема да остане рамнодушен и сигурни сме дека после Фестивалот, после еден ден одмор, во текот на викендот кој следува потоа – полни со нова инспирација, вие ќе ја пишувате вашата нова приказна. А ќе бидеме најсреќни и ако потоа ја споделите и со нас ;)

Џон Мјур на времето рекол: „Планините ме повикуваат и јас морам да одам!“. Ние оваа година, од 28ми до 31ви Октомври ви велиме: „ЕХО ве повикува и вие морате да дојдете!“ Ќе биде многу убаво! Многу убаво!

28-31 Октомври, 18-22 часот, МКЦ – кино Фросина.
Влез бесплатен



Јас лани бев на неколку презентации и изгледав неколку филмови. Специфични се, се однесуваат на екстремни спортови, но сепак има доста што се убаво филмски обработени, па затоа ја отворив темава овде. Кино Фросина, влез бесплатен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom