- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.047
- Поени од реакции
- 16.577

Второто по ранг натпреварување во Европа, денеска ќе го има својот почеток, ден пред почетокот на Евролигата, екипите во Еврокупот ќе ги стартуваат натпреварите.
Оваа година кај нас ова натпреварување ќе привлече големо внимание, бидејќи во него ќе учествува МЗТ Скопје, екипа која доби вајлд карта од УЛЕБ, а за таа карта се избори преку одличните игри во АБА лигата, каде екипите од Јадранот гледаат шанса за излез во Европа.
Натпреварувањето од оваа сезона ќе биде малце изменето, па наместо 32 екипи, оваа година тие ќе се 42, поделени во 8 групи од по 6 екипи.
А тие групи се поделени во две дивизии, Источна и Западна, нешто налик на НБА.
Најдобрите три екипи од секоја група (24 севкупно), и 8 екипи од Евролигата, екипи кои нема да се пласираат во Топ 16 фазата, ќе ја сочинуваат Last 32 фазата во ова натпреварување, а ќе се поделени исто така во 8 групи, од по 4 екипи. Од тука најдобрите две екипи од сите осум групи ќе ги склопат паревите за 1/8 финалето. 1/8 финалните натпревари ќе се играат по системот дома/гости. И се така до финалето, кое е закажано за 1ви и 7ми мај 2014. Победникот во ова натпреварување наредната сезона ќе игра директно во Евролигата.

За нас најбитни ќе се настапите на МЗТ Скопје, па за тоа само нивниот распоред ќе го вметнам во овој воведен пост. За другите ќе оставам линк, каде ќе може да ги видите и останатите групи и натпревари.
ВЕФ Рига - МЗТ Скопје, 15.10
МЗТ Скопје - Макаби Хаифа Базан, 22.10
Банвит - МЗТ Скопје, 30.10
МЗТ Скопје - Калев Талин, 4/5.11
Уникс Казан - МЗТ Скопје, 12/13.11
МЗТ Скопје - ВЕФ Рига, 19/20.11
Макаби Хаифа Базан - МЗТ Скопје, 26/27.11
МЗТ Скопје - Банвит, 3/4.12
Калев Талин - МЗТ Скопје, 10/11.12
МЗТ Скопје - Уникс Казан, 17/18.12
Ексклузивно, натпреварите на МЗТ во ова натпреварување ќе ги пренесува МРТ. Почнувајќи од денеска, во 18 часот, каде е закажан првиот натпревар на „Металците“.