Образование - организирано перење мозок?

  • Креатор на темата Креатор на темата akto
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Имаат среќа што сум баниран на соодветната тема....:pos:
И овој модераторот е атеист и се плаши да ме одбанира...:P
После секташиве, највише ги сакам паметните атеисти..;)


НАмерно те банираат модераторите, во немоќ да се справат со тебе.
 
:pos:
Ај доста е, има други теми за ова..
Примаме секакви жалби и поплаки, со исклучок на тие од Џурџ кои ги решава цела администрација со референдум.

Него шо сакав да прашам..
Дај да попрајме муабет, во подконтекст од темава.. Наместо образование, нека бидат парите. Зошто?
Денес се материјален двигател на опшествово. За да се стигне до нив, потребно да не испери системот на образование, политика, економија... и еден ден да поче да врти тркалото. Да се прехраниме сами, фамилијата.. деца, внуци.. итн итн
Е сеа, колку парите се навлезени во духовниот свет?
Колку денес религијата ширум светот е тесно поврзана со пари?
Дали таа може да опстане без нив????????????????

Муабетов ми е, кај што има пари, мора да постои интерес. Ево пример, не сакам да навредам други, ќе си почнам од нашата МПЦ.
Што ја прави неа проазлична од една политичка партија?
 
Што со мирисот на тревата Гурџи?
.



Eee ме потсети муабето на Чекушот од Охрид... уфф чоек каква трева тој одгледуваше, мирисаше ... на рај! а те обземаше како хор на ангели со пратња синтизајзери и саксофон!
 
:pos:
Ај доста е, има други теми за ова..
Примаме секакви жалби и поплаки, со исклучок на тие од Џурџ кои ги решава цела администрација со референдум.

Него шо сакав да прашам..
Дај да попрајме муабет, во подконтекст од темава.. Наместо образование, нека бидат парите. Зошто?
Денес се материјален двигател на опшествово. За да се стигне до нив, потребно да не испери системот на образование, политика, економија... и еден ден да поче да врти тркалото. Да се прехраниме сами, фамилијата.. деца, внуци.. итн итн
Е сеа, колку парите се навлезени во духовниот свет?
Колку денес религијата ширум светот е тесно поврзана со пари?
Дали таа може да опстане без нив????????????????

Муабетов ми е, кај што има пари, мора да постои интерес. Ево пример, не сакам да навредам други, ќе си почнам од нашата МПЦ.
Што ја прави неа проазлична од една политичка партија?
друже, у мпц (иако си е наша и треба да ја сакаме) нема ништо верско.дури и баба ми кога бев клинец, 5-6-7 год, ми викаше поп да сум станел, пошто пари имало во тоа. ќе сум запеел, зачател по 2-3 пати во денот и ете парички.
така да на прашањето дали може да опстане без нив, .... НЕ. тоа им е смислата на постоењето, да ги множат парите. и тука не само за мпц, него и за сите останати религии. единствено абориџините би ги издвоил од овде, но и тие ќе бидат дел од ова во блиска иднина.
 
Темава во целост ја има во It's Always Sunny in Philadelphia Сезона 8,епизода 10 на комично сатиричен начин :)

Јас не верувам во бабини деветини од типот на фантастики ко Библии,Курани,Тори и сл.
Јас не верувам во еволуција,која исто е недокажана теорија,во која е барана и најдена некаква логика,која пак ќе речам не е докажана,имаш избор да бираш дали "веруваш" или не.
Генерално науката има фактички докази,но не ја мешајте науката и технологијата,со потеклото на човекот.Не значи дека ако технолошки,општествено,научно се развил човекот,дека во таа кола може да се вози и еволуцијата.Еволуцијата се базира на потеклото на човекот,организмите,но никогаш не е докажано како тие организми настанале.Еве еволуцијата збори за бактериите,зошто тогаш само на земјата се створени услови за живот?Кој ја тераформирал земјата,дали со експлозии,како се создала атмосферата и сл.Како настанале тие бактерии,од каде дошле,зошто ги нема на другите планети?Ќе фантазираме за метеори,за судирања со Месечината,со Марс и сл?Тоа веќе не е еволуција.Еволуцијата вели дека човекот и мајмунот има ист предок,и ќе нареди низа на поколенија кои се слични но фали една алка,кај што се издвојува човекот и тука еволуцијата запира со нејзината теза.Човекот и свињата се 95 % исти,имаат исти органи.Дали во себе гледате свиња?

На крај вие бирате,погледнете се во огледало и видете дали гледате мајмун во далечина.Ако верувате дека некој од "горе" над небото може да лебди и да управува со светот,ваша работа.
Многу големи мозоци размотрувале со идејата на потеклото на човекот,сигурно на форумов нема да го докажеме тоа,но денес се "верува" на база на мода,она што е ИН,она што е сервирано ко непостоечки докази.Наш си е изборот во што ќе веруваме и дали воопшто ќе веруваме во нешто.
 
Јас утре ќе имам 42 години. .
Stavros...epa aj sreken rodenden....dosta lazarici si napolnil a aklot ne ti e dojden uste.
Ti go isprale mozokot komunjarite koga si bil mlad preku obrazovanieto ,pa sega mislis deka si nastanal od majmun,....
Ova kolku da se drzam do temava, da ne me banira Nikolco i ovde.
 
Знам дека ова што ќе го кажам ке звучи игнорантско,дури повеќето од мислењата не ги прочитав сакам само да кажам за сите оние кои не веруваат во науката и велат дека е тоа лага базирана на претпоставки и упростувања слично како и кај религијата да ги фрлите компјутерите на кои го читате ова моментално преку прозор зашто вие не верувате во нив.Компјутерите како и безброј нешта денес се овозможени само поради напредокот на науката која воспоставила ''теории,претпоставки'' на кои сите тие нешта и нивната функција се базираат ако не беа вистинити тогаш ни тие немаше да функционираат.
 
Образованието потфли во секој аспект од неговата цел, не не направи доволно скептици.

Да те корегирам, образованието никад не потфрлило....се си оди по план, па и твојата констатација меѓу другото.
 
Мислам секаде имаш влијание и перење на мозок. Перење мозок имаме преку серии, филмови, радио, весници, социјални мрежи, владини реклами :) инт.
И се тоа е ок, само религиозното перење мозок е проблем.
Не сме малце дволични.

Околу религијата се согласувам со тебе, иако почитувам еден дел од нејзе кој посебно се однесува на нашиве краеви, а се однесува на некакво зачувување на некои културни и уметнички вредности што е друга тема сепак.

Прочитај си ја книгава како за почеток, имаш некои погрешни согледувања околу науката.

http://en.wikipedia.org/wiki/The_God_Delusion

...не знам дали е преведена кај нас, ама ако имаш познавање на англиски доволно мислам дека не е проблем, начинот на пишување е многу разбирлив.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom