Колку всушност е силен еден човек?

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
P

Princ

Гостин
Кога бев мал, како и сите ние, верував во приказни, приказни во кои секогаш доброто го надвладува лошото. Ви текнува на Супермен, Бетмен и остала багра, вечните борци на правдата, вечните непријатели на лошиот (Супермен цел живот” им помагаше на оние на кои животот им беше во опасност, додека Бетмен го имаше постојаниот пријател Робин и вечниот непријател Џокер).
Сега сум нешто постар (и поглуп) и се соочив со вистинскиот суров свет. Свет во кој твојата добрината се мери со цифрите на банковната сметка, свет во кој себичноста е пред и над све, свет во кој ќе успееш само ако го заебеш другиот.
Сакам јавно да се извинам за мојата заблуда. Постојат луѓе (вистински бре, од месо и коски и остали органи) кои се издвојуваат од џганот спомнат во погорниот пасус. Постојат луѓе силни и храбри како татково на видео клипов, кои и со тежината на хендикепот на неговиот син има направено толку необични работи (зш необични се прашувам кога се работи за негов син) што ќе те натера да ги баталиш и Супермен и Бетмен.
Човеков пливал 4 километри додека неговиот хендикепиран син лежел во бродчето, за веднаш потоа да го качи напред на неговиот велосипед, да го вози уште 180 километри, дел од патот на велосипед а другиот дел буквално да ја турка инвалидската колика. И сето тоа во еден ист ден!!
На него според мене, Бетмен и Супермен можат само да го измасираат додека он го носи син му во рацете од бродчето до велосипедот, а некоја млада мома да го прска со ладна вода од бунар за да го освежи.

Прашањето е во насловот. Што мислите вие, колку е силен еден човек? Дали желбата да направиш нешто е се` што е потребно (јас мислам дека е) и колку често таа желба е посилна од срамот за ”такво проклетство” па и покрај него, да направиш нешто толку необично и не за друго, туку само за син ти да ”истрча” еден маратон.
Маратон достоен за почит.

Клипот:

http://www.on.net.mk/WBStorage/Files/tatko%20i%20sin.flv
 
Ne se somnevaj vo mokta i silata na edna majka i na eden tatko. Prevrtuvaat nebo i zemja za rozbata.
Toa e ona vistinskoto.
 
Искрено казано тоа што го направил тој човек, е нешто што секој родител би го направил за своето дете, и секој таков подвиг е стварно за почит.:aplauz: :aplauz: :bravo: :olee: . а за прашањето колку е силен еден човек? не знам тоа е тешко да се дефинира, би требало човек да е силен толку колку што лугето околу него го сакаат и почитуваат. Ја мислам дека е така. Инаку браво за темава одлична е :bravo:
 
doombringer напиша:
Искрено казано тоа што го направил тој човек, е нешто што секој родител би го направил за своето дете, и секој таков подвиг е стварно за почит.:aplauz: :aplauz: :bravo: :olee: . а за прашањето колку е силен еден човек? не знам тоа е тешко да се дефинира, би требало човек да е силен толку колку што лугето околу него го сакаат и почитуваат. Ја мислам дека е така. Инаку браво за темава одлична е :bravo:

Се согласувам дека тоа што го направил тој човек е нешто што секој родител би го направил за своето дете, ако и ти се согласиш со мене дека во денешниов свет таквите случаеви се многу ретки (кога некој родител толку би направил за своето "такво дете") бидејќи денес луѓето се во трка по пари, по слава, по незнам што. Најчесто се случува тоа, без разлика кој е влогот, макар и своето чедо.

Инаку да и одговорам на Ece тука и да не отварам нов пост: темата одлучив тука да стои. Инаку по некоја логика спаѓа во општи муабети, философија, Љ и С (хехе, нели збориме за љубовта од некој кон некој друг), здравје... Ама одлучив овде да стои бидејќи сепак збориме за некој поблизок член на семејството, односно однос родител-син во случајов.

Поздрав :)
 
kolku i da si golem i silen i uspesen i bogat i cesen i .....(sve drugo najdobro) , nikogas nema da bides pogolem od planina ili okean
:)
 
dajte mi dovolno golem lost i kje go krenam svetot so race
 
Princ напиша:
Маратон достоен за почит.

Не за почит, туку восхитување!

Човекот не може да биде силен само физички да биде комплетен, туку првенствено мора да има срце...за мене срцето (читај храброста) е параметар бр.1, без храброста нема ни чесност, нема ни гордост, нема ни почит, а најмалку восхитување.
 
секој човек е силен онолку колку што мисли дека е силен
 
a n g e l c e напиша:
секој човек е силен онолку колку што мисли дека е силен
Низ колку само болки и страдања ке помине човекот од твојов пример. Погледни околу себе, доколку МИСЛИШ дека можеш сама да го кренеш у раце шпоретот или веш машината, да ли тоа и ке се случи?
За човекот зборат неговите дела...
 
Колку е силен? Во случајов - родителот, НАЈСИЛЕН за секое дете :cuc:
 
Da bidam iskren, ne veruvav deka sum silen tolku kolku sto ispadna deka sum. Izgleda silata od makata proizleguva :)
 
nema sustestvo sto moze da ja opishe covekovata sila
taa e promenliva i vo zavisnost od okolnostite taka i se manifestira..
silata na covekot se gleda vo momentite koga mu e najteshko
 
Ствараме потомство за да се бориме и живееме за него. Силата и љубовта од родител кон дете неможе да се измери, таа е недостижна, безусловна... Го подигаш од мали нозе, гледаш како се развива во животот секогаш со две раширени крила и не даваш од дождот ни една капка да падне врз него. Секој ден ја чувствуваш болката од животот потиснувајки ја длабоко и подаруваш еден прекрасен бакнеж и насмевка. Љубовта кон децата планини мести, и отвара пат за да помине една река.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom