Повраток на ДДВ за физички лица? (Мој ДДВ)

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
На денешна прес-конференција, Зоран Заев претстави „Проект за повраток на ДДВ за секој граѓанин“.

Според наведеното, целта на „проектот“ е: на секој краен потрошувач да му се враќаат 15% од платениот ДДВ.

Какви ќе бидат ефектите од примената на оваа економска мерка:

- со враќањето на 15 проценти од ДДВ-то, на граѓаните ќе им бидат вратени 8 милијарди денари (околу 130 милиони евра) годишно;

- На пример, на фискална сметка од 10.000 денари, за која се плаќа ДДВ во износ од 1.800 денари,15-те проценти од ДДВ-то што им се враќаат на граѓаните изнесуваат 270 денари;

- ова значи помеѓу 20 и 30 илјади денари годишно за секое семејство во Република Македонија кое поседува фискални сметки;

- Со можноста за повраток на 15 проценти од платениот ДДВ, секој граѓанин ќе има мотивација да инсистира на издавање фискални сметки. Всушност, така сите граѓани би ја имале улогата на „даночни инспектори“;

- Преку тоа, ќе се избегне криењето на вистинскиот промет и плаќање данок и сериозно ќе се намали таканаречената „даночна евазија“ која сега, според последните податоци на Управата за јавни приходи изнесува 35 проценти, а деновиве беше објавено дека непријавувањето данок изнесува дури 60 проценти;

- Управата за јавни приходи ќе нема основ за заплашување и затворање на фирми и дуќани заради даночна недисциплина;

- На ваков начин се зголемува потрошувачката моќ на граѓаните;

- Враќањето на ДДВ-то кон граѓаните ќе се прави квартално, на секои три месеци;

- По враќањето на целокупниот износ на ДДВ кон граѓаните, во буџетот на Република Македонија ќе останат околу 2 милијарди денари, (или над 30 милиони евра) повеќе пари отколку сега.

Колку е изводливо ова, ако се знае дека во континуитет уназад со години имаме буџетски дефицит?
 
Никој не слуша паметна идеја сите гледаат да земат нешто за нив...
Ни Заев ни Груевски ни Црвенковски никој неможе да ја опрае оваа наша мала "мила" држава...
 
Колку е изводливо ова, ако се знае дека во континуитет уназад со години имаме буџетски дефицит?

Ова би го зголемило буџетот и би го намалило дефицитот. ДДВ-то фактички би се намалило на 15.3%, ама затоа обемот на негова наплата двојно би се зголемил. Интересна мерка.
 
Доста паметен предлог, изненаден сум.
али тешко дека некоја влада ке се откаже од овие пари :D
 
Интересна идеја. Од ова ем граѓаните ќе имаат корист, ем државата. Граѓаните ќе може за истите тие пари повторно да купуваат производи што секако е добро за економијата, ќе се зголеми куповната моќ и сл. и ова ќе дојде како дополнителен приход за секој граѓанин. Плус како што кажал Заев секој граѓанин тогаш ќе си бара фискална сметка и ќе си ја зема, ќе се намали бројот на фирми кои нема да издаваат сметки и автоматски со тоа и фирмите имаат корист бидејќи ќе им се намали бројот на контроли од УЈП и астрономските казни што ги плаќаме за неиздавање сметки. Тука секако и државата има корист, ем ќе влегуваат повеќе пари во буџетот ем дефицитот ќе се намалува постепено. Морам да признаам дека сум пријатно изненаден од оваа стратегија, не мислев дека има политичар во Македонија кој може да смисли некое паметно и поволно решение за добро на граѓаните.
 
Одлична мерка ако некој пат види светло. Секој граѓанин најдобро знае како ке троши откако ке му се вратат парите од ддв,наместо државата да решава што е добро во негово име да ги троши. За наплатата се слагам дека неколку пати ке се зголеми бидејки секој ке има интерес сметка да си бара.
 
Не може физичко лице да бара поврат на ДДВ. Инаку нема веќе да се нарекува Данок на ДОДАДЕНА вредност. Секогаш последниот во ланецот го плаќа целосниот износ на данокот. Освен, ако физичкото лице го продаде тој производ на некој друг. Во овој случај би била државата краен купувач на стоката, што нема логика
 
А како тоа би успеале на секое физичко лице да му го вратат ДДВ-то?
 
А како тоа би успеале на секое физичко лице да му го вратат ДДВ-то?

Имаше ваков муабет пред неколку години. Вака нешто: чувајте ги сите фискални сметки преку цела година, па дојдете во УЈП да си ги подигнете парите платени по основ на данок. Ова само луѓе кои никогаш не биле во допир со даноци може да го сватат како реално. Прашај било кој економист, да видиш каква насмевка ќе добиеш
 
А бе кој ви дава пари беееееееее, будала народ :icon_lol:. Уште едно празно ветување од политичар, кое што ништо не значи :icon_lol:, очекувајте вакви слични бисери во иднина треба власт да се зема, кокаин да се шмрка, курви да се дупат, педери да ги ебаваат...
 
Имаше ваков муабет пред неколку години. Вака нешто: чувајте ги сите фискални сметки преку цела година, па дојдете во УЈП да си ги подигнете парите платени по основ на данок. Ова само луѓе кои никогаш не биле во допир со даноци може да го сватат како реално. Прашај било кој економист, да видиш каква насмевка ќе добиеш

Плавооко ти мислиш дека проблемот е што системот не е можен или не е можно физички на сите да им се вратат физички парите?
 
Плавооко ти мислиш дека проблемот е што системот не е можен или не е можно физички на сите да им се вратат физички парите?

Самиот данок е воведен да се оданочи новата вредност што ја има некој производ. Пример со леб, производ што сите го купуваат.
Производител - земјоделец ддв 1
Купувач - мелница, преку фактурата кога купува пченица го плаќа ддв1 и создава ддв2
Купувач - фурна, преку фактурата за брашно плаќа ддв2 и прави леб, создава ддв3
Купувач - граѓанин, преку фискална купува леб и плаќа ддв3 кое е збир на сите ддв претходно.
Производот леб поминува низ 3 фази, од пченица до финален производ. Во секоја фаза има своја цена и додадена цена (додадена вредност), па затоа и данокот се нарекува така. Само последниот го плаќа целосниот износ на ддв од сите фази.
Сега има две варијанти:
1. Државата да се јави како фиктивен купувач на се што ќе купиме, па таа да го "плати" ддв-то сама на себе
2. Граѓаните да ги чуваат сите фискални сметки преку цела година, па на крај да одат до УЈП и да си побараат поврат.
Првата ситуација е невозможна, затоа што држава не создава капитал, таа само располага.
Втората ситуација е возможна, само ќе биде глупава. Ако им се враќа ддв-то на сите, тогаш зошто воопшто да постои како данок и да се собира? Данок не се пари кои се земаат на заем од граѓаните, па после да се вратат назад
 
па добро познато е зашто се собира данокот и ок немора 15% нека вратат 7%
али верувај дека у значителен број ке се намали затајувањето на данок, преку ова можат да ги фаќаат и оние што работат на црно али да не навлегувам у тоа :)
и да создава државата капитал преку државните фирми, земјиштето, недвижностите итн итн
 
2. Граѓаните да ги чуваат сите фискални сметки преку цела година, па на крај да одат до УЈП и да си побараат поврат.
Втората ситуација е возможна, само ќе биде глупава. Ако им се враќа ддв-то на сите, тогаш зошто воопшто да постои како данок и да се собира? Данок не се пари кои се земаат на заем од граѓаните, па после да се вратат назад

Зошто глупава, како што може на фирмите што мораат да платат ДДВ штом фактурираат, па после им ги враќаат, може и на физичките лица.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom