Shanghai Rolex Masters | 07-13 октомври, 2013 |

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefan-kobe
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде победник на турнирот?


  • Вкупно гласачи
    28
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 август 2010
Мислења
40.407
Поени од реакции
118.851
Рано утринава почнува претпоследниот Мастерс годинава кој се одржува во Шангај, Кина. Титулата ја брани Новак Ѓоковиќ кој лани го совлада Мареј во еден од најинтересните и највозбудливите финални мечеви на Мастерсите, откако спаси 5 меч топки.
новак.jpg

Натпреварите ќе се играат во Qi Zhong Тенис Центарот.
шангај.jpg

На турнирот нема да настапи Енди Мареј кој поради операцијата на грбот ќе го пропушти останатиот дел од сезоната. Прв носител а и најголем фаворит за титулата е Новак, втор Надал, трет Давид Ферер а четврти Бердих. Тука се и останатите тенисери од топ 10, без никакви исклучоци.

Еве го и комплетниот ждреб http://www.atpworldtour.com/posting/2013/5014/mds.pdf
Во 1/4 финалето Федерер оди на Ноле, Цонга на Ферер, Вавринка на Надал и Делпо на Бердих.
Очекувам квалитетен турнир и доста добар тенис, а пред се и квалитетни дебати без непотребни и малоумни постови. Нека победи најдобриот! :)

П.с. Гласав за Ноле, ја одржуваме традицијата. :D
П.п.с Заборавив да напоменам, доста интересна ќе биде битката за Лондон, Федерер, Цонга, Гаске, Раониќ и Вавринка се борат за да влезат на завршниот Мастерс.
Roger Federer 3055
Stanislas Wawrinka 2970
Richard Gasquet 2950
Milos Raonic 2680
Jo Wilfried Tsonga 2605
 
ДелПо освои турнир очекувам овој турнир да се пакува многу рано,како по принцип топло-ладно што си игра.


Новак тежок ждреб многу,Федерер-Гаске би требало да бидне страшно интересен меч,прв натпревар на Федекс после УсОпен,што е со Јановиц има некој информација зошто не учествува или се спрема за Париз,да си брани 600 поени.


Очекувам Алмагро и те како да го намачи Бердих како што му е редот во секој нивен меч иако Алмагро има мал пад во формата.

Во половината на Ферер и Цонга кои мизерии од тенисери има,со слабата форма на Ферер и што-туку залечениот Цонга,не ми бе чудело Жил Симон да догура до полуфинале.


Во финалето гледаме пак класик,Ноле-Рафа.
 
Навивачки си гласав за Надал, иако можеби Новак има поголеми шанси за победа. Ќе има доста добри четвртфиналиња, посебно Делпо - Бердих (ако не падне едниот).
 
Колку ме нервира овој Надал со тие негови ритуали уво-уво-нос-шишка-гз-уста па тек тогаш сервира.. неможам да го гледам.
 
Нормално, новиот број 1 е главен фаворит за титула во Шангај, и зголемување на водството пред Новак Ѓоковиќ.

Гледаше некој дубл мечот на Федерер? Распали неговиот дубл партнер Жанг :))
 
До Жанг беше тоа што толку убедливо победија? Јас па мислев Федерер има распалено
 
Сега од кога Надал е на првото место на АТП, многу песимистички гледате на работите. Нели беше целта да се освојуваат турнири, а не да се задржува тоа прво место, кое кога - тогаш ќе го изгуби.
Или ако го освои турнирот ќе биде неочекувано.
Човекот кој изигра неверојатно сезона, тешко дека ќе ја повтори некогаш, не ви е прв фаворит за освојување на турнирот, хм..
Башка секој има право на свое мислење и гледање на работите.
 
Едно е мислење да дадеш друго е твоето. На земја додека беше Новак прв на листата кој беше прв фаворит за освојување на турнирите, Новак или Надал? Затоа не биди контрадикторен.
 
Како наеднаш се изменија работите после само една победа на Новак над Надал, чудо едно.
 
Фаворит се одредува според форма, резултати и ранг листа, значи доста фактори влијаат за тоа кој ќе е прв фаворит. Надал е најдобар сезонава да, е број еден да, ама турниров се игра на тврда подлога, Ноле е во одлична форма моментално, Надал не е, така да не гледам зошто да не е прв фаворит Ноле. Еве ако не ми веруваш мене отиди во некоја кладилница и види кој е прв фаворит за освојување на турнирот.
 
Грешка гласав сакав за Надал, а за федерер ми се кликна.
 
Oтидоа французите во неповрат, прво Гаске, а сега и Жил Симон си ги собраа парталите. Колку лабилни се, бетер од ВТА турот.

Иначе, дождот ја јебе програмата. Се играат натпревари само на централниот терен.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom