Стипендии за студирање во странство (2014-2015)

  • Креатор на темата Креатор на темата Meh
  • Време на започнување Време на започнување

Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.211
Иако можеби има слична (генерална) тема, во ред е да ја отворам оваа каде што може да се споделуваат искуства при аплицирања за стипендии (претежно Мастер) во странство.

Еразмус Мундус, Еразмус (single :)), Германија (DAAD), Норвешка, Шведска...

Повелете.

Шведска ги измена своите правила лани (почна да наплатува и за самата апликација - 100 евра), Норвешка има по малку неразбирлив систем, Германија - мораш да знаеш германски...итн...
 
Јас оваа година одам во Словенија преку Еразмус ЛЛЛ и јас си ја платив апликацијата. Со апликацијата поминав лесно, само малку закаснив, процедурата трае 3 недели. Документи што требаат се потврда дека ќе бидете студент на тамошниот универзитет, здраствено осигурување, потврда од матичниот универзитет во врска со месечните примања, потврда од суд дека не сте осудувани(преведена), потврда од полиција дека не се води кривична постапка против вас(исто преведена) и тоа мислам дека беше.

Во врска со сместувањето си аплициравме за дом и не примија. Каде ќе бидеме сместени на лице место се дознава. Словенците имаат многу добар систем за студентите во врска со исхраната и скоро на се со студентската картичка има попуст.

Повеќе..кој го интересира нека праша.
 
А со ова програма неморат универзитетите да имет протокол за соработка или нешто слично.
 
Мислам дека треба, и двата универзитета треба да се вклучени во програмата. На пример, во мојот случај за мојата програма ми беа понудени Бугарија и Словенија. Другата програма, Еразмус Мундус има повеќе универзитети кои се вклучени, знам затоа што на моја колешка што исто оди оваа година и беа понудени повеќе земји. Знам дека постои разлика меќу нив, мундус имаат поголеми стипендии. Кои се другите разлики не знам.
 
А чекај. Ти студираш на некој македонски универзитет или дирекно се запиша во Словенија?
Јас искрено прв пат слушам за “ллл“. Ќе можиш да ми објасниш накратко за програмава. За Мундус знам дека ојш 1 или 2 семестри во некоја друга држава. Дали и ова е исто така.
 
Да, јас студирам тука на УКИМ, оваа година ќе ја слушам во Словенија. LLL e Long Life Learning. Исто може или еден или два семестра. Јас ќе бидам два затоа што морам да ги покријам предметите одовде со нивните програми. Ние имаме малку поголеми разлики со словенците. Јас за да ги покријам своите предмети одовде, таму ќе слушам предмети со 3,4 и 5 година.
 
И јас прв пат слушам за LLL како опција, но штом дополни подолу со твоите коментари, истата се однесува на exchange, не на добивање degree. Убаво да се знае за неа.

За Словенија, да...мислам дека огромен број на Македонци одат таму на студирање. Feelѕ like home.

Со среќа...

Истражуваме натаму...
 
Знае ли некој како е за во Русија студирањето или САД ?
 
Дали има можност за студирање една година во странство (пример само четврта), преку соработка меѓу факултети и слично и како одат тие процедури? (со или без вклучена стипендија)
 
Да, тоа е размената на студенти, прочитај погоре, јас пишував за тоа.
 
Аха да... а каде да се обратам за подетални информации околу овие размени, начинот на кој се остваруваат, дали воопшто се доделуваат стипендии за студирање во странство итн?

Конкретно мојот факултет (Економски) има вклучено договори за потесна соработка со преку 30 факултети низ Европа и САД. Дали под тоа потесна соработка спаѓаат овие факултети преку кои се остварува размената ?
 
За ова треба да прашаш со координаторот што е одговорен за размената на студенти. Кај мене конкретно продеканот за настава е координатор за Еразмус програмата, а продеканот за наука е координатор за Цепус програмата. Ако имаат склучено соработна треба да видиш дали подразбира тоа и размена на студенти. Кога одиш преку Еразмус па и Цепус, тоа значи дека си стипендист за таа година, и универзитетот е тој што те финансира за тој семестар.

Во врска со програмите, еве линк
http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=42&glavno=42

мислам дека овде ќе најдеш се што те интересира, а дополнително распрашај се директно на твојот факултет.

Преку Еразмус во Словенија најголемиот дел од студентите што ќе одат се од економски факултет(зборувам глобално, не само за Македонија).
 
Фала ти многу, информацииве се доста корисни за сите (y)
 
Точно. Факултетите во Љубљана се најпопуларни во рамките на Еразмус (пред се за луѓето од на Балканот), затоа што Љубљана е блиску и е "наша"... :) Како најпопуларна дестинација, имаат голем прилив на студенти со долги и издржани CV-a, со тоа конкуренцијата е голема. Со среќа на секој оној што оди натаму. :)
 
Pa ne znam dali samo za balkanot, no vo Slovenija najmnogu studenti sto doagaat se od Spanija, toa e moj vpecatok.

koj ke ja odbere za prodolzuvanje na studiite ili razmena, definitivno nema da pogresi.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom