Плетење

Дали плетете?


  • Вкупно гласачи
    70

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Локација
Некаде над виножитото...
Значи вака.

Темава е за да видиме колку денешните македонски моми и невести, влечат и носат корени од традицијата.

Јас лично го сметам плетењето за една од нашите најголеми традиции, кои една мајка или баба, можат да го пренесат на своите женски чеда. Огромна штета би било да изумре.:(

Што мислите вие за плетењето? Дали тоа треба да биде традиција која мора да ја одржуваме, предавајќи им ја на идните генерации, моми македонки? И колку тие идни генерации би биле заинтересирани за вакво нешто? На кој начин да им се приближи плетењето, за да го прифатат и пренесат понатаму?

Девојки и жени, дали лично вие плетете? Што сте сплетиле до сега? Имате ли љубов кон оваа активност? Реално, колку време имате за да издвоите за плетење? Кој ве научил да плетете? Дали плетете на две игли или со чингелаче? Колку лично вие се сметате за добра плетарица?

Споделете видови на плетки, туторијали за тие што сакаат да научат да плетат, трикови, совети и финти за подобро да изгледа сплетеното. ;)

По можност, би сакала да постирате и фотографии од ваши сплетени дела. Без разлика какви се. (y)




Ќе ве молам без сеир и тролање на темава. БЛАГОДАРАМ!
Анкетата е само за лица од женски пол, бидејќи реално, мажите не плетат. Ако има некој таков, нека се покаже со постирани слики. Така да, МАЖИ, извинете за дискриминацијата. Најљубезно ве замолувам да не бидете дел од анкетата. Придонесете слободно во дискусијата, баш би сакала да чујам и ваше мислење за ова.


Ги замолувам модераторите да ги банираат сите машки кои ќе гласаат на анкетата.


Не знам дали го погодив форумов за темава. Ако не треба да биде овде, модератори, преместете ја.
 
Може да гласам у име на мајка ми?
 
Може да гласам у име на мајка ми?
Не! Зачлени ја на форумот и она сама ќе си гласа. Можеш слики да ставиш од тоа што сплетила.;)
 
Па и креаторот не се изјасни дали плете, вајда да.

Иначе плетењето навистина го ценам, сум прател баба ми и тетка ми порано кога плетеле и не е воопшто брза и лесна постапка, туку бара многу труд. За жал немам никаква плетена облека во моментов, а би сакал да налетам на некој рачно плетен бел џемпер за во зима (y)
 
ЗНам да плетам, ме научи мајка ми, ама се’ што имам сплетено се два шала. Едниот со дупки (промашив неколку котелци), а едниот без.
Одамна немам ништо сплетено, ама ќе почнам :)
 
Не знам да плетам, немам ни желба за тоа.

Мајка и баба ми знаат, али ни тие не се занимаваат со тоа одамна.
Голема благодарност за волнените чорапи, рај ми се за во зима.
 
Сакам да плетам ама не знам, мајка ми знае ама не сака да се замара да ме научи. За везење знам, интересно мие посебно за губење време. За плетење некако добив желба кога ги видов овие слики
https://www.facebook.com/pages/Плетива/414093061984281?fref=ts
Ако може некој да ме научи преку туторијали или нешто слично би било прекрасно
 
нас не во југословенско не тераа со цел памет на школо да плетеме и копчиња да шиеме, домаќинство мислам се викаше. Инаку до сега не сум плетел да кажам "професионално" миле или ракавици ако е тоа темата.
 
Еве се што можете да направите со плетење... навистина прекрасни се :)1029_567307986662787_360246632_n.jpg540693_567307906662795_1950777462_n.jpg557137_566874153372837_1976165013_n.jpg1016217_567307553329497_1054264952_n.jpg1174950_567298453330407_698532631_n.jpg1234805_567298219997097_900282114_n.jpg1238271_567307479996171_1563129394_n.jpg1240567_567722709954648_2108316440_n.jpg

Инаку до мене што се однесува јас незнам да плетам мајка ми едно време ме наговараше да научам но попусто бидејќи немав време а и нешто некоја огромна желба за плетење нема... но можеби малце е чудно мојот братучед плете бетер и од една жена :pos: Како што тој кажува: Мене ми го одбара мозокот а и воедно хоби мие.
 
Кога бев мала да. Си имав сплетено и црвени ракавици, без прсти нормално и со маааала помош од баба ми, и ептен се радував додека ги носев. Знам на баба ми и‘ помагав и додека плетеше за зима волнени чорапи, тие што со пет игли се плетеа. Таа ги започнуваше, а јас после на ‘правиот‘ дел плетев. :noze:
Иако знам како се плете, денес не плетам. Може го одмара мозокот, ама па и ги замара очите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom