- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.161
- Поени од реакции
- 1.324
ИНТЕРВЈУ СО Д-Р СТЕФАНО БЈАНKИНИ, ПРОФЕСОР НА БОЛОЊСKИОТ УНИВЕРЗИТЕТ
ЕУ МОЖЕ ДА СЕ РАСПАДНЕ СО ВОЈНА КАКО И СФРЈ
Ако Европската Унија не најде доволно силни средства да се справи со економската криза, ќе има војна и ќе заврши исто како што згасна Југославија. Затоа, земјите од Западен Балкан мора да размислуваат и за други алтернативни сојузи освен моментниот стремеж кон ЕУ. Ова е главната порака на д-р Стефано Бјанкини, професор по источноевропска политика и историја на Универзитетот во Болоња. Во интервју за „Дневник“, како научник кој уште од 70-тите години се фокусирал на Југославија и на состојбите на Балканот, зборува за перспективата на Македонија како држава која е силен фактор во Европа токму поради различните национални групи што егзистираат на ова парче земја.
Во едно свое интервју велите дека „Југославија ~ претходеше на Европската Унија“. На што точно мислите?
- Мислам на институционалната поставеност на системот, инаку станува збор за различни системи - социјалистички - југословенскиот во кој владееше пролетаријатот и демократскиот кој владее во Европската Унија. Но блиски се механизмите на носење одлуки, во Југославија осум републики и покраини одлучуваа, во ЕУ 28 земји-членки. Мене ме плаши што токму овој начин на владеење се покажа како убиствен за Југославија, која пред да се распадне со години се бореше со кризата. ЕУ исто така живее во една долга криза, и сведоци сме колку често политичарите се среќаваат обидувајќи се нешто да изменат, но исто толку долго време не можат да дојдат до некое решение што би било доволно силно да може да ја промени ситуацијата. Тоа се случуваше и во Југославија: постојано се зборуваше за некои реформи и изнаоѓање соодветни решенија, но на терен ништо не се гледаше оти републиките блокираа. Буквално истото сега се случува во ЕУ, каде што пак 28 земји не можат да се договорат. Тоа многу ме плаши. Ако механизмот нема сила, тогаш и самите држави ќе изгубат надеж дека може да се подобри и тоа е закана за мирот.
Велите дека ЕУ ќе заврши како Југославија?
- Токму тоа ме плаши.
Kаде е тогаш перспективата на Западен Балкан? Kога се зборува за патот на Македонија и другите земји кон ЕУ, некако с` повеќе се слушаат песимистичките прогнози, а с` погласни се предлозите за алтернативни сојузи наместо ЕУ...
- Алтернативи? Па тие секогаш постојат. Треба да се знае што може да се добие сега, а кои се алтернативите што нудат мир во иднина... Не смее да ја игнорираме моќта на големите сили како Русија, Турција, Kина, особено Kина, која има силно присуство и влијание во Србија, Македонија, Хрватска, Словенија. Во случај ако ЕУ не ја преживее кризата, односно не најде начин како, ќе избувне војна. И ако не успее да опстои, тогаш ние мора да се свртиме кон алтернативите.
Во фокусот на Вашиот научен интерес била токму Југославија, а по распаѓањето, правите и пошироки историски анализи на политичките и економските случувања на целиот Балкан. Kаде ја гледате Македонија за 10 години?
- Македонија е едно од најпозитивните нешта на Балканот, богата со различности, и е многу важен фактор за Европа, но пред с` многу добар пример што значи да се има толку култури на број и сите да живеат на едно место. Од друга страна, ова е многу важно да го разбере целиот Балкан, мора да се прифати дека луѓето се мешаат, живеат слеано на некој начин. Исто така, многу е важно да не се потценуваат потенцијалите на Македонија и останатиот Балкан за почитување на демократијата и европската интеграција, оти не беше за потценување ниту искуството на федерацијата на која ~ припаѓаа. Во овој контекст, ЕУ мора да најде некое решение кое не е добро и не е во корист само на Унијата, туку и за Македонија.
Ако на сето ова се додадат и проблемите со соседите, особено Грција, но и Бугарија кои не дозволуваат да се вклучи зеленото светло за Македонија пред врата на ЕУ, има ли решение?
- Ова е една многу деликатна ситуација бидејќи се работи не само за проблеми на меѓународните односи, туку и проблеми што никнуваат од непродуктивни ставови внатре во двете држави, непотребна националистичка политика и реторика. Затоа е многу комплицирано. Инаку, не гледам проблем ако Македонија се вика Македонија, не гледам проблем да има област што Грција ја нарекува Македонија и од друга страна да има една независна држава со истото име.
ДЕМОКРАТИЈАТА Е ВО КРИЗА
Освен економската криза во ЕУ, и демократијата е на стаклени нозе, цути расизмот и ксенофобијата, националистички радикални движења се во пораст...
- Демократијата е во криза, зошто? Демократијата се развива заедно со национална држава, тоа почнува во 18 век, па наваму, а создавањето на националните држави поттикна и уште една нова појава, а тоа е нацизмот. Тој може да се дефинира како екстремен пристап на конкретната нација или, пак, на нејзиното мнозинство. Но сега веќе не е така, ние не живееме во рамките на национални чисти држави ами во држави во кои има с` повеќе различности во еден систем, и тоа не само на ниво на Европска Унија, туку и за самите членки внатре. Тоа е многу јасно видливо во Македонија. Вие имате толку различни национални групи и сте хетерогена држава. И не само Македонија, сликата е иста и во Германија, Италија. На пример, јасно е дека во Европа втор турски град е Берлин. Ако сакаме да гледаме вака на нештата, тогаш мора да дејствуваме поинаку. Односно, демократијата мора да најде позитивни одговори на прашањето како да се владее со различностите. Во овој момент нема јасен одговор.
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=9C17B18B9684C14FAC5B63A42A6C4F6F