Нови политички ветришта од Техеран

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
После сопките на САД, преговорите сепак продолжуваат.

Продолжуваат нуклеарните преговори со Иран


9f58debf-1851-4be4-8239-7db884cf2c19

Иран потврди дека во четврток и петок во Женева ќе ги продолжи преговорите за неговата нуклеарна програма, што претставува важен чекор во спроведувањето на прелиминарната спогодба со шесте светски сили потпишана на 24-ти ноември исто така во споменатиот швајцарски град со којашто се суспендирани клучните елементи на нуклеарната програма на Техеран во замена за ограниченото ограниченото ублажување на санкциите кон него.

Разговорите на експертските групи би можеле да траат до сабота или недела, доколку биде потребно, пренесе иранската новинска агенција Fars повикувајќи се на заменикот на главниот ирански преговарач, Абас Аракчи.

Минатиот четврток иранските преговарачи ги напуштија техничките преговори во Виена откако САД стави дополнително 19 ирански компании и поединци на својата црна листа со постојните санкции, соопштувајќи дека таквите потези се спротивни на духот на нуклеарниот договор. Американскиот Конгрес, пак, тврди дека со тоа не се прекршува договорот од 24-ти ноември и дека САД однапред го предупредиле Иран дека тоа ќе се случи.

Од друга страна ОН вршат притисок.

ОН: Иран сериозно ги прекршува човековите права

Генералното собрание на ОН ја одобри резолуцијата со која се критикува Иран за сериозно прекршување на човековите права, вклучувајќи тортура и нејзината "алармантна" и честа употреба на смртна казна. Резолуцијата, исто така, ги поздравува ветувањата за почитување на човековите права како што се отстранување на дискриминација на жените и припадниците на етничките малцинства од страна на новиот ирански претседател, Хасан Рохани. Но, во резолуцијата, исто така, се критикува Иран за употребата на "нечовечки" казни, вклучувајќи камшикување и ампутации како и употреба на смртната казна против младите луѓе под 18 години. Пред гласањето ирански делегат им изјави на членовите на Генералното собрание дека резолуцијата не ја одразува фактичката состојба во Иран и оти ќе биде контрапродуктивнa.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom