Нови политички ветришта од Техеран

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.640
Поени од реакции
27.598
http://www.dw.de/нови-политички-вет...aca=maz-rss-maz-pol_svet_timemk-4725-xml-mrss

Новиот ирански претседател Рохани уште на почетокот на мандатот испраќа позитивни сигнали кон Западот. Западните земји се надеваат на напредок во разговорите за нуклеарната програма, а Иран за санкциите.

И за време на изборната кампања и во неговиот инаугуративен говор пред парламентот, новиот ирански претседател Хасан Рохани потенцираше дека решавањето на економските проблеми на земјата е негов приоритет. Во истовреме, тој најави дека ќе работи на подобрување на односите со Западот, чии санкции ја парализираа иранската економија.
Освен нуклеарниот конфликт, една од главните пречки за подобрување на односите со меѓународната заедница беше и анти-израелската реторика на претходникот на Рохани, Махмут Ахмадинеџад. Со неговите вербални напади против Израел и негирањето на Холокаустот, тој редовно се изолираше на седниците на Генералното собрание на ОН.
Новото раководство во Иран сега се обидува да го промени својот имиџ и да испрати помирувачки сигнали. Министерот за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф преку социјалните мрежи веќе ја честиташе еврејската Нова година, а притоа и додаде дека Иран никогаш не го негирал Холокаустот.

„Човекот кој го правеше тоа си замина“, напиша Зариф.
Набљудувачите гледаат уште еден позитивен сигнал во фактот што во иднина министерството за надворешни работи ќе раководи со преговорите за нуклеарната технологија на земјата. Досега тоа го правеше националниот Совет за безбедност.
„Одлуката на Рохани да го префрли нуклеарното досие во министерството за надворешни работи покажува дека владата сака да отвори нов пат во односите со Западот“, вели Реза Тагизадех, професор по меѓународни односи на Универзитетот во Глазгов.
Шефот на дипломатијата Зариф служеше како заменик-министер за надворешни работи и кај претходните двајца претседатели Рафсанџани и Катами, а долги години беше и шеф на мисијата во ОН. За време на амбасадорувањето во Њујорк тој често одржувал неформални средби со американски претставници на кои се разговарало за нуклеарната програма.
Преживување на системот
„Преговорите нема да бидат лесни затоа што Иран не сака да се откаже од својата нуклеарна програма. Но, новата влада е одлучна да добие олеснување на санкциите преку дипломатски средства“, смета Тагизадех.
Зариф е познат како личност која знае како, со дипломатски јазик, да ги пренесе идеите на врховниот лидер Али Каменеи, кој пак го има клучниот збор за нуклеарната програма. Прашањето е само какви се идеите на Каменеи?
Политичкиот експерт Мехран Берати е оптимист и смета дека катастрофалната економска ситуација во Иран ќе ги убеди неговите лидери да одберат нов пат во нуклеарниот конфликт за да го обезбедат преживувањето на системот. „Досега Иран се обидуваше да ја искористи нуклеарната програма за да го одржи статусот на регионална сила. Делува како Иран да го смени мислењето и постои зголемена можност Рохани и Зариф да се обидат да постигнат мирно решение за нуклеарниот конфликт“, вели Берати.


Интересен став, кој горе доле се совпаѓа со моите размислувања за ново преструктуирање на односите на Блискиот исток. Ќе видиме како Израел ќе реагира на овој потег.



 
Доста интересно, се надевам дека ќе успеат да се договорат некако со западот. Иран има огромен потенцијал и огромни извори на нафта и гас.
Само едно нешто ме буни, кој ќе биде “ѓаволот“ на Америка ако се зближат со Иран?

Дали на повидок е ново реструктруирање на Блискиот Исток?

Лично се надевам дека следни за “демократизација“ ќе се GCC државите.
 
Ваљда е некоја нова надворешно - политичка варијанта.
Се додека Иран е исламска република, и се додека власта е во рацете на свештеникот, Иран нема да биде пријател со западњациве.
А, ако веќе стане, тогаш Иран ќе наликува на оној од пред 1979, онаа верзија „Франција на Истокот“.

Што мене, не ми се допаѓа. Јас имам верба во Иран, кој може да се постави како иден нивелатор на светската политика.
 
Ваљда е некоја нова надворешно - политичка варијанта.
Се додека Иран е исламска република, и се додека власта е во рацете на свештеникот, Иран нема да биде пријател со западњациве.
А, ако веќе стане, тогаш Иран ќе наликува на оној од пред 1979, онаа верзија „Франција на Истокот“.

Што мене, не ми се допаѓа. Јас имам верба во Иран, кој може да се постави како иден нивелатор на светската политика.


Иста па и полоша ситуација е со Саудиска Арабија па види најголеми другарчиња се со Америка. Се е до интересите, тоа која религија се, не им е гајле, се додека вршат работа како што треба.
 
Иста па и полоша ситуација е со Саудиска Арабија па види најголеми другарчиња се со Америка. Се е до интересите, тоа која религија се, не им е гајле, се додека вршат работа како што треба.

Точно е дека на Америте не им е гајле која религија си. КСА, Пакистан,... се додека им одговараш. Нема (до толку) да се согласам дека КСА и Иран се „исти“. Од геостратешка положба, па се до типот на владеење.
Ваму владее корумпиран крал кој му се клања на Вашингтон, додека Хамнеи во Иран навистина верува дека ако го раководи Иран by the book (сега буквално бај де бук Коран), дека ќе оди во џеннет :D

Тоа создава разлика. Ни Ахмадинеџад со неговите реторики и празни млатења, ниту новиов, со полиберален пристап нема да ја сменат насоченоста на Техеран.

Башка што Иран има скоро 90 милиони жители, а наталитетот и фертилитетот ветува дека ќе имаат и 150, а и 200.
 
Доста интересно, се надевам дека ќе успеат да се договорат некако со западот. Иран има огромен потенцијал и огромни извори на нафта и гас.
Само едно нешто ме буни, кој ќе биде “ѓаволот“ на Америка ако се зближат со Иран?

Дали на повидок е ново реструктруирање на Блискиот Исток?

Лично се надевам дека следни за “демократизација“ ќе се GCC државите.
Не би рекол дека вистинскиот збор е доближување. Повеќе би било нормализирање на односите. Тоа би значело исфрлање од употреба на милитаристичкиот речник и на Иран и на Израел пред се.

На потег е Израел.
 
http://www.makdenes.org/archive/news/20130918/428/428.html?id=25109544

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека новиот ирански претседател Хасан Рохани најверојатно сака отворен дијалог со Западот и побара да се тестира таквата можност. Обама во интервју за Телемундо рече дека постои шанса за дипломатија со Иран, која се надева дека земјата ќе ја искористи.
Коментарот на Обама доаѓа по објавата од пред неколку дена дека тој си разменил писма со Рохани. Соопштението предизвика шпекулации за евентуална средба на двајцата лидери на маргините на Генералното Собрание на ОН во Њујорк.




Прашањето е дали Иран ќе го спасува Асад со дипломатија, или овие напори немаат никаква врска со Сирија.
 
Работите се случуваат со голема динамика во пресрет на генералното собрание на ОН.
Иран никогаш нема да развие нуклеарно оружје


Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека неговата влада никогаш нема да развие нуклеарно оружје и дека тој има целосни овластувања да дојде до договор со западните сили за спорната нуклеарна програма на Техеран. Рохани ова го изјави во интервју за американската телевизија Ен-Би-Си.

Тој исто така рече дека добил „позитивно и конструктивно“ писмо од американскиот претседател Барак Обама во кое тој му честита на победата на претседателските избори. Интервјуто за американската телевизија доаѓа во пресрет на планираната посета на Рохани на Њујорк наредната недела, каде што треба да учествува на Генералното собрание на ОН.

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека нема планови американскиот претседател Обама да се сретне со Рохани за време на Генералното собрание на ОН. Карни изјави дека САД ќе ги тестираат тврдењата на иранскиот претседател дека сака да ги подобри односите со меѓународната заедница.
 
Работите се случуваат со голема динамика во пресрет на генералното собрание на ОН.


Хммм... не знам со колкава веродостојност може да се земат изјавите на новиот лидер на Иран... Бидејќи е штотуку избран, може да има моментални "ставови" кои не се во склад со долгогодишната политика на Иран, бидејќи не му "виси" позицијата.
Имајќи предвид дека последниот збор го има ајатолахот на Иран, изјавава воопшто не ми звучи веродостојна.

Но, можеби ќе проба да ги затопли односите со Западот, бидејќи после падот на Сирија, Иран буквално е оставен сам на себе.

Во врска со нуклеарната програма, ако навистина им е исклучиво за цивилна употреба, тогаш може слободно горивото да го збогатуваат во други земји, што би отстранило секаков сомнеж дека се обидуваат да произведат нуклеарно оружје. Тоа можеше да го направи и Ахмадинеџад. Од друга страна пак, како што реков, нуклеарното оружје (негово добивање) е долгогодишно настојување на Иран да го добие, со чија помош најмалку би си обезбедил опстанок меѓу моќните ривали во регионот.
 
Хммм... не знам со колкава веродостојност може да се земат изјавите на новиот лидер на Иран... Бидејќи е штотуку избран, може да има моментални "ставови" кои не се во склад со долгогодишната политика на Иран, бидејќи не му "виси" позицијата.
Имајќи предвид дека последниот збор го има ајатолахот на Иран, изјавава воопшто не ми звучи веродостојна.

Но, можеби ќе проба да ги затопли односите со Западот, бидејќи после падот на Сирија, Иран буквално е оставен сам на себе.

Во врска со нуклеарната програма, ако навистина им е исклучиво за цивилна употреба, тогаш може слободно горивото да го збогатуваат во други земји, што би отстранило секаков сомнеж дека се обидуваат да произведат нуклеарно оружје. Тоа можеше да го направи и Ахмадинеџад. Од друга страна пак, како што реков, нуклеарното оружје (негово добивање) е долгогодишно настојување на Иран да го добие, со чија помош најмалку би си обезбедил опстанок меѓу моќните ривали во регионот.

Не би рекол дека реториката би можела толку лесно да помине кај ајатолахот доколку тој не ја прифаќа ваквата политика.

Значи, промената на реториката не е во насока да се развијат блиски односи со западот, туку едноставно да се нормализираат односите. Ништо чудно иницијативата да доаѓа од Москва. На крајот на краиштата, тоа тоа што го правеше Иран со својата политиката, подсетуваше на залудната упорност во инвазијата на Ирак.

Еден нормален Иран, со нормална реторика, без фанатични закани, многу полесно ќе дојде до нуклеарно оружје. Поготово со потенцијалното преструктуирање на силите на Блискиот исток и најавеното враќање во игра на Русите. Со закоравени принципи и фанатични идеи од типот сам против сите, никоја држава не успеала. Хипокризијата е важен дел од политичката игра.

Во моментот е најважно да се спаси Сирија, а не да се проповедаат принципите.
 
Да не го постирам цела статија на Рохани во Вашингтон Пост, но препорачувам на сите кои ги интересира политиката во регионот да го прочитаат. Рохани веќе ги освојува симпатиите и на исток и на запад. Со нетрпение го очекувам генералното собрание на ОН, каде што несомнено, ниту Путин, ниту Обама, туку Рохани се очекува да биде главната ѕвезда.
http://www.washingtonpost.com/opini...2da564-213e-11e3-966c-9c4293c47ebe_story.html

Следниов линк е одговор на Харец на статијата на Рохани, со доста критика кон Израелското раководство, и скептичен пристап кон ставот на Рохани :
http://www.haaretz.com/news/middle-east/1.548013
 
http://mk.voanews.com/content/macedonian-voa-un-iran-nuclear-program-new-york/1755398.html
Разговори за иранската програма во ОН

Шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон рече дека иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф ќе има „куса дискусија“ за иранската нуклеарна програма со САД, Русија, Британија, Франција, Кина и Германија.

Таа рече дека тимови од Иран и од ЕУ се согласиле да се сретнат во Женева во октомври и да ги продолжат напорите за ограничување на иранската нуклеарна програма.

Техеран вели дека неговите нуклеарни активности се за мирољубиви цивилни цели. Постојаните членки на Советот за безбедност на ОН веруваат дека Иран можеби работи кон развивање на нуклеарно оружје.

Ештон во ОН на новинарите им кажа дека таа и иранскиот колега Зариф имале „добра и конструктивна дискусија“ пред отворањето на годишното Генерално собрание:

„Денеска забележав енергија и посветеност во обидот да се придвижат разговорите“, рече Ештон.

Изборот на новата влада во Техеран може да донесе напредок во нуклеарните разговори во време кога одговорноста за дипломатските напори е префрлена од иранската армија во министерството за надворешни работи.

Новиот претседател Хасан Роухани ќе го има првиот јавен настап во ОН во вторник. Спроти обраќањето на Генералното собрание, претседателот Роухани за Ен-Би-Си Њуз рече дека Иран никогаш нема да развие нуклеарно оружје и сака „итно усвојување резулуција за ова прашање во согласност со меѓународните страндарди“.
Денеска настап на Рохани на ОН, да видиме што ќе каже чоекот.
 
Прекрасен,рационален,мудар говор на Рохани,кој едноставно растури пред Генералното собрание на ОН.Секој збор на место,одмерен,тактичен.Мило ми е што Иранците конечно ја сменија милитаристичката реторика со умерен и рационален пристап.Мило ми е и тоа што Иран конечно е на добар пат,време беше да се смени реториката на налудничавиот Ахмадинеџад,кој најмногу им вршеше услуга на Израел со неговите блесави изјави.Посебно ми се допаднаа неговите суптилни критики кон лицемерието на САД и нагласувањето на демократските процеси во Иран.

Израел нешто нервозно ми делува,веднаш се јави Нетенјаху и го нарече говорот циничен и полн со хипокризија.Немам коментар на неговата изјава,очигледно не им се допаѓа новото лице на Иран.


http://theiranproject.com/blog/2013/09/25/rouhanis-debut-address-to-un/
 
http://a1on.mk/wordpress/archives/216026
Хамнеи ги поддржа разговорите на иранскиот претседател Рохани во Њујорк

Иранскиот врховен верски лидер, ајатолах Али Хамнеи ги поддржа разговорите, кои пред крајот на минатиот месец ги водеше во ОН претседателот Хасан Рохани.

- Ние ја поддржуваме дипломатската иницијатива на Владата и им придаваме значење на нејзините активности во текот на ова патување, напиша Хамнеи на својата интернет страница.

Врховниот верски лидер, меѓутоа, приговара што во текот на патувањето се случиле работи кои „не се најсоодветни и сосема на место“, притоа не давајќи објаснување на кои работи мисли.

Претседателот Рохани за време на својот престој во Њујорк телефонски разговараше со американскиот претседател Барак Обама, во обид да се намали тензијата околу иранската нуклеарна програма. Тоа беше прв контакт меѓу лидерите на двете земји по 1979 година.

За телефонскиот разговор, кој се случи на барање на американската страна, Рохани претходно беше критикуван од раководството на влијателната иранска Републиканска гарда.

На својата интернет страница, ајатолах Хамнеи истакна дека Иран песимистички гледа кон Америка.

- Ние не им веруваме, напиша ајатолахот, кој оваа година се соочува со избори.

При враќањето од Њујорк, Рохани на аеродромот во Техеран беше пречекан со голем транспарент „Смрт на Америка“.
Рохани доби подршка од Хамнеи. Јас не ни верувам дека Ајатолахот не бил претходно информиран за текот и типот на разговорите, меѓутоа мора да се постави некаков политички баланс кој е за домашна употреба.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom