Фазите на еден фотограф... Во која фаза сте вие? :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.318
Поени од реакции
34.732
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Знаење, квалитет, колку самите мислите дека сте добри...
Еве еден графикон кон фино ги отсликува фазите со кои речиси секој фотограф се соочува.

Бидете реални и пишете во која фаза сметате дека сте моментално :)


Stages-of-a-Photographer.png


Јас сметам дека сум некаде на средината, помеѓу Flickr/Photoshop и Damnit, I suck! Се надевам дека ќе одам нагоре наскоро... :)
 
Јас сум во фазата picmonkey, кој сака може и часови да му држам.:P А според графикнов, најверојатно тука негде исто со Ејсид, порано работев фотошоп доста и тогаш се запознав со поим слика, и какотреба да изгледа во различни ситуации.
 
Јас да си ја кажам вистината,иако овде често деновиве ставам
во темите и слики (такви се темите) апарат не сум фатил во раце.
Сето тоа е со мобилен,лани лето почнав а сефте го насликав само носот,
(мислев така треба) а сега сум во фаза да тоа повеќе не го правам,
се гледа по сликите, а од кои некои ми изгледаат сосем добро.
 
Ефектот на /p/ не беше толку драстичен кај мене, ама мора да признаам дека зелената дупка со HDR фазата е сосема точна, сега ми е смешно кога ќе ми текне дека сум имал такви периоди :)
 
Јас се наоѓам во фаза кога сликите ги сликам со телефон. Се надевам дека во иднина ќе купам некој добар апарат.

Иначе морам да се пофалам дека со сликањево сум во напредна фаза. До пред некое време сликите ми беа најобични......., си бираш ефект во Камера на телефонот и сликаш, и баш поради тоа сликите полошо изгледаа......., едноставно неможеш да го доловиш преку слика нештото како што вистински изгледа. Но колку толку проучив што ти треба за добра слика..........., неколкуте основни фотографски правила, добра замисла, добра позадина и добра обработка на сликата............................., па еве сега колку толку подобрени ми се сликите.

:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom