БиХ - Македонија | 08.09, недела 14.30 часот |

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
17.042
Поени од реакции
16.567
%7B0C7F5CC2-0D1C-49AF-A90A-B77CCB41ADFF%7Dflexible.jpg

По почетните два порази од репрезентациите на Црна Гора, а потоа во второто коло и од репрезентацијата на Литванија, Македонија конечно ја забележа првата победа на шампионатот, и тоа против Србија, репрезентација која до дуелот со нас немаше претрпено пораз.
Одигравме на едно високо ниво, можеби и најдобриот меч во последните неколку години за нас, заедно со шампионатот во Литванија 2011, одигравме како вистински колектив, без да се оддели некој поединец, одлични и во напад, а и во одбрана.
Но, победата над Србија нема многу да значи ако Македонија не издвојува победа против репрезентацијата на Босна и Херцеговина, репрезентација која како и нашата има една победа на шампионатот и две изгубени средби.
Шансите на нашата репрезентација на овој меч се доста големи, ако знаеме дека противниците зависат само од еден играч, а тоа е Телетовиќ, не би требало да имаме посериозни проблеми.
На првенството во Литванија, исто така имавме дуел со нив, ги добивме со убедливи 12 поени разлика. Исто пред почетокот на шампионатот одигравме контролен дуел против БиХ, на турнирот во Германија, и таму ги добивме, во еден дел од мечот имавме и голема негатива, но на крајот бевме поуспешни, со неколку тројки во низа на Чековски, кој на овој натпревар нема да игра поради повреда.
Наше е само да одиграме како на нивото против Србија, резултатот секако ќе дојде.
Кај нас лидер во поени е Бо со просечни 20.3 по натпревар, кај противниците Телетовиќ со 17.3 поени по натпревар.
Опасност од друг играч кај Босанците доаѓа од Нихад Џедовиќ, кој е лидер во асистенции и украдени топки.

Да се надеваме дека утре, на големиот наш празник ќе не израдуваат репрезентативците со уште една победа, победа која ќе не донесе чекор поблизу до 1/8 финалната фаза, а со тоа и исполнување на првата цел, пласман понатаму.

%7BE9660540-5EAA-430F-B6B9-C3A044586D48%7Dflexible.jpg
 
Можам да кажам оти сум горд што сум роден во овие златни спортски времиња за нас. Да уживаме дури ги имаме овие генерации во ракомет и фудбал, некогаш и секогаш со задоволство ќе се потсетуваме на сите овие победи, нервози, коментари на Игорче.....:)Луѓе не добиваме ништо, ама добиваме радост, среќа, која не се опишува со зборови, и кој вечниот хејтер никогаш нема да ја разбери.
И фамозниот коментар на глупото Македонче: И шо доби со ова?
Он: Босна ќе ја згазиме ;)
 
Можам да кажам оти сум горд што сум роден во овие златни спортски времиња за нас. Да уживаме дури ги имаме овие генерации во ракомет и фудбал, некогаш и секогаш со задоволство ќе се потсетуваме на сите овие победи, нервози, коментари на Игорче.....:)
Он: Босна ќе ја згазиме ;)

Колку каратни се времињава бе? Море, колку испи?

И НА што ке ја згазите Б О С Н А!
 
Ми иако неамо кошаркара Офчарски, тога Телетовиќа ке га пратимо да пасе.
Надам се плус десет протиф главурде
 
Кликаш на темата, очекуваш лавина коментари за поддршка на Македонија, налетуваш на 90% постови со поддршка за Босна.
Gotta love the малцинствата и разните националности на форумов :pos:

Порака до Перо, Бо, Владо, Пеџа, близнаците и компанија во пресрет на утрешниот натпревар против Босна и Херцеговина:

 
Igor Trpeski:

Е па ... Ај добар ден на сите.
Убеден сум дека сите убаво спиевте
Е сладок е сонот по таква победа која ни ја приуштија кошаркарите.

Игор4е и утре сакам вака убаво да спијам и баш вака да ми посакаш добар ден во понеделник.:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom