Млади македонски кошаркарски таленти

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување
Ѓуровски за да игра таму има платено многу пари, а од талент ни Т нема. Класично дрво, префорсирана татина маза.
 
Ѓуровски за да игра таму има платено многу пари, а од талент ни Т нема. Класично дрво, префорсирана татина маза.
Си викаш,како немавме ние некој така да не префорсира м? :)
Овој па го земаа и за репрезентација...толку да се немало осет да му се невиди.
Скапан.
 
Сигурен сум дека тој е отиден со намера да студира,а кошарката бидејќи тренираше како пропратна станица.

Кога беше помлад беше јак,додека играше за Маврово(тимот од Гостивар).Потоа го напушти јатото и отиде во Вардар.Еднаш им пресуди на својот поранешен тим,го свиреа.:giggle:
Многу јака генерација беше тоа,но ниеден не успеа колку што знам.Сениорските тимови се заебана ствар.Само тој Војче барабата игра за Вардар а не ми се верува дека игра којзнае што сега.

Тие близнаците Димитриевски пораснаа немогуче,едно време бевме иста висина :D,животни во физичка смисла.Јаки предиспозиции имаа.Се мотаа во Амак-СП,Пелистер,Фени..Сега не знам каде се.
Брат му на Бранко Јанески дрвото,Цаци беше уметност во движење.Го затепаа повреди,и не успеа и тој.Играше едно време во Торус и во Прилеп мислам некоја екипа.

Тој Војче барабата за под кош беше јак,првотимец беше колку што памтам.

Не знам пред колку точно години беше,има можеби 5-6 кога изгубија финалето од Вардар на домашен терен со некои 3-4 разлика.Пред тоа или после тоа пак бе во фајнл форот.Сериозна екипа,тренер им беше Мирко,луд беше,ама правеше добра работа.
Се десија некои срања и се отиде низ брдо.

Во оваа држава тешко е да излезеш на површина,се нема доволно мотивација,нема клуб кај што можеш да израснеш како спортист.Една година спонзори има,триста чуда,другата можеби ги нема и пропаѓа цел клуб.После од поново,да бараш нов клуб,треба да се адаптираш а се уште си што би се рекло во пубертет.Тука паѓаат сите.

Сега помладиве генерации како Магдевски,Николов,Димитриевски,Двојаковски и останатите што се по странство сигурно дека нема да пропаднаат како овдешните кошаркари.Ќе созреат,играат јаки мечеви,имаат се што им треба итн..
Нема да бидат можеби како Џејмс или Ајверсон,ама едно достојно ниво сигурен сум дека ќе достигнат.

Не дека и во странство не можеш да се пијаниш,да јадеш што треба и не треба,но на туѓо место поинаку е.Тука излагаш и се правиш мато,па после тешко се станува јак спортист.Нормално,не се пијанчат сите,но мнозинството да.

Еве Дамјан Стојановски сите очекуваа чуда да прави,тој пропадна за нецела година.Тешко е да постанеш добар играч,а да пропаднеш многу лесно.

Моментално во сите спортови има деца кои се најавуваат како таленти,но дали ќе успеат е прашањето..
 
Преска се вратив од утакмица, некој да нема некои информации за дечко кој настапува под број 10 за Водно Санс во М-18 лигата. Играа со УГД и буквално дечкото доминираше, дава пасови под кош на слободни играчи без да гледа кај се наоѓа играчот, цврсто тело и брзина. Исто така добра техника и ги уби на хезитејшн дриблинг. ДОМИНАЦИЈА. Лесно навлекува 2 играчи и наоѓа слободен шутер. Нешто како мини-леброн :)
 
Колку што разбрав на спиење починал :(
Лесна му земја
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom