Германски навивачи се тепаа со полицијата во одбрана на македонското знаме! (ФОТО+ВИДЕО)

  • Креатор на темата Креатор на темата LetMeSea
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Локација
скопје
Навивачката група на германскиот фудбалски тим Шалке, популарните „Уге“, имаа жестока битка со полицијата на синоќешниот натпревар против грчки ПАОК во рамки на плејофот од Лигата на шампионите откако застанаа во одбрана на македонското знаме, кое од нивна страна беше поставено на трибините на стадионот во Гелзенкирхен.

Станува збор за навивачи кои се збратимени со вардаровите следбеници поради што на вчерашниот меч против грчкиот тим било истакнато знаме „Комити Дозелдорф“ на кое било и сонцето од Кутлеш. Претставниците на ПАОК реагирале кај организаторот поради што во 75. минута дошло до вистинска војна на трибините по која 50 навивачи завршиле во болница, а повеќе од 500 биле повредени.

Управата на Шалке веднаш по инцидентот издаде соопштение во кое ја осудува постапката на полицијата и објаснува дека таа тргнала да го одземе македонското знаме по реакција на грчките навивачи и делегатот на средбата, според кого тоа било надвор од дозволениот кодекс на однесување. Исто така, обидот да се тргне сонцето од Кутлеш бил и поради заканата на навивачите на ПАОК дека ќе тргнат сами да го сторат тоа што би предизвикало огромен инциент и прекин на средбата.

Полицијата прво усно побарала отстранување на знамето „Комити Дизелдорф“, а кога тоа не било сторено се случила големата тепачка.
mkd-70064.jpg

mkd-70066.jpeg

mkd-70067.jpeg
mkd-70065.jpg

Ја како лаик да се избацам, демек на нив стварно им е стало до македонското знаме (знам дека се збратимени со комитите, знам) или си бараат рчка да се шлакаат со полицијата?
 
Управата на Шалке веднаш по инцидентот издаде соопштение во кое ја осудува постапката на полицијата
Е ова веќе ми се допаѓа посебно ова нивно соопштение. Се гледа кој има јаја :)
 
Ја како лаик да се избацам, демек на нив стварно им е стало до македонското знаме (знам дека се збратимени со комитите, знам) или си бараат рчка да се шлакаат со полицијата?

Знамето го носат и на други утакмици. Тебе од цела ситуација само тоа ли ти падна во око?
--- надополнето: 23 август 2013 во 08:21 ---
Е ова веќе ми се допаѓа посебно ова нивно соопштение. Се гледа кој има јаја :)

Имат јаја и свое јас.
Денеска повторно даваа за инцидентот на Германската национална телевизија а управата на Шалке повторно го осуди прекумерното употреба на сила од страна на полицијата а по налог на гејовите од Солун.
Инаку во она што денеска одеше на телевизијата како објаснување беше иритацијата на гејовите околу спорното знаме од Кутлеш на кои и тие сметале нека имат право. Ако е така зошто полицијата не им се убаци и на нивните навивачи кои исто така вееја знаме со ист симбол. Или со други зборови на нив ги вреѓа нашето знаме и нашите симболи а нас кој не ебе.
 
Знамето го носат и на други утакмици. Тебе од цела ситуација само тоа ли ти падна во око?
--- надополнето: 23 август 2013 во 08:21 ---

Кое? Ја си потенцирав лаик сум у навивање. Ја од навивање само хулиганите од зелената улица знам. И оној мадафака сјај шо го добива у очите Илаџа Вуд ко станува еден од нив.

Шо се тепаш одма? Прашањето ми беше у врска со тоа, дали веста ја заслужува фамата.
 
Не се тепам туку само прашав, затоа што мене еден куп други работи ми паѓат на памет кога го гледам срањето што го направи полицијата по налог на јужните. Патам кажано истите тие кои ги штитат на секој чекор и покрај тоа што поради Германците опстојуват во последната година дена додека овие се чудат како да ги спасат запалија еден куп германски знамиња и направија еден куп карикатури со Ангела Меркел како нацист.
 
Ова е вратка на Грците бидејќи они ги палат Германските знамиња и прават карикатури. Не почнува со нас, нема ни да заврши со нас. Генерално Германците не ни сакаат финансирање на Грците. Знамето наше е само фитил да се потпалат меѓу себе подобро.
 
Еве едно подобро видео кај што е подобро објаснето зошто се случило сето тоа, како полицијата прска солзавец итн..

Ова е вратка на Грците бидејќи они ги палат Германските знамиња и прават карикатури. Не почнува со нас, нема ни да заврши со нас. Генерално Германците не ни сакаат финансирање на Грците. Знамето наше е само фитил да се потпалат меѓу себе подобро.
Везе нема ова :D

Аман бе преслабо сте инфморани па дури и неколку дена по настанов :D
Веќе би требало повеќето да знаете дека Комити се збратимени со навивачите на Шалке и дека досега над 20 пати се има гостувано на мечеви на Шалке и се вадело знаме Комити и Македонско знаме. Истото се случи и на мечот Олимпијакос-Шалке сред Грција, кога беа отидени 50-тина наши членови.
Знамето е извадено од членовите на Комити Дизелдорф, или поточно од еден Македонец и еден Србин :) А го брани цела нивна група. Исто членови на нивната група сто пати имаат дојдено на утакмици во Македонија. Годинава имаше и пријателска Вардар-Шалке организирана благодарение на блискоста на групите, они дојдоа во бројка над 150 души и два дена имаше одслична дружба.
 
Сега сигурно ќе ни ги вратат изгубените делови од Букурешкиот договор :vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom