Кога и како дојде до моментот да се декларирате како - Атеист?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Локација
Охрид, Македонија
Не знаев точно како да го поставам прашањево, но мислам дека поентата ми ја разбирате.
Јас лично ќе почекам со моето мислење, и првиве неколку страни ќе бидат резервирани за кратки атеистички автобиографии.

Значи не мора да се пишуваат романи, туку да се долови онај момент кога човекот му врти грб на вербата кон Бог, и сваќа дека не може да им прогледа низ прсти на милион прашалници.
(барем јас така се осеќав :) )
Значи: Што е тоа што ве натера да се сметате себе како Атеист? Кога се случи тоа?
(друга верзија од истото прашање)

НАПОМЕНА: ПРВИТЕ НЕКОЛКУ СТРАНИ СЕ РЕЗЕРВИРАНИ ЗА ИСПОВЕД НА СЕКОЈ ШТО СЕ ДЕКЛАРИРА КАКО АТЕИСТ, И СЕ ДРУГО ЌЕ БИДЕ ИЗБРИШАНО. ПРАШАЊА И РЕПЛИКИ ЌЕ БИДАТ ДОЗВОЛЕНИ СО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД МОДЕРАТОРОТ.
 
како што веќе спомнав на темата за атеисти, на 15-16 год го оформив ставот дека СЕ' ми е под знак прашалник. а мом да се декларирам ...... ух, дури и сега не знам дали да се декларирам затоа што ми е оставена опцијата за можно постоење на бог додека/ако ми се докаже.
значи, НЕ ВЕРУВАМ во постоење на бог, али кога/ако ми се докаже ќе поверувам:)
 
Кога сфатив дека ќе бидам девица цел живот и субсеквентно си купив шешир.

zliZAFz.jpg
 
кога сватив дека нема никаква смисла со тоа што ти го перат мозокот...
 
Oти ‘Господ‘ ги земал добрите таму негде горе, му требале добри души.Помислив дека и да е реален, тогаш морат да е во лошо друштво чим собирал луѓе одовде.Ама уште не сум го видел него ни негови колеги, така да...
 
Еден ден така шетав по улица, загрижен од сите проблеми... разочарувањето стануваше се поголемо и поголемо. Осеќав лутина кон Бога за сите оние неодговорени молитви, иако редовно одев во црква и правев се што можам да живеам христијански. Не бев ништо подобар ни полош од останатите верници... добро ова е христијански да се каже, инаку бев многу подобар со оглед на тоа што тие во црква влегуваат само на Велигден, не знаат ни една молитва на памет а Библија виделе само во излог. Подобар верник бев каде-каде ама ништо, а како што сум скромен и со 5% одговорени молитви ќе бев задоволен ама не, 0, дупка у водата. Нели требаше да не сакаш сите подеднакво скоте еден? Не е како да ти барав милион долари...

И така ми пукна филмот, јас да се молам за ситници и да не ги добивам а комшијата Атеист да вози Џип од 50 000 евра без разлика што со сигурност знам дека крши барем 7 од 10 заповеди на дневна база. И си реков, или Бог не постои, или го заболе духот за мене, а во меѓувреме и со оглед на тоа што не ми ги услишува молитвите, подобро да се фатам за работа или криминал ако сакам да бидам како комшијата. А сакам.

И така, преминав во Атеисти. џип сеуште немам ама го посакувам секојдневно, исто како што ја посакувам жена му на комшијата... кога си Атеист те боли ташак, се ти е дозволено.

Приказната не е по вистинити настани, сакав малку да им го направам ќефот на вернициве.

Ви светнаа очите од радости, а? :pos:
 
Си бев атеист од роџење....не ме замарал мене никој со индоктринации, арно ама од пред некоја година...да чукнам во дрво, веќе не сум. :vozbud:
 
све ми тера дека правите одговори се нешто вака од прилика

- кога ме заеба првиот тикет во кладилница
- кога првиот дечко ми раскина
- пиевме бамбус на школка и некој кажа дека било јако

и најпопуларниот последно време
-кога решив дека треба со нешто да се разликувам од масата, да бидам уникатен со што би се осеќал и попаметен.
 
Уште од најрана возраст дедо ми ме советуваше да не верувам во се и сешто па така и во религијата. Година по година ми стануваше се појасно за што ми зборувал... На неполни 17 години официјално се декларирав како атеист (барем во себе) и ми беше многу полесно бидејќи знаев на што сум т.е сам на себе и моите околу мене.

Ми се случија многу лоши и добри работи од тогаш ама знаев дека јас сум причината за нив а не некоја виша сила :)
 
Многу ми се смешни овие верничињава кои неповикани се лепат на вакви теми како муви на гомно и ги користат како прилика да ги истресат своите фрустрации и комплекси. Пази атеистите не верувале во Бог само за да се разликувале од другите. И сега според нивната логика, сите ние треба да се откажеме од здравиот разум и да веруваме дека Бог прво ја создал светлината, па дури потоа изворите на светлина, го создал мажот од кал, а жената од ребро, да веруваме во змиите што зборуваат и еден милион слични будалаштини, само за да не не обвини некое исфрустурирано верниче дека сме биле хипстери. Ајде важи. Гарант и на Галилео Галилеј така му збореле "Седи мирен бе хипстер еден, ти ќе ни кажуваш дека сонцето е центар на Универзумот, така збориш само за да се разликуваш од другите". Да се прашуваа овие побожни типчиња за нешто, ние денес се`уште ќе палевме еретици на клада и ќе мислевме дека кога грми Господ се лути.


Инаку на темава, јас верник никогаш и не сум била, од причина што не потекнувам од религиозна фамилија и како мала не ми ја полнеле главата со глупости, така да како дете уопште не се замарав со такви ствари, некаде на 17 години почнав да размислувам за религијата и сфатив дека е само начин да се контролира простата раја.
 
Мислам цел живот. Не памтам ни дека ко дете сум верувал у господ. Мада сеа се конвертирав во агностик.
 
до сега се декларирав ама од кога победи Македонија со Бугариве веќе сум верник :cuc:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom