Western & Southern Open, Cincinnati |12-19 aвгуст, 2013 |

  • Креатор на темата Креатор на темата Јунајтед
  • Време на започнување Време на започнување

Koj ќе го освои Синсинати во машка конкуренција?


  • Вкупно гласачи
    18
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Возраст
34
Western&Southern Open во Синсинати е седмиот турнир од мастерс серијата годинава. Ова е 112то издание во машка конкуренција и 85то во женска. Турнирот е најстариот во САД, кој и денес се одржува на исто место(1899). Прво бил одржуван на терените на Avondale Athletic Club, па подоцна е преместен на повеќе различни локации поради промената на подлогата и управата. Интересено е да се спомене дека прво се одржувал на земја, се до 1979та година, откога до денес е на тврда подлога. Од истата година па до денес се одржува во Mason, Ohio.

Во машка конкуренција титулата oд лани ја брани Роџер Федерер кој во финалето го совлада Новак Ѓоковиќ со 6-0, 7-6(7). Досега од носителите настапот го откажа Цонга, а Марин Чилиќ и Виктор Троицки се суспендирани. Рекордот за најмногу титули го држи Федерер со 5, а Едберг има најмногу финалиња(6).
Целосниот ждреб овде:
http://en.wikipedia.org/wiki/2013_Western_&_Southern_Open_–_Men's_Singles

Во женска конкуренција титулата ја брани Ли На, која во финалето лани ја совлада Анжелик Кербер со 1-6, 6-3, 6-1. Турнирот не се одржувал од 1974 до 1987, се одржал 1988 па од 1989-2003 пак не се одржал. Од 2004 наваму сите шампионки се различни, а Серена Вилијамс го нема освоено овој турнир. Oсвен по ова, женскиот дел ќе биде интересен и по тоа што Азаренка и Шарапова откако не настапија лани на овој турнир, ќе се борат за второто место на ВТА листата, а со тоа и би избегнале дуел во евентуално полуфинале на УС ОПЕН против Серена Вилијамс, која изгледа незадржливо. Разликата меѓу двете е минимална, 50-60 поени.
Целосниот ждреб овде:
http://en.wikipedia.org/wiki/2013_Western_&_Southern_Open_–_Women's_Singles

Во машка конкуренција, интересно е да се спомене дека Синсинати е единствениот турнир од АТП 1000, кој го нема освоено најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ. Досега загуби 4 финалиња(2 пати од Мареј и 2 пати од Федерер), па ќе видиме дали ќе се испише историја во Синсинати.

Пренос ќе има на каналите на Спорт Клуб и на МТВ. Нека победи најдобриот. :)
 
Вака сега, темата ќе биде затворена се до завршувањето на турнирот во Монтреал, да не се коментира на две теми (а еден муабет сигурно ќе се врти), темата ќе се отвори недела навечер после завршувањето на машкото финале.
 
Слободно коментирајте на темата, после финалето во Монтреал, може да се сконцентрираме полека на овој мастерс турнир, кој започнува од утре.
 
Федерер сега ќе се врати посилен од кога и да е, кравата давала магично млеко, Федерер здрав и прав до нови рекорди, барем до тие шо останаја. Or so the legend says.
 
Среќа/Штета што Федерер и Надал во уште еден турнир ќе треба да се сретнат уште во 1/4 финале. После победата во Монтреал Надал си докажа тоа што требаше, сега и да отпадне во прва рунда нема многу да ми биде гајле.
Сепак овој турнир ќе биде поквалитетен од Монтреал пред се поради присуството на Федерер ама затоа пак и ДелПо па и Ферер и Мареј сигурно ќе целат високо.
 
Федерер сега ќе се врати посилен од кога и да е, кравата давала магично млеко, Федерер здрав и прав до нови рекорди, барем до тие шо останаја. Or so the legend says.

Немој со вакви изјави, да не те носиме во потпис после :D
 
Среќа/Штета што Федерер и Надал во уште еден турнир ќе треба да се сретнат уште во 1/4 финале. После победата во Монтреал Надал си докажа тоа што требаше, сега и да отпадне во прва рунда нема многу да ми биде гајле.
Сепак овој турнир ќе биде поквалитетен од Монтреал пред се поради присуството на Федерер ама затоа пак и ДелПо па и Ферер и Мареј сигурно ќе целат високо.

Ај веќе нека не игра ако не..
Уствари отпадна на Вимби во прва рунда, па сеа докажа тоа што требаше, па мала пауза.. и така.
 
Ај веќе нека не игра ако не..
Уствари отпадна на Вимби во прва рунда, па сеа докажа тоа што требаше, па мала пауза.. и така.
Сакав да кажам дека мене лично не би ми било проблем. Не може да се очекува секој турнир да се освои. Уште вечерва ќе треба да се сместува во САД а веќе задутре го има и првиот меч. Има тежок ждреб и не очекувам да го освои турнирот. Затоа и не би ми било многу многу криво и да отпадне.
Беше повреден долг период, се врати, освои 90% од турнирите на кои што настапуваше, сеуште е непоразен на тврда подлога (до сега), го победи светскиот #1 2 пати, и сето ова после пауза поради која некои предвидуваа дека никогаш нема да се врати во добра форма.
УС Опен ќе биде вистинското, џабе и да го освои Синси ако отпадне во прво коло на Опенот.
 
Е тука веќе ќе имаме нов победник. :D
 
Инаку доста побрза подлога има овој турнир од Монтреал ?
 
Сакав да кажам дека мене лично не би ми било проблем. Не може да се очекува секој турнир да се освои. Уште вечерва ќе треба да се сместува во САД а веќе задутре го има и првиот меч. Има тежок ждреб и не очекувам да го освои турнирот. Затоа и не би ми било многу многу криво и да отпадне.
Беше повреден долг период, се врати, освои 90% од турнирите на кои што настапуваше, сеуште е непоразен на тврда подлога (до сега), го победи светскиот #1 2 пати, и сето ова после пауза поради која некои предвидуваа дека никогаш нема да се врати во добра форма.
УС Опен ќе биде вистинското, џабе и да го освои Синси ако отпадне во прво коло на Опенот.

И нема некоја разлика од ждребот во Монтреал и овој во Синсинати, барем кога се работи за Надал, пак треба да ги помине тие неколку врвни тенисери, за да стигне до финале мислам дека со оваков Федерер не би требало да има некој проблем, освен што ете подлогата е побрза од онаа во Монтреал, но таму видовме дека може да изигра и на тврда подлога. Мареј ќе му биде пречка, би требало да е доста интересен овој мастерс, и се надевам на изедначено финале, а не како што беше вчерашното.
 
Да бидам искрен премногу посакувам дуел Надал-Мареј, од 2011 немаат играно меѓу себе. Знаеме сите дека Надал му е ноќна мора на Мареј ама од 2011 до денес многу работи се сменија кога е во прашање Енди, па затоа би било интересно они двајца да се сретнат во 1/2 финалето.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom