Каков успех очекувате од кошаркарите на ЕП '13?

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување

Каков успех очекувате од кошаркарите?

  • Вкупно гласачи
    192
  • Гласањето е завршено на .
Фотос тоа е проблемот кај нашиот народ, ќе изиграме едно првенство добро и после тоа апетитите се зголемуваат, сите сакаат титула а не знаат каква е сликата во македонската кошарка. Да не ме сфатите погрешно, логично е после добро изиграно првенство апетитите да се зголемат и народот да очекува уште подобар пласман, али тоа во нормални услови и нормални држави, каде се функционира како што треба. Изгледа малку луѓе знаат дека кога дојде Бо во Македонија пред две и кусур години Врба му плаќаше хотелски смештај и мобилен, затоа што кретените од Федерација “немаа“ пари за тоа.

Само да ти додадам на ова што го велиш.
Ако не очекуваш златен медал си издаица и не си патриот. Ако очекуваш златен медал си паметен и сите вода може да ти носат. Ние на таков принцип функционираме и затоа сме ограничени со успесите. Практично не знаеме да си ги цениме и најмалите успеси.
Малкумина од тука што очекуваат златен медал знаат дека Македонија до 2005 год играше во Б-Дивизија. Апропон ова што го говориш за федерацијата и парите, и тоа што кај нас балкански се тераат работите. Треба да бидеме реални и спуштени на земја.
Ако кошаркариве идат да се буцаат во гради оти се јаки ќе ги снајде елиминација. Затоа искуството се надеваме дека нема да ги носи во провалија и дека колективно ќе се издигнат. Плус медиумиве се отров. Тие ствараат хаос пред мечевите и големи нереални очекувања. Па после се чудиме зошто кога не сме успеале сите ги плукаат. Овие дечки што и да направат во Словенија ќе ја имаат нашата почит. Тие се одамна херои. Тоа е тоа.
 
За мене не е битно до каде ќе стасаат, битно ми е да остават се на терен и да дадат максимум.
Да играат со лавовско срце!
ЗА МАКЕДОНИЈА!
:)
 
За Литванија и Србија ти е лоша анализата, за другите две се согласувам. Србите и да не игра Савановиќ имаат милијарда кошаркари и верувај дека ќе најдат замена за него.
Литванија... Една од најкошаркарските нации, можда не им игра Каукенас али тука се Поциус, Калниетис, браќата Лавриновиќ, Клеиза, Гецевичиус, Јавтокас како еден од најискусните и Сеибутис. Како и да ја вртиш страшно добар тим имаат и ќе бидат мотивирани овер 9000 за да ни се одмаздат за тоа што им го направивме пред 2 години.

За Литванците го едитирав постот, и се согласувам. Од овие што наброи, едниствени вредни се Криштов Лавинович и Клеиза. Но и со тие двајца, ќе биде претешко.

За Србите, ако не игра Теодосиќ и уште тројца од првата постава, нема да биде проблем. Е сега, кои се тие тројца е проблем. Ако не се од стартните пет, во тој случај и со нив ќе биде тешко
 
Фотос тоа е проблемот кај нашиот народ, ќе изиграме едно првенство добро и после тоа апетитите се зголемуваат, сите сакаат титула а не знаат каква е сликата во македонската кошарка. Да не ме сфатите погрешно, логично е после добро изиграно првенство апетитите да се зголемат и народот да очекува уште подобар пласман, али тоа во нормални услови и нормални држави, каде се функционира како што треба. Изгледа малку луѓе знаат дека кога дојде Бо во Македонија пред две и кусур години Врба му плаќаше хотелски смештај и мобилен, затоа што кретените од Федерација “немаа“ пари за тоа.

Tука оваа година не може да ја укривуваме федерацијата, можеби ги имаат најдобрите подготовки што некоја репрезентација наша ги имала до сега, да играш толку квалитетни пријателски натпревари(Словенија, Литванија, Шпанија, турнирот во Германија..), со доста силни репрезентации, ниту ракометарите немале, а да не збориме за овие. Е сега проблемот е што некои нешта се изменија од тогаш до сега, некои од играчите ќе ги нема во тимот, и малце ќе се осети разлика, во 2011 бевме тотални аутсајдери, и сите не гледаа како така, а и самите ние не ни верувавме во тоа 1/2 финале, не пак другите репрезентации, е сега оваа година на првенството ќе сме дојдени како четврта репрезентација во Европа, и тоа ќе си го имаат на ум противниците, и многу подруго ќе гледаат на нас.

Нит тогаш, нит сега не сум оптимист, што не мора да значи дека вие не треба да верувате во „чудо“ . :)
 
Само да ти додадам на ова што го велиш.
Ако не очекуваш златен медал си издаица и не си патриот. Ако очекуваш златен медал си паметен и сите вода може да ти носат. Ние на таков принцип функционираме и затоа сме ограничени со успесите. Практично не знаеме да си ги цениме и најмалите успеси.
Малкумина од тука што очекуваат златен медал знаат дека Македонија до 2005 год играше во Б-Дивизија. Апропон ова што го говориш за федерацијата и парите, и тоа што кај нас балкански се тераат работите. Треба да бидеме реални и спуштени на земја.
Ако кошаркариве идат да се буцаат во гради оти се јаки ќе ги снајде елиминација. Затоа искуството се надеваме дека нема да ги носи во провалија и дека колективно ќе се издигнат. Плус медиумиве се отров. Тие ствараат хаос пред мечевите и големи нереални очекувања. Па после се чудиме зошто кога не сме успеале сите ги плукаат. Овие дечки што и да направат во Словенија ќе ја имаат нашата почит. Тие се одамна херои. Тоа е тоа.

Болдот... Тоа е тоа. Тие ги прават сите драми после одреден успех или неуспех. Абе 100 пати сум кажал и пак ќе кажам, прост народ сме бе, шупаци, и затоа никогаш во ништо нема да успееме. Нека видат на Запад како функционираат тие работи, клубовите, репрезентациите се нешто драгоцено и само во исклучителни моменти се плука по нив, кога тоа стварно ќе биде заслужено, инаку секогаш се во нивна одбрана. Нормално тука ја исклучувам жолтата штампа.

А ние го правиме најлошото, им набацуваме тони притисок на кошаркарите и сеа ако заебат работа ќе им пцујат се до 7мо колено, ќе бараат оставки, пензионирања и слично. За мене оваа генерација секогаш ќе остане врежана во срцето, ми приредија бескрајна радост пред две години во Литванија, тие денови беа едни од ретките кога плачев од радост, кога рипав до таван и влагав со пола глава кај комшијата горе, кога трчав како нездрав низ стан... Што и да направат они ќе бидат херои за мене. Нормално, ко и секој нормален фан ќе ги пцујам и ќе ги бодрам во текот на утакмиците, во зависност од текот на истите, али што и да направат они ќе си останат херои во моите очи.

Фотос, за федерацијата си грешка веруј ми.
 
Босна и Латвија мора да се добијат, против Литванија мислам нема што да очекуваме првенството, значи ќе мора една од Србија или Црна Гора да се добие. Феноменално би било да почнеме против Црна Гора со победа, ама на крај се ми стои дека со Србија ќе биде решавачката.
 
Фотос, за федерацијата си грешка веруј ми.

Можеби, но еве барем ја сум задоволен од тоа како е организирано ова со пријателските натпревари.
/офтопик Е сега што портпаролот на КФМ се јавува по новинари да праша како сме изиграле на еден меч од турнирот во Кина, тоа е друга работа.
 
За такви работи и зборувам. Се почна со Докузовски и неговото “одјебување“ од страна на дебиливе. Иначе дали вие знаете дека во македонската лига постои правилото еден играч под 20 години да игра цело полувреме т.е. 20 минути во меч, а оваа сезона нашата драга и мила Федерација не пријави репрезентација до 20 години??!!!! Невиден срам, за 5-6 години у Ш дивизија ќе испаднеме, никаква иднина немаме.
 
Иначе дали вие знаете дека во македонската лига постои правилото еден играч под 20 години да игра цело полувреме т.е. 20 минути во меч

Не важеше ова правило само за до полусезона?
 
Тоа што сме во група со БИХ, Латвија, Литванија, Србија и Црна Гора ни дава колку толку шанси за напредок понатака...Искрено се надевам дека барем ќе стигнеме до осмина финале...ако не појќе :P

Ајде бабуле пак носи ни среќа!
 
Е подобри припреми од овие неможе да имаат така да било какви оправдувања се излишни. Сеа што некои господа доаѓаат на пола припреми а други уште не се стигнати тоа е веќе друга приказна.
 
Шо и да напраат ќе неаме плоштад за да ги пречекаме па може еднаш да им даеме да се брцнат у некоја фонтаница а некој од попоиве да ги попрска со света вода.
 
Шо и да напраат ќе неаме плоштад за да ги пречекаме па може еднаш да им даеме да се брцнат у некоја фонтаница а некој од попоиве да ги попрска со света вода.

Никој нема да иде да ги причека ако не стигнат барем до полуфинале.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom