Градски архитект и градски совет на архитекти, дали ни се потребни?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
На Дарди темата ми даде една старо-нова идеја шо се вртеше насекаде порано, предизборно па после се подрзаборави.

Имено, знаеме дека во Скопје децении после земјотресот си владее урбан хаос. Тоа на градот му дава лоша слика. Секој си гради како сака, а се нема јасна визија за идните генерации. Имено Венеција имала градски архитект од 15 век., а тие градски архитекти биле актуелни и во Римската Империја. Како што знаеме градовите градедни во тоа време си имале јасна визија и биле градени со мисла. Си имала мрежа од улици, централно градско јадро каде што се наоѓале јавните објекти, и било планирано се од театри до храмови. Истите тие објекти Римјаните настојувале во сите градови да бидан унифицирани т.е. секаде да бидат исти или сличи. Но да се вратиме назад.. Попознато за Скопје е големиот план за изградба на Танге, целиот не е дореализиран ни до пола, а камо ли до крај и така денес имаме каша-попара архитектура, а како шлаг на се тоа имаме и дупло повеќе жители од планираното.
Градски архитект би била функција која би била од голема потреба на градот. Имајќи демографски и економски статистики треба да знаеме како ќе се развива градот и да планираме во која насока ќе иде тоа и како ќе се менува.
Овен тоа ќе бидат потребни и појаки закони, а не градено па ај нека седи. Значи треба да се има и строга контрола. Ако е запишано толку, толку да се знае каде , каде . :D
Друго што ме заинтересира е тоа како се одвиваат работите во Италија. Па таму во муабет со едни наши иселеници кои ми кажуваат дека за да смениш надворешна фасада или што било на објектот ( куќа или фирма ) треба да бараш дозвола во општината. А ваму во старите јадра на попознатите туристички градови не смееш ни ќерамида да смениш. Мора да биде исто и автентично.

Еве извадок од еден весник 2011:
Урбаниот хаос и неконтролираниот развој на градското ткиво укажуваат на потребата од враќање на оваа институција, беше истакнато на вчерашната трибина „На Скопје му треба градски архитект“. Градскиот архитект треба да се грижи за визуелното и естетско обликување поважни урбани блокови за заштита на архитектонското наследство, да се залага за промовирање на концептот на одржливост и енергетска ефикасност при планирањето и проектирањето.

Главниот архитект ќе треба да понуди системски и стручно евалуирани урбанистички решенија, бидејќи тој ќе треба да ги обединува и инженерот и уметникот и со техничка прецизност преку бројки и чувство за естетика да овозможи јавен простор по мерка на човекот.

Професорот Александар Андовски, пак, истакна дека централното градско подрачје мора да биде лесно пристапно, но и да има повеќе простор за пешаците и велосипедистите, повеќе функционални објекти што ќе ги збогатат содржините, градско зеленило. Тој се залага да се воведе еколошки јавен транспорт што ќе ги намали загадувањето и бучавата и да се направат напори за дислоцирање на автомобилскиот сообраќај.
На трибината беше заклучено да се предложи измени на Законот за локална самоуправа и на Законот за просторно и урбанистичко планирање во насока на, во Скопје, како главен град на Македонија да се востанови функцијата градски архитект. Истовремено, со оглед на тоа дека и останатите градови се соочуваат со слични проблеми, за нив да се назначат општински архитекти, кои би имале ингеренции не само на подрачјето на градот кој е центар на конкретна општина, туку и во населените места на територијата на самата општина.

Значи не станува збор само за изглед на фасади. Туку и за мрежи од нови улици, проширување и надоградување на старите итн..
 
Не ни треба, зашто знаеме каков ќе изберат и дека ќе биде само уште еден поттик за градење на добропознатите фасадни грдосии...
 
Градски архитект постоеше и во Скопје, пред некои 10-тина години, а еден од нив беше денешниот директор на ЈПДП, Љупчо Георгиевски.

Делата од таа функција, сами за себе говорат: доволно е да ја погледнеме естетичноста и урбаната (не)уреденост во градов и се‘ станува јасно...

Пош‘о кај нас во жалосна Македонија, сите позиции се освојуваат по партиска основа, не знам зашто и функцијата „градски архитект„ па и „совет„, би биле исклучок.
 
И?
Ќе има некое фајде во оваа не-демократија?
Стаи некое бескичмењачко ѓубре на таа позиција и job done.
Доволно началникот на урбанизам да е некорумпирано, стручно лице кое совесно ќе работи, па може да се вика и така ако сака. Проблемот е на друго место, не е во систематизацијата или називот на функциите.
 
Не ни треба, уште еден да го раниме за џабе и онака ќе биде дрво неделкано. Ние си знаеме како се гради, кај ќе си поплукаш твое си е, дигни си куќа.
 
додека народот јаде трева закони колку и да има нема да завршат работа....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom