Какво е образованието во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Значи кој и да е на темава моментално и во иднина ... да го погледне видеово ... сакам ваков модел да биде училиштево ... да не те праша што не ти е јасно ,што не .... па после ученикот да биде швајцарско сирење со дупки кои ќе стануваат се поголеми во основата на знаењето ..... препорачано видео .... типов е генијалец !!! мора поголема подршка да му се даде .... он ми е втор идол после Павлос Васкопулос ,лидерот на Македонците во Егејска Македонија
... или Павле Филипов нашки ... :D

 
брат не знам како да ти одговорам ... но имам една теорија тоес причина е можеби избегнувањето на Македонија да се оцени .... досега во неколку пати поради не знам која причина,можеби надворешна политичка или пак немањето преставник во нашата земја од страна на тој што го прави истражувањето ... искрено знам дека Македонија има навистина добра образовна програма ..... :D

рејтинг на најдобрите 100 универзитети во светот
што е тоа што го НУДАТ ТИЕ- а македонските го немаат

http://www.timeshighereducation.co.uk/world-university-rankings/2013/reputation-ranking
 
1.Пред СЕ на прво место ПРАКТИЧНА РАБОТА им фали на нашиве факултети за да бидат студентите колку толку со некое искуство од професијата што ја избрале да ја студираат јас би рекла дури да бидат 70 % пракса а 30% теорија . 2.Професорите да бидат ВИСТИНСКИ стручни во својата област за да бидат способни да издадат свои книги за студентите да учат ,странска стручна литература да биде само како надополнување 3.Студентите да можат самостално на факултет да ги работат своите студенски трудови ,вежби ..во завианост од факултетот ,за да може да се види способноста на студентот поединечно ,а не една вежба неколку студенти на тој начин може да се пратат вистински талентираните студенти и на нив да им биде дадена стипендија али вистинска не од смешни 1000деда бидат подрзани во секоја смисла на зборот .4.Секој факултет поточно професор треба да ги следи новитетите од својата област и да им и да си го надополнува областа која ја предава со тие новитети и да им ги пренесува на своите студенти ... 5.Да соработуваат со повеке факултети од странсто и во тоа да бидат вклучени и студентите да има размена на студенти ..... 6. Да се прекине со запишувањето со врски за да имаме ВИСТИНСКИ СТУДЕНТИ а потоа и вистински СТРУЧЊАЦИ ..... 7.Иима уште многу други работи кои им фалат (немозам сега да пишувам многу ке фати( на нашиве факултети за да можат да им парираат на Сетските универзитети ,ама дека нешто ке се смени во блика иднина тешко не ми се верува ниту во далечна иднина
--- надополнето: 4 август 2013 во 13:55 ---
Кои се европските или пак светските индикатори за квалитет во образованието ?

Што мислите, кои се потребните чекори што треба да се направат да се реформира образованието?

Што е тоа што треба да се промени, а што не?

Сметате ли дека треба да се воведат модерни, иновативни методи ? дека постоечките се застарени односно застарен е пристапот на пренесување на знаењето?

Кај државните факултети дали освен теоретската настава и недоволната примена на праксата -испаѓа дека практичната рабта на факултетите е многу слабо застапена или пак на некои воопшто и ја нема поради Х причини- некаде поради лошата опрменост на факултетите, некаде поради не/желбите на професорите.....
--- надополнето: 4 август 2013 во 08:42 ---
.
.
.
Пред некое време пишуваше по медиуми дека :

„има случаи на одредени факултети еден професор да им е ментор на 30 магистранти, отсега оваа бројка се ограничува на максимум 10 за една година. За еден професор да биде ментор мора да има објавено најмалку шест труда во меѓународни списанија со фактор на влијание...За секој објавен труд на еден професор факултетот може да му исплати една плата плус.
Универзитетот ќе има обврска да организира студиски престој за минимум 30 студенти годишно, во траење до три месеци, и тоа на некој од првите 500 рангирани универзитети според Шангајската листа. а трошоците за престој, школарина, осигурување, патни трошоци ќе треба да ги плати универзитетот, односно факултетот.

Првпат државата им нуди помош за вработување на лицата што ќе магистрираат или докторираат на еден од првите 200 рангирани универзитети во светот. Тие лица може да побараат помош од Министерството за образование и наука и деканатот на соодветниот факултет, кои ќе помогнат да го вработат...........................

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12313845537&id=9&setIzdanie=22786
Не сум баш запознаета со стипендиве според Шангајскава листа ,јас колку што сфатив е дека стипендии ке добијат само оние кои ке се запишат сами ,значи ако јас стигнам сама да се запишам на некој од тие универзитети и штом сум конкурирала таму значи претходно сум израчунала колку ке ме кошта тоа студирање и сум пресметала дали ке можам да си го дозволам па ке конкурирам ,...тогаш нема да ми биде потребна стипендија од владава да бидам после тоа ограничена со избор на работа и да имам обврски кон нив,иако ретко кој ке конкурира потпираки се на владава ако нема врски таму,ако нема пари за тоа самиот ,иако и тие стипендии ке заминат во рацете на тие што најмалку им се потребни што е вообичаена пракса кај нас
 
Досега најсмешното нешто што го имам слушнато за образованието во Америка, пред некоја година, кажаа дека користењето на црвеното пенкало додека се оценуваат тестовите било премногу депресивно за учениците и затоа немало повеќе да се користи, наместо црвената боја ќе се користеле зелено и пинк пенкало. Незнам дали ова е вклучено во сите училишта или било само во некои.
 
Зарем не завршија со реформите почнувајќи од набавката на кинески компјутери, нови сали на учениците и секако судејќи по квалитетот на учебниците но и фактот што лично неколку деца на роднини и пријатели ги спремам за тестови и тоа се од 10 до 14 години можам да заклучам дека нема никакви ефекти т.е има ефекти и тоа негативни како на пример маструбација на час и порнографија во училишта па и самите знаете колку имаше снимки по училиштава, понатаму незнаење разлика помеѓу вакцина и серум како и бактерија и вирус.

Нашиот образовен систем моментално извршува масовно производство на морони чии идоли се легијата, Ране понатаму нивните џебни ножеви и скапи цигари а пак мајките уште на 12 години си ги нарекуваат КУРВО и Свињо ова го имам чуено во повеќе наврати.

За високото образование, има примери на лица кои завршија Економски а незнаат разлика помеѓу инфлација и стагфлација, незнаат за Кејнз и неможат по сериски код на странски производ да кажат оваа цифра ја означува државата од каде потекнува па така овој касио часовник е Јапонски и е оригинал а не е мејд ин Јапан асемблд ин Кореа и финишд ин Чајна.
 
Дете кое што не знае да чита и пишува оваа година ќе заврши средно образование, а исто така размислува и каде ќе оди на факултет. Повеќе јас немам што да кажам за образованието во Македонија, можеби и најслабиот сектор моментално во државата.
 
професор од Америка дошол на електро и кога видел колку има со презапишани предмети се фатил за глава :pos: се разбира, почнал да им вришти на колегите негови кои мислеле дека ќе успеат да го убедат дека до децата е.
 
Дете кое што не знае да чита и пишува оваа година ќе заврши средно образование, а исто така размислува и каде ќе оди на факултет. Повеќе јас немам што да кажам за образованието во Македонија, можеби и најслабиот сектор моментално во државата.
А и голема е веројатноста да стане магистер, а можеби и министер.
 
Македонското образование едноставно е наjдоброто во светот посебно во историските науки.
 
Македонското образование едноставно е наjдоброто во светот посебно во историските науки.


Ако ова беше шега, ок, ама ако не тогаш во никој случај не се согласувам. Јас судирам на еден од смеровите и во никој случај не е онака како што замислував дека ќе биде. Тоа се креативни науки а ни к од креативност нема. Има стварно добри професори но можат само со една рака да се избројат. Останатите се „турни ме да кинисам„. Повеќето не одржуваат предавања, повеќето немаат соодветна книга напишано за предметот иако на тие факултети една книга и едно мислење не е доволно, меѓутоа должност е на професорот да го припреми материјалот добро. И уште една многу глупава работа што ја има на сите факултети исто не само на филозофски, професорите се плашат и не сакаат да пренесат знаење. За тоа дел виновни се и студентите пошто повеќе од пола се стока без основна култура.
Што се однесува општо до сите реформи кои последно се направија во образованието, мислам дека сите негативно влијааеа и на квалитетот на часовите и на квалитетот на оценувањето и квалитетот на учењето на студентите.
Болоњскиот систем е катастрофален. Јас комотно можам во ниту една прилика во текот на семестарот да не изустам ни збор а на крајот да добијам 10 за прашања на заокружување. И како јас по Х години кога ќе завршам, како ќе зборувам како ќе се изразувам . Како ќе добијам стручен вокабулар. Значи мислам дека професорите студентот треба и за тоа да го спремаат а не го прават тоа. ( нема повеќе усно испитување - на повеќето предмети) .
Компјутерите што ги донесоа во училиштата и јас ги зачекав. Катастрофа. После тоа ниту еден час не беше час. Професорите да им предаваа на мониторите повеќе ќе научеа.

И јас мислам како некој ќлен погоре дека напредок и подобрување нема да има уште долго време. Штета имаме баш квалитетни деца, желни за наука и сите ќе заминат во странство да си ги продолжат студиите што е и логично пошто во странство нашето министерство дава стипендии а за кај нас нема, иако секој би одбрал на страна да појди .
 
професор од Америка дошол на електро и кога видел колку има со презапишани предмети се фатил за глава :pos: се разбира, почнал да им вришти на колегите негови кои мислеле дека ќе успеат да го убедат дека до децата е.

Blame it on Стојна математика у основно :pos:
 
Речиси во целост се согласувам со горниот пост на Петра П. . А виновни се и студентите и тоа како. Само еден пример ќе наведам. Студирам на ПМФ и воведно предавање, предметот не е битен сеа, се претставува професорот и почнува да зборува како ќе бидат организирани вежбите. Вика, оваа година наместо планираните 9-10 вежби ќе одржиме само 4 практични, останатите ќе бидат теоретски, зошто двојно поскапеле материјалите од лани и он така решил, за да не не преоптоварува. Се зачудив малце, си викам ако има 3-4 да се побунат не е битно ќе доплатиме колку треба и така плаќаме оштета на крај 300-400 денари, ништо значајно не би сменило ако би платиле 900-1000. Нели, се за наука. Си шепотат неколку колешки, ама никој не сака да прозбори. Професорот вика дај кажете ако имате некоја забелешка, да слушнеме сите 80-90 луѓе(3 насоки заедно слушавме). И овие ни а ни б, му викаат професоре дали ќе завршиме порано со вежби од лани. :facepalm:

Професорот прво малку се поднасмевна, па онака незаинтересирано одговори дека ќе сме завршеле. Кутриот си вика, овие не ги интересира ништо, ја па уште ќе им се правдам зошто биле пократки вежбите. Не знам, не ми е логично да одлучиш сам за 100 души, за неколку стотина денари плус и тоа го земам за голем минус на професорот. Ама незаинтересираностa е моментот тука.
Да биде иронијата поголема, одиме со колешка да земаме оцени и пред тоа не прашува како сте задоволни од предметот. Ние викаме предавањата беа солидни, ама вежбите ептен малку беа. На тоа добивме одговор, цитирам ,, Моите предавања се најдобри на Балканот и едни од подобрите во Европа'' :facepalm:

Издржавме со колешката да не се изнасмејме и само климавме со глава тие неколку секунди, за да пред ни ги стави оцени ни рече ,,Зошто 7ки, зошто не учите, па утре некој понепаметен од вас со повисок просек да ви го земе работното место'' :facepalm: Аха си викам, ако е некој син/ ќерка или внук/внука на професор, можеби не викам не. А типот изглеа фер вака кога ќе го видиш и да го слушаш на предавања. Со сите се знае, ќе каже 3-4 шеги и глава не може да крене од дипломски. Треба да закажиш година дена унапред, за да дојдиш до ред. :facepalm:
Можам до утре и да зборувам и да пишувам зошто, ама кое фајде никој од студентите не се буни, на професорите у ред му е и то е то.

А за тоа усното на ПМФ да не почнувам. Усно систематика на растенија, ти дава 3 прашања од цела книга 130-140 страни со латински имиња и си ги бара сите 3 одговорени за да ти пише барем шеска. Среќа шо положив на колоквиуми, минатиот пат полагав нешто друго во близина па забележав, колкава гужва имаше. Избројав 38 луѓе. Верувале или не пуштил двајца. А знам барем десетина многу солидни студенти, што ете не положиле на колоквиуми, ама...

Invertebrata, имаш само усно, книгиче исто од 130-140 страни, ти дава 3 прашања, дури и да ги одговориш може да те падне. Ми се падна за муви, во книга имаше 15 видови, ја напишав 9-10. Вика ти не си ги научил мувите убаво дојди уште еднаш. :facepalm: Од 70-80 студенти половината ако не и повеќе нема воопшто да се појават и нормално презапишуваат, останатите абе ќе ги мачи, ќе ги мачи и од нив барем 10-15 нема да пушти. Ај за овој предмет морам да се пофалам еднаш се побунивме, да ни даде писмено полагање, да не полагаме кај него во канцеларија. Зажаливме што бевме на факултет тие неколку минути додека после некој ден ни ги соопштуваше резултатие. Значи тетратка каква што даваат на колоквиум од двете страни испишана цела, двете колешки и влегуваме внатре, на тестот пишува падната. Го листа тестот од двете страни испишани, овој им најде маана некој ваажен претставник заборавиле. :facepalm:
Ми се има десено на усно полагање по друг предмет, професор да ми рече, побрзај колега имам работа. Убрзав, му ги одговорив сите 4 прашања и петтото ми го постави некои графици што спомна дека нема да ги бара на испит. Му кажав убаво, најсмирено дека не требаат, он ми вика тоа треба од општа култура да го знаеш. :facepalm:
Да не се сфатиме погрешно, сум за сите предмети да бидат усно, па и практично кај нас ако треба и дупла нека направат партиципација, ама да се научи и да завршат само тие кои што стварно вредат. И не изживување на небитни предмети за моја насока, како примерите погоре. Ама тоа не го гледаме наскоро, од многу причини.

Секоја чест на неколкуте наместо професори, коишто стварно се трудат, ама таквите се бројат на едната рака, овие другиве...не ми се ни пишува повеќе.
 
smijesne-slike-mito-i-ko.jpg
 
Македонското образование едноставно е наjдоброто во светот посебно во историските науки.
ааааааајде де, па уште и во свет
ти ова сериозно или се мајтапиш по форум?!
знаеш, имаше една анегдота- дека добар процент од студентите на економски мислат дека маржа е жената на homer simpson
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom