- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.592
Интересно и позитивно...
Официјалните претставници ја поздравија обновената соработка меѓу македонската и грчката железница по 25-годишна пауза, велејќи дека работата на подобрувањето на железничкото поврзување и преносот на патници и стока преку границата ќе биде од полза за економиите на двете држави, како и за билатералните односи.
Железниците на 17-ти јули во Скопје потпишаа договор за соработка, и покрај политичките проблеми што влијаат на грчко-македонските односи.
Тоа беше историски состанок, според Папајотис Теофанопулос, директор на Грчката железничка организација (ОТЕ).
„Треба да соработуваме, затоа што само така ќе имаме побезбеден, подобар и поевтин железнички сообраќај. Сите пруги треба да се поврзани и да имаме еднакви стандарди. Не се работи за македонски, српски или грчки железници, туку за железницата како целина преку која треба да имаме побрз пренос на патници и стоки“, рече Теофанопулос.
Властите сакаа да ги подобрат и односите, покрај подобрувањето на железничките услуги, обемот и инфраструктурата, според Ирфан Асани, директор на Македонски железници.
„Се надевам дека ќе најдеме начин и да ги доближиме нашите држави и да ги натераме да размислат за отворање нови гранични премини, каде што времето на чекање ќе биде скратено и сите неопходни процедури ќе бидат олеснати“, рече Асани.
Двата официјални претставници се согласија да се изгради заедничка станица за предавање на возовите, како и повторно да се воведе редовна железничка линија од Скопје до Солун.
Тие, исто така, рекоа дека очекуваат да се изгради ново железничко поврзување преку граничниот премин Кременица и наскоро ќе биде потпишан договор за конкретните идни активности.
„Треба да направиме сè за работите да бидат подобри за сите. Ако не работиме заеднички, нема да има резултати“, рече Теофанопулос.
Официјалните претставници велат дека од особена важност е повторното воведување на редовна линија меѓу Солун и Скопје, која беше ограничена на сезонски воз во текот на летото, како последица на заладените односи меѓу двете земји.
„За Македонија железничкото поврзување со Солун ќе значи индиректен контакт со европскиот пазар, бидејќи солунското пристаниште е многу блиску до нашата држава. Тоа ќе ни овозможи повеќе увоз и извоз“, рече за SETimes Љупчо Балковски, поранешен министер за транспорт на Македонија.
Балковски рече дека регулирањето на односите меѓу железничките организации беше неопходен чекор, како и ревитализирањето на железничката инфраструктура во целиот регион.
„Железничкиот транспорт е главен начин на транспорт во Европа и земјите инвестираат многу во истиот. Добро е да се спроведе ваква соработка со Албанија, Косово, Србија и Бугарија“, рече Балковски.
Официјалните претставници и експертите се согласуваат дека инвестирањето во железничката инфраструктура претставува приоритет. Македонското Министерство за транспорт и врски неодамна ги избра претпријатијата што ќе работат на реконструкцијата на постојната железничка инфраструктура на три локации.
„Со тоа ќе се отстранат ,најцрните точки', односно местата каде што најбавно се движеа возовите на [северно-јужниот] транспортен коридор 10. ... Реконструкцијата на железницата и градежните активности ќе овозможат просечна брзина од 100 до 120 километри на час. Тоа значи дека многу побрзо стоките пред сè од солунското пристаниште ќе стигнуваат до фабриките“, рече за Курир Миле Јанакиевски, министер за транспорт на Македонија.
Договорите за железниците обично се потпишуваат или модификуваат за покус временски период, но политичката клима не дозволи тоа да се случи порано, според Анастас Дуровски, професор по јавни финансии на државниот универзитет во Битола.
„Но, овој договор дефинитивно ќе ја олесни трговијата, со оглед на тоа што многу често го користиме солунското пристаниште и што многу грчки претпријатија воспоставија бизниси во Македонија“, рече Дуровски за SETimes.
Договорот ќе биде од полза и за граѓаните, бидејќи бројот на патници ќе се зголеми, рече тој, додавајќи: „Овој вид транспорт е далеку поевтин и ги намалува трошоците“.
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2013/08/01/feature-01
.