Потонати австроунгарски бродови во Струга

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
%7BC60B4F91-6607-469A-9666-B0A0A7DF668A%7D_ohrid-2.jpg
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
На струшкото крајбрежје на Охридското Езеро , на потегот од одморалиштето на скопскиот Црвен крст до бившата фабрика "Стружанка", се наоѓаат потонати бродови од Првата светска војна.
Тие се австроунгарски, кои биле потопени од Австријците за време на нивното повлекување од Струга.
Тоа се пет воени бродови, обраснати со алги и школки. Сега се останати само нивните костури и бронзените ознаки кои се со римски броеви, како сведоци на едно време од историјата на Струга. Нивната опрема била разграбана од разни ловци на стари предмети.
" Тие се потопени од австроунгарската војска. Кога се повлекувале за да не ги остават, Австријците ги минирале. Бродовите имаа митралези, топови, муниција, гранати и друга опрема. Но, бидејќи не беа заштитени, тие беа однесени од ловците на стари предмети", вели Крсте Белески, член на нуркачкиот клуб "Нуркач" од Струга.
Воените метални бродови се потонати на плитко место, на шест метри длабочина во Езерото. Кога е убаво времето и Езерото е мирно, бродовите се гледаат и со голо око на површината.
Белески вели дека поради тоа што било скапо нивното вадење, никој не пробал да ги извади и да ги однесе во музеј.
"Вадењето е скапо. Треба голема екипа, опрема, и многу пари ", потенцира Белески.
[/FONT]
 
Па срам да ми е,ја од струга и ова првпат да го слушам ц ц ц ц па одам да го вадам титаник еваа ме зачуди муабетов
 
Ехееее, реков јас дека Стуга е закон:vozbud:
А кога ги откриле?
 
Како само ли ги довлекле до Струга во тоа време?

Кога го видов насловов на темава си помислив "КОСМОФОН" :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom