Нова, привремена, грчка национална телевизија :-)

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Продолжува циркусот со Грчката национална телевизија (ЕРТ). Откако Самарас ја затвори ЕРТ по диктат на троецот ЕУ-ММФ-ЕЦБ, и отпушти над 2600 вработени, тие не ја напуштија зградата, туку создадоа паралелна телевизиска станица и емитуваат на интернет.

Самарас го оправда потегот заради тоа што телевизијата била легло на корупција, но вработените го потсетија дека то лично вработил таму 30 дебело-платени “советници“.

Во меѓувреме, Самарас ствара нова, но привремена национална телевизија ЕДТ. На три канали пуштаат црно-бели филмови, документарци од времето кога Исус рекол “лека ноќ“ и слична продукција.

Досега се јавија режисери дека ЕДТ без дозвола им ги емитува филмовите и емисиите, па се тужат на суд. На пример, режисерот Ровирос Мантулис тужи за филмот “Госпоѓа градоначалничка“, исто како и Клеони Флеса и Ираклис Пасчалидис. Мантулис ја нарече ЕДТ “ТВ станица - проститутка“.

Привремената ЕДТ треба да ја надминат и да створат нова национална телевизија НЕРИТ. Демек ќе ги вработат некои од старите вработени, кои одбиваат да комуницираат со владата:

"...Владата планира повторно да вработи меѓу 1.000 и 1.200 поранешни работници на ЕРТ, кои ќе ја водат НЕРИТ, како и евентуално 2.000 работници со двомесечен договор во ЕДТ, но без политичко мешање, според заменик-министерот за култура, Пантелис Капсис.

„Имаме маратонска задача пред себе, која ќе бара промена во пристапот“, рече Капсис.

Капсис призна дека ЕРТ беше водена од владата, која ја обликуваше програмата, но вети дека таквата практика нема да се случува во НЕРИТ.

„Мојата визија е дека еден ден некој министер ќе му се јави на уредникот на вестите, а тој ќе му го затвори телефонот“, рече Капсис.

Но, вработените во ЕРТ и понатаму одбиваат да ги напуштат канцелариите на ЕРТ или да преговараат со Капсис.

Според Јоргос Цогопулос, истражувач-соработник во Грчката фондација за европска и надворешна политика во Атина, мала е веројатноста дека ќе се применуваат предвидените практики засновани на заслуги за НЕРИТ, а ЕДТ е неефикасна замена.

„Ова е само привремена верзија, наместо да нема сигнал, што предизвикуваше проблеми во Грција и низ целиот свет“, рече Цогопулос за SETimes, мислејќи на осудата на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и другите организации кои ги нудеа своите услуги за ЕРТ да продолжи со работа.

Цогопулос, исто така, рече дека не е оптимист за НЕРИТ, бидејќи истата ќе биде водена од политичарите кои ја банкротираа ЕРТ и не ги вработуваа новинарите според вредностите.

Синдикатот кој ги претставува отпуштените работници на ЕРТ повика на референдум за законот за основање на НЕРИТ, со цел грчкиот народ истиот да го отфрли.

Владата не ги објави рејтинзите за ЕДТ, но некои гледачи велат дека не се задоволни од квалитетот на програмата. Истата вклучува 50 години стари филмови, мрачни документарни филмови и куклени претстави кои се гледаат истовремено на три канали.

„Изгледа како да ги извадиле работите од архива“, рече за SETimes Антонис Прицос (62), менаџер на продавница за спортска опрема во Атина.

Друг гледач, Христос Зогопулос (46), приватен службеник во Атина, ја опиша содржината на ЕДТ како работи фрлени во воздух без план.

„Ова не е нов канал, не е дури ни програма и јас не го гледам“, рече Зогопулос за SETimes.

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2013/07/30/feature-03

.
 
Не за друго, туку добро е да се види во какво расуло е гнездото од каде што одеше анти-макдонската пропаганда. Творецот на истата, Самарас, вработил 30 комада. И тоа е добро да се знае.
 
Не за друго, туку добро е да се види во какво расуло е гнездото од каде што одеше анти-макдонската пропаганда. Творецот на истата, Самарас, вработил 30 комада. И тоа е добро да се знае.

Има уште многу да си го мериме со нив,ова е само почеток.
 
и ова е интересно да се читне односно чуе аудио записот од германскиот новинар кој беше избркан од Алексис Ципрас- лидерот на Сириза( кој е и потенцијален иден премиер на гејлада)
какви се не незгодни прашања поставил германскиот новинар пред се’ поврзани со Германско- гејските односи, гејскиот„хумор„ со Меркел и хитлер и нивен приказ преку карикатури - и по само 7 минути од интервјуто Алексис го брка
:pos:


интервјуто е на англиски
препорачувам да го чуете :vozbud:

http://www.faz.net/aktuell/politik/...&action=audio&tabCounter=2&showMarginalSlot=0
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom