Фан Клуб: Шкендија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tоni
  • Време на започнување Време на започнување

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.642
Поени од реакции
10.241
logo.jpg

Klubi Futbollistik Shkëndija (Фудбалски Клуб Шкендија) е основан во 1979 година, од страна на албанците во Тетово.
Шкендија започна во најниското по ранг натпреварување на поранешната федерација на Југославија. На крајот на сезоната 1979/1980 осигура пласман во Третата Лига на Република Македонија. Потоа во сезоната 1980/1981 успеа да се пласира во Втората Лига.

Како што растеше популарноста на Шкендија помеѓу албанците во Југославија, толку растеше и нетрпеливоста на тогашната власт спроти Шкендија. Така тие одлучија да и забранат на Шкендија да се натпреварува во било кое натпреварување, така престанаа да постои и фудбалскиот клуб, и одбојкарскиот и карате клубот.

После прогласената незавизност на Македонија, во 1992 година Шкендија се реформира и почнува со натпреварување во најнизок ранг, во сезоната 1992/1993.
Веднаш после првата сезона напредува и велгува во Третата Македонска Фудбалска Лига. После една сезона во трета лига (1993/1994), осигура влез во Втората Македонска Фудбалска Лига, каде што ќе настапи во сезоната 1994/1995, кога за првпат во неговата историја клубот ќе се квалификува во Првата Македонска Фудбалска Лига.
За жал во сезоната 1996/1997 Шкендија ќе се пласира на 13-то место и ќе се пресели во Втората Лига.

Во сезоната 1999/2000 во Втора Лига, Шкендија ќе обезбеди пласман во Прва Лига. Но, за жал нема да успее да ја заврши сезоната 2000/2001, поради воениот конфликт во Македонија, и ќе се пресели во Втората Лига.
После две сезони во Втората Лига, во сезоната 2003/2004 ќе се качи пак во Првата Лига и ќе игра 4 сезони по ред во Првата Лига. Во меѓувреме во сезоната 2005/2006 Шкендија за првпат во нејзината историја ќе игра финале на куп, на Македонија, каде несреќно во последните минути ќе изгуби од Македонија ЃП со резултат 3:2.

TEAM.jpg

Во сезоната 2007/2008 Шкендија ќе се пресели во Втората Лига.

Пред почетокот на сезоната 2008/2009 Шкендија добива нов спонзор, австриската фирма "MESSI GROUP". Истата сезона Шкендија ќе игра бараж за влез во Прва Лига, но ќе изгуби од Пелистер.
Но во следната сезона 2009/2010 како првопласирана во Втората Лига ќе се пласира во Првата Лига.
Сезоната 2010/2011 ќе биде најуспешната во историјата на клубот. Шкендија првпат ќе стане шампион на Македонија. Со 21 победа, 9 нерешени и 3 порази, со гол разлика 65:23 и со 72 бода, Шкендија ја заврши најуспешната сезона во историјата.

shkendija1.jpg


Во квалификациите за Лигата на Шампионите ќе игра против српски Партизан од кого ќе биде елиминирана.
После освоената титула управата на клубот ќе го модифицира амблемот на клубот:
g-shkendija1.jpg

Сезоната 2011/2012 Шкендија ќе се пласира на 3-то место. И во квалификациите за Лига Европа, Шкендија ќе биде елиминирана од северно-ирски Портадаун.
Сезоната 2012/2013 клубот ќе западне во финансиска криза и ќе заврши на 5-та позиција, но по втор пат во историјата на клубот ќе се пласира во финалето на Националниот Куп на Македонија, каде ќе биде поразена од Тетекс со резултат 1:0.



Навивачите на Шкендија се познати со името "BALLISTËT".

Ballistet_logo.jpeg


Балистите се основани во 1992 година. Шкендија секогаш ја имала подршката на Балистите.
Името на Балистите на почеток не било дозволено, па групата излегла со името BAL (Бал) или кратекнка на името BALLISTËT.
Вредат да се спомнат најголемите организирања на Балистите за мечевите на клубот.

Прво да се спомне 1994 година, на меч од третата лига против Фортуна. На тој натпревар имало 20.000 луѓе.
18514.jpg



Финалето на купот во 2006 година, во Скопје. Тогаш 37 автобуси и многу коли и комбиња со навивачи на Шкендија беа присутни на тогашниот Градски Стадион во Скопје.

ballis18.jpg


Натпреварот Шкендија-Металург кога Шкендија ја славеше титулата, Градскиот Стадион во Тетово пак полн, 16.000 луѓе.
306369_251928311504213_1524572_n.jpg



Шкендија извадила неколку познати играчи кои играат за европски клубови:
Агим Ибраими отиде во Базел, па после смената на неколку клубови отиде во Марибор.
Ферхан Хасани отиде од Шкендија во Волфсбург:
Валмир Нафиу отиде во Базел, па после од таму во Хамбургер.
Џелил Абдула отиде во Ден Хаг, па од таму во Дизбург.

Најпознати играчи кои играле за Шкендија се:
Ќатип Османи, Артим Шаќири, Неби Мустафи, Mенсур Куртиши, Арѓент Беќири, Ндерим Неџипи, Артим Положани.

Најголемата легенда на клубот е Ќатип Османи, кој играше за Шкендија, но и како тренер ја освои титулата првак на Македонија.

images
 
Добар вовед, ќе спремам и јас некаков материал па со помош на модераторите ќе ги споиме во воведниот пост.

Сакам да искажам благодарност до Acid што ни даде можност за да и ние фановите на Шкендија имаме свое гнездо на форумов.

До фановите на Шкендија: Дискутирајте квалитетно без постови од типот уааа браво јееее. Да се биде добар пример е интересно. Ако некој провоцира стиснете на копчето ПРИЈАВИ, админот кажа дека истите ќе бидат банирани од темава.

Па со среќа нека ни е новата тема и новиот спонзор
 
До пред почетокот на сезоната 2013/2014 беше непозната иднината на Шкендија. Останаа без спонзор, а играчите почнаа да си одат од клубот.
Балистите започнаа иницијатива за спасување на клубот. Па Еколог од денеска е нов спонзор на Шкендија!

Најголемата заслуга зошто Еколог влегува во Шкендија им припаѓа на Балистите. Откако заврши сезоната во клубот не остана ништо, неколку играчи заминаа, некои останаа да чекаат што ќе биде. Балистите првин побараа од Еколог да ја плати котизацијата, при што фирмата одговори позитивно и ги даде потребните 13.000 евра. Потоа Балистите ги расчистија работите во клубот, влегоа во преговори со Еколог за да им го дадат клубот.
Еколог даде одговор, кажаа дека не се инволвирани директно во спортот, туку дека помагаат колку што можат, но дека за Шкендија ќе направат исклучок и ќе формираат работна група која ќе ја студира ситуацијата со клубот. Па дојдоа експерти од Германија и Швајцарија.
Потоа кажаа дека на 31.07.2013 ќе го дадат конечниот одговор, дали влегуваат во клубот или не.

На другата страна Балистите започнаа кампања со мотото "Ecolog, thuaj PO" или во превод "Еколог кажи ДА". Кампањата зеде голем замав, од сите страни стигна подршка. Сите албански навивачки групи дадоа подршка со ова мото, почнувајќи од сите албански групи во Македонија, Косово и Албанија. Разни спортски клубови од многу спортови, фудбалскиот клуб Приштина, и други.
Потоа разни индивидуалци, фанови на Шкендија. Вреди да се спомнат пораките од Нови Пазар и Прешево, Србија. Па неколку албанци кои живеат во Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина. Луѓе кои работат на различни краеви од светот, пораки стигнаа од САД, од Москва, Русија и речиси сите европски земји каде има албанци, од Катар и Афганистан.
А кампањата кулминираше кога познатиот албански фудбалер и капитен на репрезентацијата на Албанија, Лорик Цана излезе со подршка, па после него и фудбалерот на Баерн Минхен, Џердан Шаќири.
Ете го албумот од кампањата: https://www.facebook.com/media/set/?set=a.611304848899889.1073741828.114743975222648&type=3

Денеска фамилијата Дестани го даде одговорот, Еколог им кажа ДА на Балистите и Шкендија. Денеска во Тетово се слави, веќе нема да има проблеми со Шкендија. Откако ги подмирија сите долгови на клубот, најавуваат голем буџет и прави луѓе кои ќе се ангажираат за Европска Шкендија!
Ќе го реновираат стадионот во Тетово за европските натпревари да ги играме во Тетово, а мислам дека во иднина ќе се гради сопствен стадион.

Тие кои не ја познаваат фамилијата Дестани и фирмата Еколог, ете ви неколку информации:
Ова е веб страницата на Еколог http://www.ecolog-international.com/files/index.php
Еколог во Тетово:


presidenti_pacolli_sot_viziton.jpg



Еколог во Дубаи:

ecolog_dubai.jpg



Еколог во Шангај:

_expo_shanghai_2010_merr_pjese.jpg


Еколог во Вашингтон:

1z6fw5s.jpg


Главата на фамилијата и човекот кој со срце посакуваше да и помогне на Шкендија е Лазим Дестани.
Lazimi-destani.jpg

Средбата со Бил Клинтон:

2nd+CGDC+Annual+Meeting+2012+Day+3+QqFnDs552cGl.jpg



Средбата со Тони Блер:

blair_lazimi-300x199.jpg


Најмладиот син на Лазим Дестани е актерот Блерим Дестани. Тој има снимено филмови во Холивуд и продолжува да снима нови филмови. http://www.imdb.com/name/nm1773716/

Се најавува силна Шкендија, но повеќе информации кога ќе се објават имињата на засилувањата
 
Besart Ibrahimi se spomnuva kako prvo ime :) kako vtoro Mensur Kurtisi
 
Како прво да кажам дека ми е драго што конечно имате свој фан клуб.Од секогаш сум ве поддржувал во таа намера.
Како второ турам лајкче не дека ја сакам Шкендија (напротив....со Слога сте ми екипи што најмалку ги сакам од Македонија),него ради трудот:D .Навистина добар вовед и подобар македонски од 90% од луѓето на форумот (меѓу кои сум и ја:P ).
Трето ај нека ви е со среќа екологов,бар ќе биде поинтересно со вас.
Четврто т од титули да не видите. :D
 
Балисти докажаа на другите навивачки групи во Македонија, колкава е улогата на навивачките групи кога се работи за омилениот клуб! Иако не навивам за Шкендија, сепак едно големо БРАВО!
 
Еколог влегла во Шкендија, најавуваат буџет од 4-5 милиони евра. Шпекулации или?
 
Добро тимче ќе створат Шкендија сеа со богатава фирма која инвестира во клубот.
П.С. На новиов ФМ ќе се почнува со Шкендија :icon_lol:
 
Со среќа нека ви е спонзорот и новото раковотство, ви посакувам успеси во натпреварувањата.
Чест треба да биде и за Дестани да управува со Шкендија , пошто е клуб со многу навивачи и подржувачи ... Но сепак не е лесно да одржиш спортски клуб во Македонија (Преварантска лига) , затоа браво и за Дестани .
 
Со ваков спонзор би требало да бидете доста јак тим :)

Инаку фала на информацијата околу клубот ... (y)
 
Еколог влегла во Шкендија, најавуваат буџет од 4-5 милиони евра. Шпекулации или?
Znaci vaka da ti bide pojasno.Gledam deka ne go poznavas covekot ,ali nie vo Tetovo (opsto albancite)site go poznavame.Covekot se bavi so mnogu biznisi .ti spomna edna cifra 3-4 milioni ali za nego tie pari ne se nisto.Za nekolku denovi ke ima press konferencija i ke pokazat kako ke go vodat timot.Spored nekoi zborovi menagmentot na timot ke bide od stransvo ,i prvo sto saka da pravi e ili da go renovira gradskiot stadion vo Tetovo ili da pocne so izgradba na nov stadion.Znaci navistina e dobro sto vleze vo Shkendija ne samo za nas ,tuku opsto za celiot makedonski fudbal.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom