ТВ Ретро - mtvretro.blogspot.com

  • Креатор на темата Креатор на темата k3dk
  • Време на започнување Време на започнување
Јас уште го чекам денот кога ќе биде аплоудирана серијата „Едно лето.“

Џинглот (тука преработен од Суперхикс) сигурно ќе ве потсети ако не ви текнува за што зборам.

П.С. Херојот со црвен џемпер...
 
Каква страшна архива има МТВ со секакви поучни и корисни видео записи а се што гледаме по телевизииве е турско индиско вриштење. Супер идеја за сајтов, браво.

Нели почнаа да ги дигитализираат архивските материјали едно време?

Ова го најавуваа година-две наназад сигурно. И конечно после толку време објавија дека завршил процесот за една серија од ‘85-‘86 мислам - „Случки од животот“ со Бранко Ѓорчев. Не бев слушнал за неа и сакав да ја гледам. Еднаш кога ја фатив конечно, траеше 10-тина минути и им заглави нешто на сред пренос, па ја прекинаа.

И оттогаш ништо.

А баш би сакал да ги видам сите тие стари емисии со убави снимки. Не знам како оди точно тој процес, но сигурно може малце да интензивираат. Замисли, „Бушава азбука“ во HD! :D

Па уште да направат еден VOD сервис на интернет, и да се стави круна на трудовите на ТВ РЕТРО и сите други како него. Ќе имаат по 1000 посетители во минута.
 
Јас уште го чекам денот кога ќе биде аплоудирана серијата „Едно лето.“

Џинглот (тука преработен од Суперхикс) сигурно ќе ве потсети ако не ви текнува за што зборам.

П.С. Херојот со црвен џемпер...

Кој што ќе ја пронајди нека каже. Едно Лето
 
A нешто спорт? :)

Оригиналната идеја не вклучуваше спорт но ДА звучи изводливо и прилично интересно да се воведе и тоа...Но засега само ЈАС (еден човек) работи на целава идеја,здравје ако се експандира малку повеќе во иднина зошто да не и спорт.
 
Секоја чест за идејава (y)
Би можел за секоја серија, филм, емисија и опис да дадеш малку :)
 
Аууу The Storyteller.

Јас ги вртам македонските народни приказни моментално , за расположение.

Инаку убаво би било ако успееш да стигнеш до натпреварите на македонската фудбалска репрезентација . Скоро ништо не може да се најде пред 2002ра на интернет , освен некој меч на ффм на сајтот што имаше ставено. А во МТВ ги има . :)
 
Можеби ги има во МТВ не сум ниту во нивна архива ниту вработен...
Ова "ТВ Ретро" ми беше едноставна идеја и ја реализирав.
--- надополнето: 31 јули 2013 во 15:21 ---
Секоја чест за идејава (y)
Би можел за секоја серија, филм, емисија и опис да дадеш малку :)

Се согласувам, јас би додал и линк кон IMDB.com на пример :) ама и вака е многу работа за еден човек :) ќе видам што можам плус да додадам секогаш во план ми е ново нешто.
 
Ова ми е откритие на неделата,го видов уште од пред една недела и позитивно се изненадив:)
Место да даваат кретенски турски и индиски серии,можат вакви убави работи да пуштат:D
 
Сè на едно место, одлично!

Си заслужи букмаркс веднаш. :)
 
Секоја чест друже. Баш на овие горештини да се пополни досадното време со интересни содржини од минатото.
 
Сите го испофаливте...на никој не му текна...дека човекот нема купено домејн.....дека можеби треба да му се помогне со некоја смешна но значајна донација (секој по 1 еу на пример).

Друже k3dk стави копче "Donate" на страната ако мислиш дека законски нема да те гонат....за да ти донираме бар колку да имаш поголема мотивација.
 
Благодарам не е за пари направено ништо
Штотуку довив закана дека ќе биде хакиран
Доколку не платам а не носи пари блогот
Kostur123 е хакерот
 
Aко имаш контакт до тоа архивите ако можеш стави некој од скопски џез фестивал концерт.
 
А што се однесува до Kostur123 популарност ретрото имаше доволно
Жал ми е само што постојат такви луѓе како тебе што со нетрпение чекаат да заебат нешто за кое некој работби и вложил труд и време во тоа.
Толку од мене...не ни требаше на кајгана да дојдам токму поради такви луѓе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom