ИТНО:Помош со македонска царина

  • Креатор на темата Креатор на темата UltraSonic
  • Време на започнување Време на започнување
Имам прашање во врска со пратка од Ebay задржана на царина. Ми стигна писмо дека пратката е задржана за да се спроведе царинска постапка. Се бара да се достави фактура или документ за вредност на стоката. Колку што гледам писмото е пратено од Царинска испостава Пошта во Скопје, а јас сум од друг град. Ме интересира како треба да се извади доказ за вредноста. Се печати некоја фактура од Ebay или PayPal? И каде треба таа да се достави? Имам слушнато дека пратките повеќе не ги задржуваат во другите градови на царина, туку во Скопје, па треба да се оди специјално до Скопје за да си ја земеш пратката ако си од друг град (што е невидена мизерија и катастрофа). Дали е ова точно или има начин да се достави документот за вредноста преку пошта или да им се прати на мејл во електронски формат, па после тие да ја препратат на таму до поштата во градот каде што живеете?
Во писмото што ти го пратиле имаш е-маил адреса каде да пратиш податоци.
Ќе си ја испринташ ф-рата од ибеј пратена на меил или од пејпал и ако имаш електронско банкарство ќе си симнеш извод ако не ќе си појдеш во банка и ќе побараш извод од денот кој е направена трансакцијата.
На е-маил адресата ќе ја испратиш ф-рата и изводот а како предмет ќе го наведеш бројот на царинскиот предмет.
По тие документи ќе ти одредат колку треба да платиш царина и ДДВ,па ќе ти го препратат пакетот на наведената адреса а при подигање ако треба да платиш нешто ќе ти каже поштенскиот работникк
 
Фала на одговорот. Колку што те разбрав обавезни се двата документи - и фактурата од Ebay и извод од трансакцијата од банката? Изгледа сепак грешно сум бил информиран дека треба да се оди до Скопје, што е тотално нелогично. Се надевам ќе оди се како што треба.
 
Испрати на наведената имеијл адреса извод и ф-ра со бројот на царинскиот предмет и ќе немаш порблем
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom