Оланд го згрешил името Македонија - реакции во Франција

  • Креатор на темата Креатор на темата Katunec
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Треба да реагираме и да го искористиме моментов на бесплатна реклама што францускиот дибек ни ја створи.

Оланд само ја потврди поддршката што Франција и ја дава на Грција како нејзин најголем сојузник во ЕУ. Оваа држава има најнегативна улога за Македонија уште од Балканските војни.

Позитивно е што Оланд е критикуван во самата Франција, повеќе заради внатре-политички причини, како и фактот дека ова е трет “лапсус“ на Оланд (наводно) кога се работи за имиња на држави.

Францускиот претседател на заедничката конференција за печатот со Борут Пахор во Брдо кај Крања, одговарајќи на новинарско прашање за неговата подготвеност да помогне во решавањето на проблемот со името, следејќи го преведувачот, наместо „Маседуан“, како што правилно треба да се изговори на француски јазик Македонија, рече „Маседони“.

„За поранешната југословенска република „Маседони“, потсетувам дека Франција е подготвена да бара решение преку квалитетот на односите кои ги имаме со Грција“ – изјави Оланд без да ја исправи грешката.

Во бројните реакции на печатот по овој претседателски лапсус најчесто читаме: „Франсоа Оланд измисли нова земја - Маседони“.

Француските медиуми се запрашуваат дали Оланд ја познава географијата, бидејќи ова е негов трет дипломатски лапсус за само два месеци.

Претходно во Јапонија во присуство на јапонскиот премиер Шинзо Абе, Оланд го помеша јапонскиот народ со кинескиот, каде беше исправен од преведувачката,додека на конференцијата со новинарите во Тунис, Холанд го помеша Тунис со Египет.

Лапсузот на Оланд со името на Македонија, дозволи за ова да се пишува во француските медиуми и посебно на интернет форумите, каде има повеќе стотици коментари во кои се потсетува на долгогодишниот спор околу името со Грција.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=21898

.
 
Во политиката, дури и случајностите се намерни.
 
Или бесплатна реклама или ќе го искористат како предлог за ново име на МАКЕДОНИЈА (некој политички трик да излезе). :)
 
Па и не е некоја голема грешка, 90% од французите викаат "Macédonie" наместо "Macedoine", сепак мислејќи на наша Македонија.

Ова е само уште една медиумски преувеличена ствар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom