Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Тргнуваш од претпоставката дека моторот позади се движел меѓу возила. Како што можеш да забележиш, нема возила во средната лента. Значи, покажи ми со видео каде моторот од позади иде меѓу возила? Немаш нели? Не знам зошто упорно ставаш видеа од мотори кои се движат меѓу ленти. Таквите не ги оправдувам. Тоа не е случајот погоре. Не знам дали разбираш, Поршето му влезе во неговата лента. Споредуваш банани и јаболки со примериве од другите видеа.

Патем, како ке се осигураш дека не идат мотори зад тебе? Во сред бел ден, нема да вртиш како ке ти текне во секунда, и најбитното, КЕ ГЛЕДАШ неколку секунди дали некој иде од позади или не. Толку е едноставно.
 
Тргнуваш од претпоставката дека моторот позади се движел меѓу возила.
„Претпоставка“... :facepalm:

1702022636449-png.400348




Како што можеш да забележиш, нема возила во средната лента. Значи, покажи ми со видео каде моторот од позади иде меѓу возила? Немаш нели? Не знам зошто упорно ставаш видеа од мотори кои се движат меѓу ленти. Таквите не ги оправдувам. Тоа не е случајот погоре. Не знам дали разбираш, Поршето му влезе во неговата лента. Споредуваш банани и јаболки со примериве од другите видеа.
Која бе „негова лента“. Па моторот јeбeно вози по самата линија. Што има да не „забележам“... Ене ти скриншот.




Патем, како ке се осигураш дека не идат мотори зад тебе? Во сред бел ден, нема да вртиш како ке ти текне во секунда, и најбитното, КЕ ГЛЕДАШ неколку секунди дали некој иде од позади или не. Толку е едноставно.
Aха. Јасно ми е дека или се инаетиш, или буквално никогаш не си возел во скопските гужви... Кога ти треба да смениш лента, и наеднаш ти се отвара простор и шанса да смениш лента, не било доволно што следната кола позади е далеку... Не, ти прво ќе си гледал неколку секунди дали имало мотори камикази меѓу возилата.

Ај вака да се договориме. Нема поента повеќе ништо повеќе да покажувам од она што веќе е покажано.
Тука јас сега ќе престанам, а ти после мене постирај нешто што може нема да има врска со живот, ама тебе ќе те направи да се осеќаш паметно и твоето да биде последно. :unsure:
 
Мајко мила, веќе не знам дали тролаш или не разбираш обично прашање. За да се движиш МЕЃУ возила, мора да има возило лево и десно од моторот. Каде се возилата од лева страна? Гледај по ударот на првиот мотор, колку време не се појавува кола во средната лента. Разбираш сега? Моторот вози во лента во која нема возила до него од лева страна.
 
Не очекував вакво нешто, како се залепија, со шпакла ќе ги одлепуваат сега.
 
Купче. Долниот не сум сигурен дека носеше кацига, горниот носеше ама изгледа не беше врзана и му летна од глава. И не ми е јасно како од двајцата немаше никаков обид за кочење или избегнување на очигледен судар... Ниту па имаше обид да успорат додека поминуваат покрај автомобил за кој не може да се сигурни дека ги гледа.

Леминзи.
 
Road rage... Има манијаци koи само чекаат да се најдат навредни за нешто и да прават глупости.

 
^^ Уште една ситуација каде не може да се очекува од тој што се престројува со кола, да биде 100% секогаш свесен за самоубиците отпозади. :unsure:
 
И двајцата се криви. Овој трка на средина, додека овој што се престројува ни даде жмигавец, ни пак имаше чиста лента за постројување. И да не беше моторџијата беш кочење на тој паралелно овој немаше ни да се престрои.
 
Двајцата се криви за што? Автомобилистот за бутање пред другата кола. Самоубицата за самоубиство (или обид, не го знаеме исходот).
Ни јас не ги сакам таквите што се бутаат пред мене во лева лента наместо да почекаат, но за сударот е крив моторџијата додека овој другиот може е крив за други работи ама не и за сударот... Сва среќа за поволниот тајминг на аутото во спротивната насока.

Ова само покажува зошто онакво протињање низ аута треба да биде строго казнувано. ОК, освен ако сообраќајот не е застанат ама и тогаш само со ниска брзина. Плус што кога ќе почне движењето на колоната ако моторџијата не е на безбедно?
 
Моторџијата си е крив секако ама и овој што се престројува си е крив, не пушти ни жмигавец ни ништо. Ова не е буткање пред тебе во лева лента, буквално секако ја удира колата во левата лента освен ако таа сива кола не закочи убаво.
Еве ти кога почнува да се престројува. Вака единствено при застој на десната лента. Дури и намерно делуваше дека се престројува. И не, не е ова оправдување за тоа што прави моторџијата. Нека се протнува на семафори и при чекање, вака во движење и глумење фраер ова е исходот.
1702666118475.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom