Се крие ли антички мегалополис во Струшко?

  • Креатор на темата Креатор на темата G e G o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Возраст
41
Локација
кај дримон
Веб-сајт
www.facebook.com

Клучни информации за постоењето на антички мегалополис, чија локација сѐ уште не е прецизирана, се очекуваат од интензивираните истражувања што ги спроведува струшкиот музеј „Д-р Никола Незлобински“ на локалитетот Црквени ливади во селото Враништа


transparent.gif

Позначајни наоди што укажуваат дека на овој локалитет може да лежи големо археолошко богатство се откриени во текот на 1970-тите години, во текот на регулирањето на реката Црн Дрим. Според директорот на музејот Сашо Цветкоски, првичните наоди ги оправдале очекувањата на експертите.

- Се претпоставуваше дека се работи за наколно живеалиште од типот на тоа што го имаме на устието на Дрим или Врбник. Се гледа дека тоа е голема и долга стратиграфија, која зафаќа континуитет на живот повеќе од еден милениум и таа наколна населба трае до доцната антика - објаснува Цветкоски.

Според првичните истражувања на музејот „Д-р Никола Незлобински“, на овој локалитет се наоѓа и базиликален објект од големо значење, поради што изминативе две седмици работата на археолозите се одвива со засилено темпо.

- Археолозите работат на локалитетот Црковни ливади, каде што се отворија нови сонди и се прошири целиот локалитет - додава Цветкоски.

Проектот „Црковни ливади“ во Враништа се реализира со поддршка од Министерството за култура.

Автор: А.Р.


Извор
 
Сликни ако ојш :)
 
Не знам зошто, но се си имам некое претчувство дека овој град уште неоткопан некој ќе си го прогласи за нов врв во веригата илирско-дардански бастиони на илјадалетното албанско присуство на тие простори, потврдувајќи ја уште еднаш правичната територијална поделба.
 
Од Музејот „д-р Никола Незлобински“најавуваат дека ќе продолжат истражувањата и на другите археолошки локалитети, а исто така установата ќе се фокусира и на етнолошките истражувања во Дримкол и Малесија.

Да не го бараат и Закамен во Малесија?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom