Со воз на пивофест.

  • Креатор на темата Креатор на темата MarkoIvanov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 март 2010
Мислења
68
Поени од реакции
26
Здраво да ве прашам дали некој има некој идено со воз на пивофест и како е. Јас бидејќи никад не иам идено со воз мислев дека купуваш карта и имаш седишта ама ми кажаа поинаку. Така да ако знаете колку гужва ќе има во возовите и како ќе е нека пише некој. Бидејќи не планирам да стојам од Скопје до Прилеп.
 
Ќе стоиш, воз не ти гарантира седиште како автобус.
 
Иди со автобус, подобро е.
 
Не знам за од Скопје ама знам дека од Битола тие денови никој не плаќа карта и возот буквално е преполн и изледа вака:
_63445600_mathuratrainreuters.jpg
 
Од секогаш има вонредни возови и пак секогаш имало гужва. Од Прилеп сум и ги знам како стојат работите. Недај бозе да сте само на 1 ден , и вечерта да си одите. Ненормална гужва е, преку прозорци се качуваaт и урнебес е внатре баш како на сликата од Prime.
Секогаш е така :)
 
Имаше и лани вонредни па буквално беше како на онаа слика погоре :D гужва , фул до даска залепен си со фацата на прозор а кој победил у УФЦ борбата го дели купето со уште 20 души :D
 
Ја лани бев, стоев цел пат, не ми сметаше стоењето туку времето, беше прежешко за гужвата да не праиме муабет, којзнае како преживеавме арно џамот шо се отвараше иначе...
 
се надевам дека нема да бидам мнгоу ОФ, но еве гледам дека има луѓе што би иделе на една вечер, па ....... организирајте се со кола. ако не ги знаеш членовите, ЌЕ ги запознаеш. а ако ги знаеш (ко во случајот јас, се собравме 4-ца) ........ договор паѓа за кој ден и тераш работа. не знам колку е цена на воз, но ако се земе во предвид и можното стоење од 4часа, ..... верувам дека за до 10 евра (во зависност од колата) по човек нема да биде скапо, нели?
 
Не знам за од Скопје ама знам дека од Битола тие денови никој не плаќа карта и возот буквално е преполн и изледа вака:
_63445600_mathuratrainreuters.jpg

Влегов во темава за да ја ставам истава слика :pos:
Исто е и од овде :icon_mrgr:
 
Совет за најдобар бизнис, Знаеејќи ја брзината и точноста на нашите возови.
Тој ден товари неколку вреќи пиво-лименки во возот па и да не стаса на време кај
што тргнал бар да се доловоли атмосферата и направи воз-фест со пиво во рака.
 
Абе ај гужвата некако ќе ја истрпиш, ама тетките со кесите сирење ај истрпиги на таа жештина.

Секогаш било фул на пивофест, ако не сакаш гужва, дојди еден ден порано, и спиј кај некој познаник за да ги избегнеш гужвите.
 
е кај кој познаник ќе спијам во прилеп жити се? освен тебе никој друг прилепчанец не познавам........... :D
и од кај би се нашле тетки со сирење во воз? :unsure:
 
е кај кој познаник ќе спијам во прилеп жити се? освен тебе никој друг прилепчанец не познавам........... :D
и од кај би се нашле тетки со сирење во воз? :unsure:

Епа има и други од прилеп.
Инаку ја секогаш кога патувам со воз има тетки со сирење.
Од кај се нашле? Од по селана, оти го користат бесплатниот превоз.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom