Македонија добива банкноти од 200 и 2000 денари

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.722
Поени од реакции
14.789
Народна банка распиша конкурс за идејно и ликовно -графичко решение за изгледот на книжните апоени од 200 и 2000 денари.

Според конкурсот кој е објавен на веб страницата на Централната банка идеите „треба да претставуваат современ и оригинален ликовно-графички израз којшто ќе содржи знаци или симболи на државноста на Република Македонија и во себе да вклучуваат елементи од историското, културното, уметничкото и/или природното богатство на Република Македонија, одразувајќи ги на автентичен начин белезите на минатите или сегашните техничко-технолошки, научни, културни, архитектонски или уметнички достигнувања и придобивки коишто се автохтоно обележје на македонското демократско и мултикултурно општество. Ликовно-графичките решенија за двата апоена треба да се вклопат тематски и естетски во постоечкото издание на книжните пари во оптек во Република Македонија, образувајќи конститутивен елемент од една концептуално хомогена целина".
НБРМ нуди и награда за првите три најдбори идеи. за прворангираната идеја наградата изнесува 240 000 денари, за втората 200 000 денари и за третата 160 000 денари.
„Покрај наградите, ќе бидат доделени уште три откупни награди со поединечен износ од по 60 000 денари", објави НБРМ.

Новите пари ќе бидат пуштени во употреба за две години.

Извор: Kурир

 
Народна банка распиша конкурс за идејно и ликовно -графичко решение за изгледот на книжните апоени од 200 и 2000 денари.



Извор: Kурир


So Adem jashari i Hasan Pristina kako omot na banknotite :):) :) ako ne e taka eve jas ... ovaa e bolna drzava
 
1016552_10200970687841943_1948904258_n.jpg


за некоја година со една банкнота плата ке ни исплаќаат.


Да те потсетам
 
А да ги вратат 50-те и 10-те само во хартиена форма?(да не ги мешаме во поголема количина, место 10-ки 50-ки, па куршлус).Секако беа тргнати поради намалување на трошоци за печатење.Ова сега не е печатење?

Убедливо најмногу банкноти ќе имаме - 10, 50, 100, 200, 500, 1000, 2000, 5000.Плус монети од 1, 2, 5, 10, 50.Уште дените нека ги вратат сега и менување каси во секој маркет, бутик и то.
 
Супер!(y)

Ма да,од овие во 100 чекори очекувам Тодор Александров да го "наградат" за лојалноста кон бугарите на двестотката.:icon_mrgr:
 
Осеќам ќе стане работава каша-попара.
 
Ништо не е случајно или привилегија за мк народ , се ова овде што се прави е со намера перење на пари или задоволување на потребите и желбите на рамковците
 
за ваши пари спремни се на СЕ’
кој сфати- сфати;)
 
А добро кој нас не прашува дали ни чини или не? Битно ќе има а дали ќе биде тоа океј за народот кој го врти народот. Факт дека нешто они си имаат зацртано и плус тоа ќе има нешто што ќе вадат пари преку тоа па така да.. тоа е тоа очекувајте ги за 2 год. :) И друга работа премногу бакноти имаме ... Во другине држави почнаа да плаќаат за скоро се со платежна картичка кај нас сеуште се употребуваат на големо парите ...
 
1016552_10200970687841943_1948904258_n.jpg





Да те потсетам
Оваа вистинска е или печатена на принтер па отпосле направена да изгледа како да е стара пара? Многу портокалова ми е некако :). Оригиналот ако добро памтам беше по-бел.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom