Editors

  • Креатор на темата Креатор на темата Andrew
  • Време на започнување Време на започнување

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Editors се британски рок/алтернатив рок/пост панк бенд, а ги спомнуваат и како инди рок. Во Бирмингем, Англија, бендот бил основан од Thom Smith воедно и главниот вокал на бендот, покрај тоа и гитарист. Russel Leetch на бас гитара и Chris Urbanowicz на гитара беа останатите членови на бендот кои се запознале додека учеле во Staffordshire University во 2003 година кога и бендот официјално е формиран. После напуштањето на бендот од страна на Chris Urbanowicz минатата година, Justin Lockey и Elliott Williams му се придружуваат на бендот најмногу заради живите свирки но и имаат учество во снимањето на нивниот четврти албум.

editors-11-630x419.jpg


Првичното име на бендот бил (The) Pride, потоа биле познати како Snowfield но без продукциска куќа. Со ова име остануваат се до септември 2004 година кога потпишуваат за Kitchenware Records.
Нивниот дебитантски сингл, излегува на 24 јануари 2005 и набрзо станува стекнува популарност поддржан од локалните и некои познати радија како BBC 6 Music.
The+Back+Room+cover.jpg


Додека нивниот прв албум, The Back Room бил пуштен на 25 јули истата година и заработува огромни импресии и воодушевувања. Бендот истата година прави турнеја комбинирајќи се со уште еден бенд, We Are Scientists.

На крајот на истата таа 2005 тие доживејаа огромен успех и со синглот Munich кој го претставија со поддршка од Franz Ferdinand’s Arena, а истиот официјално излезе 2006 година кога ги искачи на топ 10 листите во Британија.


Јуни, 2007 година, излегува и нивниот втор албум, An End Has A Start во кој спадна и познатата
Smokers Outside the Hospital Doors. Првенчето од овој албум излезе на 18ти јуни истата година во Британија а 8 денови подоцна и во САД. Песната со име исто како и албумот беше пуштена во јавност
на 3ти септември и албумот се прослави и доживеја успех искачивајки се на прво место во Британија.



‘In This Light and on This Evening’, нивниот трет студиски албум, беше пуштен 12ти октомври 2009 година. Во овој албум се осеќаше нагла промена на нивниот стил. Том изјави дека тоа се должи на експериментирањето на бендот и напорот да се направи нешто ново. Прв сингл од овој албум беше Papillon, проследен од You Don’t Know Love. И овој албум инспириран од градот Лондон доби големи признанија и оствари огромен успех.



Четвртиот албум, снимен со новата постава на Editors, The Weight of Your Love офицјално излезе овој овој месец под водство на можеби нивната најпозната нумера A Ton of Love, која излезе во мај оваа година.


Знам дека на форумов има слушатели на ваквата музика, и на овој бенд па би сакал да се развие достојна дискусија. Бендов го претставив малце шаблонски па се надевам со коментарите ќе го разбиеме тоа. :)
 
Мене вториот албум ми е најдобар досега. Овој четвртиот сеуште не сум го преслушал.

Едиторс имаа и концерт во Скопје, јас тогаш не бев Македонија, ако некој беше на концертот нека сподели импресии...

 
Звучат добро и во живо
 
Jaс сакав да одам на концертот во Kолосеум, картата преефтина беше, но идиотот со гимназиски мозок правеше тест по математика наредниот ден............Сега да се вратам со овој ум, еден КЕЦ со налив в дневник трампам за концертот.
Околу омилен албум, малку дилема ми беше еден период дали првиот или вториот, но чинам дека првиов малку повеќе мерак ми прави, веројатно поради импресиите кога за прв пат имав контакт со бендов. Омилена песна Munich која ја постирал ЕндрУ.
Последниот албум е добар, малку има помек алтернативен звук но со неколку преслушувања ми легна. Поразличен е но горе долу добро склопен.
И да си кажиш момче од кај го заслуша бендот :P
Воедно со Интерпол(баткава од мој потпис) ми се едни од подобрите бендови кои изникнале од поновата сцена. Можеби зборот понова и да не е соодветен бидејќи има повеќе од 10 години изминати, но нека остани така.
Инаку.......
 
Сум забораил да те кажам.:D
Да официјално баце turvi е кривецот што ги заслушав овие и не му се лутам. :)
 
Ваа е исто добра ногу

 
Една од поомилените :)
 
Еден од најубајте бендови за возење со кола

 
како ане у нин, ја тука :noze:
ајде дечки, gota love these guys
 
Ja нема во албумите иако е страшно добра песна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom